Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ГОЛЕМ СКОК КАЈ СТРУЈАТА ДОБИЕНА ОД СОНЦЕ – инвестициите во централи не стивнуваат, ќе мора да инсталираат и батерии за складирање

by
2025/05/09 08:14:23
in Uncategorized

Кризата во 2022 година и растот на цените за електрична енергија поттикнаа голем бум на полето на инвестиции во капацитети за добивање струја од обновливи извори. Трендот на инвестирање во изградба на електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија кој започна со енергетската криза во 2022 година, продолжи и во 2023 годинаи во 2024 година. 

– Во 2022 година се изградија 272 нови електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија со инсталирана моќност од 151 MW– мегавати. Во 2023 година се изградени скоро двојно повеќе, односно изградени и пуштени во употреба се 531 нови електроцентрали со инсталирана моќност од 365 MW– мегавати. Додека во 2024 година изградени се и пуштени во употреба 349 нови електроцентрали со инсталирана моќност од 351,3 MW – се посочува во извештајот на Регулаторната комисија за енергетика. 

OВкупниот број на електроцентрали од обновливи извори заклучно со 2024 година изнесува 1.494 со вкупна инсталирана моќност од 1.663 MW(мегавати), што претставува скоро 56 отсто од вкупната инсталирана моќност на територијата на државата.

– Како и изминатите две години така и во 2024 година, најголем дел од новоизградените електроцентрали се фотонапонски односно 345 со вкупна инсталирана моќност од 341,5 MW, потоа следат малите хидроелектроцентрали со инсталирана моќност од 0,23 MW, една термоелектроцентрала на биогас со инсталирана моќност од 2 MW и една ветерна електроцентрала со инсталирана моќност од 9,6 MW – се посочува во нивниот годишен извештај. 

Од регулаторната комисија потенцираат дека инвестирањето во производни капацитети кои користат обновливи извори на енергија овозможи значителна промена во структурата на домашното производство. 

– Во последните четири години, 2021, 2022, 2023 и 2024 година се изградени вкупно 1.201 нова електроцентрала. За споредба, заклучно со 2020 година вкупниот број на електроцентрали изнесувал 303, од кои 295 се обновливи извори на енергија, а останатите осум се термоелектроцентрали и когенеративни постројки. Учеството на термоелектроцентралите во вкупниот инсталиран капацитет од 49 отсто во 2020 година се намали на 34,65 проценти во 2024 година, што е резултат на големиот број на нови електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија. Учеството на обновливи извори во вкупниот инсталиран капацитет во 2020 година изнесува 37отсто, додека во 2024 година изнесува 55,72 проценти – се потенцира во извештајот.

Притоа се посочува дека зголемениот инсталиран капацитет од обновливи извори на енергија придонесе за зголемено производството на електрична енергија. Бројот на електроцентрали од обновливи извори е зголемен за 30 отсто во 2024 во однос на 2023 година, нивниот инсталиран капацитет е зголемен за речиси 27 проценти, додека производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија е зголемено за 16 отсто. 

–Во 2023 година се произведени 298 GWh – гигаватчаса електрична енергија, додека во 2024 година производството од овој тип на електроцентрали изнесува 853 GWh – гигаватчаса, што претставува пораст од 186 проценти – се потенцира во извештајот. 

Министерката за енергетика, Соња Божиновска, деновиве пак посочи дека зголемениот интерес и растот на добиената енергија од обновливи извори не е причина да се намали интересот за инвестиции во базна енергија, но воедно и потенцираше дека во иднина ќе мора да се инвестира и во батерии за складирање на енергија. 

– Обновливата енергија е одлична, но ја има само кога има сонце или ветер. Нам ни треба базна енергија и во зима и навечер. Затоа со новиот Закон за обновливи извори ќе воведеме обврска сите нови објекти да имаат минимум 20 отсто капацитет во батерии. Тоа е системски пристап, не само инвестиции без план – потенцираше Божиновска и дополни дека со новите политики и пристапи, Министерството за енергетика планира да создаде одржлив, стабилен и пред сè државен енергетски систем што ќе биде темел за економски развој и сигурност во следните децении.

Next Post

Вреди ќе ги преземе испразнетите фотелји на Алијансата

Уапсен велешанец: Управувал со возилото под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни несреќи

Уапсен велешанец: Управувал со возилото под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни несреќи

Препорачани Вести

ВЛЕН започнува проект за современ подземен паркинг кај Плоштадот „Скендербег“

4 months ago

Пентагон: Нападнати сме со балистички ракети

6 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.