Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Епохални сознанија“ на „историчарот“ Ахмети: Албанецот Ѓерѓ Дибрани ја основа Охридската архиепископија?! Овде сме илирски староседелци!

by
2025/05/11 18:24:04
in Uncategorized
„Епохални сознанија“ на „историчарот“ Ахмети: Албанецот Ѓерѓ Дибрани ја основа Охридската архиепископија?! Овде сме илирски староседелци!

„Ако сакате да владеете со Албанците, отстранете ја нивната илирска историја и илирска гордост. Тие треба да знаат дека ние сме придонесувачи кон културата на Балканот, кон културата на Европа и кон културата на светот. Од древниот Константин е наш, тој е дел од нашето албанско потекло, нашата албанска ДНК, наш е и Јустинијан Први, наш, Албанец е и Ѓерѓ Дибрани, основачот на Охридската архиепископија. Не може да се негира дека ние, Албанците, сме придонеле за европската култура, бидејќи тогаш бевме космополити и сме придонеле за целото човештво. Нека разберат дека Албанците се автохтони староседелци тука, тие не се странци во туѓ дом.“ – овие несфатливи бесмислици и целосни фалсификати на историографските и археолошките факти за Македонија и Балканот ги имаше искажано лидерот на ДУИ Али Ахмети во својата реч на средбата со партиските членови и симпатизери во Струга, која ја објави во интегрална верзија весникот на албански јазик „Коха“. Но, поправо длабока политичка заднина и пресметаност имаат овие тврдења на Ахмети дека „Албанците имаат антички корени на овие простори“ и оти сета историја и сите клучни личности од средновековието во Македонија и Балканот се Албанци. Нималку случајно е тоа што во реториката на лидерот на ДУИ се што е македонско на оваа територија и не е македонско, туку е албанско. Јасно е согледливо дека, според Али Ахмети, во минатото не постоеле Македонци. Во говор пред поддржувачите од Струга тој кажа дека, практично, се што било во Балканот од средниот век – било дел од албанската историја.

Во Струга Ахмети ги изнесе и следниве тврдења: „Албанскиот јазик е најстариот јазик на целиот свет. Тоа не е јазик, што го зборуваат луѓе, кои се овде прибрани од некоја друга земја. Но, заедно со сонцето остаре и албанскиот јазик. Албанците имаат тука свои гробишта стари илјадници години. Имаат своја култура, своја традиција. Албанците изградија неоспорен идентитет, кој е прифатен од целиот свет. Затоа, ова не е лекција, за да се доведат во судир двете заедници, кои имаат најголема политичка и историска одговорност за оваа земја.“

„Оваа држава може да преживее само во целосна хармонија на двете заедници, македонската и албанската. Без хармонија меѓу нив оваа држава не може да има иднина и постоење. Ова не закана, туку совет, за оние кои не знаат како да градат одржливи и напредни политики, што одат напред.“ – дополни лидерот на ДУИ со забележлива интонација на закана.

МАНУ уште во 1999 година ги поби со научни факти лагите дека „голем дел на Македонија е илиро-албански“!

Уште на 13 мај 1999 година Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите во своето „Обраќање по повод ‘Платформата за решавање на албанското национaлно прашање’ на Академијата на науките на Албанија“ ќе истакне дека македонските Словени се основен етнички чинител во Македонија, а постоење Илири по текот на Вардар до денес не е утврдено ни од археолошката ни од другите сродни научни дисциплини.

„Погледите, изнесени во Платформата на Академијата на науки на Албанија, се јасно искажана посесивност над македонскиот простор. Прогласувањето на повеќе од половината на македонската територија за милениумски етнички албански простор не може да го разбере ниту еден истражувач на минатото на Балканот, што ја проучува етногенезата на кој и да било народ. Каква е историската вистина? Основната старобалканска популација на Македонија сигурно ја претставуваат Пајонците во нивниот допир со Античките Македонци, со јасно искажана државност и културни особености, кои покажуваат дека тие не се ниту Илири, ниту Тракијци.“ – аргументираше МАНУ.

Македонската академија на науките и уметностите во тоа свое „Обраќање…“ беше категорична дека во етнокултурната и демографската историја на овој дел од Балканот Албанците како посебен етнос се регистрирани во историјата многу подоцна под албанско име.

„Во науката постои спор и нагласена поделеност за илирската основа на Албанците и за нивниот континуитет со илирскиот етникум. Словенски топоними во Балканот се документирани кај грчки и римски автори (Прокопиј, Јордан и др.) во шестиот век, а првиот познат податок за Албанци во византиски и јужнословенски извори е дури од 11 век, околу 600–700 години по последното спомнување илирски племиња. Првата писменост на албански јазик се појавува одвај во 15 век.“ – има нагласено МАНУ тогаш.

Извор: expres.mk

Next Post
Изјавата на Марин Ле Пен го потресе светот: Макрон се подготвува за војна?

Изјавата на Марин Ле Пен го потресе светот: Макрон се подготвува за војна?

Зеленски му одговори на Путин: “Те очекувам во Турција, лично!”

Зеленски му одговори на Путин: "Те очекувам во Турција, лично!"

Препорачани Вести

Турскиот генерал Ердоѓан Ознал со факти за Македонија и Македонците

1 month ago

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје: Повредена жена од Куманово

5 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.