Вчера претпладне, околу 10:30 часот, на Градскиот пазар во Велес, полициски службеници од СВР Велес привеле 70-годишна жена од Велес поради сомнение за кражба.
Како што информираат од полицијата, станува збор за С.Ш., која била пријавена од 57-годишната В.Ѓ., исто така од Велес. Според пријавата, осомничената ја оттурнала жената и ѝ го одзела паричникот во кој имало 25.350 денари и лични документи.
„На Градскиот пазар во Велес, С.Ш. ја оттурнала и ѝ го одземала паричникот во кој В.Ѓ. имала 25 350 денари и лични документи. Кај С.Ш. биле пронајдени предметите и вратени на сопственичката. Известен бил јавен обвинител,“ соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Секторот за внатрешни работи Велес.
Од СВР Велес информираат дека жената е приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.










