На 05.05.2025 во 22.25 часот во СВР Тетово, Б.А.(51) од с.Боговиње, тетовско, пријавил дека настанал пожар во неговата куќа во с.Боговиње. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а при обид да интервенира во гаснење на пожарот сопственикот паднал и се здобил со телесни повреди, констатиран во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.









