Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

by
2025/05/10 15:16:28
in Uncategorized

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на телевизијата Хајп, бил претепан пред хотелот Шератон во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.

Според нивните изјави, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот од хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Телеграф објави снимка на која се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоар, веднаш по тепачката. Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.

Од загрепската полиција потврдија дека дека пред хотел на улицата „Кнежа Борне“ дошло до конфликт меѓу две лица и дека еден од нив бил пренесен во болница. Во тек е кривична истрага и се утврдуваат сите околности на инцидентот“, соопшти полициската управа во Загреб.

Мирковиќ потврди дека бил физички нападнат, а за нападот го обвини менаџерот на Светлана Ражнатовиќ Цеца, Велибор Поповиќ. Тој рече дека бил нападнат одзади и го окарактеризира потегот како „убиство во обид“.

„Добро сум, во Загреб сум затоа што вечерва Теа Таировиќ го има својот распродаден солистички концерт“, ја започнал Поповиќ својата страна од приказната за Телеграф.

„Ќе ви кажам точно како се случи. Стоев пред хотел во Загреб кога пред влезот застана црн џип со загрепски регистерски таблички. Не обрнав внимание додека Саша Мирковиќ не излезе од возилото. Потоа веднаш тргна кон мене и почна да ги навредува моите деца. Потоа изби тепачка, но тој беше првиот што го нападна. 

Менаџерот додаде дека освен физичкиот конфликт ништо друго не се случило и нагласи дека најважна му е честа и угледот, како и заштитата на семејството и пријателите.

Цврсто стојам зад се што кажав, никогаш не бегав од одговорност и не бегам сега“, заклучил Поповиќ за Телеграф.

Велибор Поповиќ е познат како менаџер на популарни пејачи, Тее Таировиќ, Анѓеле Игњатовиќ Бресквице, Стоја Новаковиќ, Едита Арадиновиќ, МЦ Стојана, Зорана Миќановиќ и многу други.

Next Post

ИЗГОРЕ ПОЗНАТ БУТИК ВО ЛЕПТОКАРИЈА Нема повредени

Европската слободна алијанса бара Бугарија и Албанија ги почитуваат правата на Македонците

Препорачани Вести

ИНТЕРВЈУ за Булевар – Тони Тоневски: „Со над 160 проекти ќе го вратиме сјајот на Пробиштип“

3 months ago

Николоски: Ѓорѓиевски ќе го освои Скопје, Меџити победува во Чаир

3 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.