Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Инцидент меѓу Апасиев и Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ, реагирало собраниското обезбедување

by
2025/05/15 11:47:23
in Uncategorized

Инцидент во ходниците од Собранието меѓу лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристевски. Според очевидци, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ му замерил на претседателот на Левица дека му ги објавуваат патните трошоци и почнал со навреди на лична основа, на што бурно реагирал пратеникот од Левица.

Во навредите, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ги споменал сопругата и децата на Апасиев. Според изворот на „Локално“, реагирало и собраниското обезбедување.

Нашата редакција побара реакција од портпаролот на Левица и пратеник, Амар Мециновиќ за потврда на инцидентот, но до моментот на објавување на текстот не добивме конкретен став.

На инцидентот му претходеше јавното излегување на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев кој од собраниската говорница побара службите на Собранието и Генералниот секретар да ги објават информациите кој пратеник колку патни трошоци и кирии наплатил.

-На барањето не е одговорено повеќе од три месеци. Пратеничката Мојсоска поднесе барање и како граѓанин, по закон за пристап до информации од јавен карактер. Го испрати како граѓанин затоа што како пратеник не ѝ одговараат. И по него, ѝ се одговори, но половично. Деградација на пратеничка функција е службите и Генералниот секретар да не ги третираат пратениците како пратеници туку да имаат третман за комуникација со граѓанин кој административно е надвор од Собранието. Таквиот третман не е достоинствен, кажа Јанчев.

Пратеникот на Левица информира и дека на секоја наредна седница ќе бараат еден час пауза во работата на Собранието се додека не се одговори на првичното барање.

Уште во текот на февруари годинава, од Левица обвинија дека пратеникот Ристески во Собранието, употребувал пцовки и навреди за време на обраќањето на пратеникот Мециновиќ.

„Од кој јас барам Етички кодекс?! Јас барам интерпретација за Етички кодекс – тој ми вика ‘ѓубре’. Значи ова се генијалци! Работата е, пратениците мнозинството, велат дека ние сме го прекршиле Етичкиот кодекс. Не сме ги консултирале за законот за патните трошоци за да им одговара. Од друга страна велат нема консензус со нас… И сега, од нивната фрустрација произлегува нивната потреба да нѐ пцујат по ходници.

Затоа, почитуван претседателе, сакам да дадеме мислење по однос на Етичкиот кодекс. Дали е правилно да не се консултираме при поднесување закони? И дали е правилно тие да нѐ пцујат по ходници заради таа наша неконструктивност?“, изјави Мециновиќ на 17-ти февруари.

Next Post

Лимани: Најмалку четири пратеници од Алијанса за Албанците остануваат во владејачкото мнозинство

Зеленски слета во Анкара: Руските преговарачи се чини дека се статисти

Препорачани Вести

Путин има нов план? Протече загрижувачко видео, направил драстична промена, Европа во страв

Путин има нов план? Протече загрижувачко видео, направил драстична промена, Европа во страв

9 months ago
Силен земјотрес ја погоди Грција – Страв од можни нови потреси

Земјотрес ја тресе западна Турција

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.