Медицинските сестри се на првата линија на здравствената грижа, но нивната професија е во сериозна криза. Недостиг на кадар, ниски примања, преоптовареност и лоши услови за работа, ова се главните предизвици со кои се соочуваат милиони сестри ширум светот. Според последните податоци на Светската здравствена организација, глобално недостасуваат околу 6 милиони медицински сестри, а бројот може да достигне 9 милиони до 2030 година ако трендот продолжи. Најпогодени се земјите со ниски и средни приходи, но и многу развиени држави како Велика Британија, Германија и САД се борат со сè посериозен недостиг поради замор, ниски плати, лоши услови за работа и миграција на кадарот кон подобро платени пазари.
Оваа година, пораката за Меѓународниот ден на медицинските сестри е јасна: „Нашите сестри. Нашата иднина. Грижата за сестрите ги зајакнува економиите.“ Темата го става акцентот на тоа дека без здрави, ценети и добро поддржани медицински сестри, нема квалитетна здравствена заштита ниту одржливи економии. Истовремено, Меѓународниот ден на сестринството 2025 година ја става во фокус и економската и општествена вредност на нивната работа, повикувајќи на итни мерки за подобрување на условите во кои тие работат. Светските здравствени системи се под зголемен притисок, а сестрите, како клучен дел од тимот, бараат итни промени: подобри услови за работа, поголема плата и заштита од емоционалниот и физичкиот товар што секојдневно го носат.
Пензионираната медицинска сестра Цветанка В., специјалист сестра инструментарка, во изјава за Фактор, со носталгија се сеќава на времињата кога професијата била ценета, а условите во поранешна Југославија многу солидни.
„Во тие години, особено во златниот период на Југославија, имавме навистина одлични услови за работа. Болниците беа опремени, работевме со љубов и професионалност“, вели Цветанка.
Но, кога ѝ се укажала можноста да замине во Либија, решила да ја прифати шансата за уште подобри услови и плата.
„Работев прво во Триполи, па во Бенгази во доцните 70-ти. Болниците беа нови, имаше медицински материјали во изобилие, а пациентите добиваа нега во секое време. Немаше преоптовареност, секој си ја знаеше работата.“
Вели дека како сестра инструментарка била високо ценета и барана во салите.
„Секој хирург сакаше јас да сум со него. Уште пред да каже кој инструмент му треба, јас веќе го подавав. Затоа сите ме бараа, знаеја дека со мене сè ќе тече како што треба“, раскажува Цветанка.
Заработувала неколку илјади долари уште во тие години, „пари што тогаш, како што вели биле огромни. По Либија, кариерата ја продолжила во главната болница во Јоханесбург, Јужна Африка, каде останала до пензионирањето и каде што и денес живее.
„Професијата ме однесе низ светот, а секогаш бев горда што сум медицинска сестра“, додава таа.
Од другата страна е младата Верица, 34-годишна медицинска сестра која веќе седум години работи во Германија. Таа го напуштила македонското здравство во 2018 година, крајно незадоволна од условите.
„По средното школо веднаш се вработив во скопските клиники, но само со договор на дело. Тоа траеше со години, а платата беше мизерна, земав 200 евра плата. Не можев да издржам повеќе, ама тие години ми беа школа, девет години учев, стекнав искуство“, раскажува Верица.
Рано утрово, во 02:23 часот, апликацијата за сеизмичка активност регистрираше слаб земјотрес што го почувствува западниот дел на земјата.
Според првичните податоци, земјотресот бил со јачина од 2,0 степени по Рихтеровата скала, што укажува на многу слаб интензитет. Хипоцентарот бил релативно длабоко, на 15 километри под површината.
Епицентарот е прецизно лоциран во регионот помеѓу Кичево и селата кои гравитираат кон Мавровскиот предел. Географските координати се 41.394°N и 20.872°E, а од референтната точка настанот се случил на околу 80 километри оддалеченост.
Најважната вест е што засега нема никакви информации за предизвикани материјални штети или други последици по населението.
Безбеден град: ЌЕ ИМА ВОЗИЛА ЗА ЧИИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ НЕМА ДА ИМА КАЗНИ
Системот „Безбеден град“ кој е во тест фаза пред да стартува на 1 јануари или еден месец подоцна, во моментов не ја дава можноста да се внесуваат броеви од регистарски таблици кои би биле изземени од генерирање на прекршочни казни.
Секое возило кое ќе биде снимено дека ги прекршува законите и сообраќајните правила ќе добие соодветно известување за казна. Но, ова ќе се промени во иднина кога регистарските таблици на возилата со првенство на минување, како што се брза помош, пожарна и полициски возила ќе бидат внесени во системот и за нив нема да се процесираат казни. Во системот ќе има докази дека ги возилата со тие регистарски таблици ги прекршиле сообраќајните правила.
„Во иднина, согласно позитивните законски прописи, односно од одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот и на патиштата, возилата со првенство на минување ќе се евидентираат во системот и за истите записите нема да се бришат. Тие ќе се чуваат во лог менаџмент“, вели Маја Арсовска Манов.
Но, ова го отвора прашањето од можни злоупотреби на оваа опција. Односно, вработени кои имаат пристап до системот, по нечија наредба или самоволно, да внесуваат регистарски таблици кои не се на возила со првенство на минување, односно на политичари, на влијателни лица, но и на свои пријатели и другари. Од МВР ветуваат дека ќе има контролни механизми.
„Тоа се реформите кои во моментов се на сила, на кои се работи на нив. Меѓутоа, сепак Министерот за внатрешни работи ќе одлучи кои и во каков вид ќе се врши контролата. А контрола, секако дека ќе има. “, вели Маја Арсовска Манов.
Инаку, една од најголемите реакции на социјалните мрежи околу системот „Безбеден град“ е непостоењето на сообраќајна инфраструктура, пред се таканаречен „Зелен бран“. Тоа значи семафорите да се координираат така што зеленото светло се активира последователно, создавајќи „бран“ од зелени сигнали за возилата кои се движат со препорачана брзина, често од 40 до 50 километри на час во урбани услови. Ова го намалува метежот, штеди гориво и го подобрува протокот на главните сообраќајници.
Од Град Скопје, во чија надлежност е воспоставувањето на ваквиот систем, за ТВ21 велат дека.
„Во Сообраќајниот центар при улици и патишта во моментов се работи на решение за повторно воведување на таканаречениот „Зелен бран“ во Скопје, кој ќе ги опфати најфреквентните улици во главниот град. Се очекува наскоро решение“ Во Скопје оваа опција со „Зелен бран“ постоеше пред десетина години, по што престана да функционира.
Граничниот премин Евзони повторно прооден – заврши блокадата, сообраќајот нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) попладнево беше целосно одблокиран — од 15:00 часот движењето кон и од Грција се одвива непречено, информираат од Авто‑мото сојуз на Македонија (АМСМ).
Преходно, преминот беше блокиран од утринските часови, поради штрајк на грчки земјоделци, што предизвика привремено запрени граѓански и товарни возила.
Од АМСМ велат дека иако состојбата е нормализирана, останува можност граничниот премин повторно да биде затворен ако протестите продолжат.
За оние кои патуваат кон или од Грција — Евзони сега е прооден, но се препорачува да го следат сообраќајниот претпазливост и известувањата.
Товарниот сообраќај и автобусите сѐ уште треба да проверат дали ќе има дополнителни ограничувања во одредени премини.