Connect with us

Црна Хроника

Драма во Аеродром: Две жени се пресметале поради недоразбирање во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 14.35 часот во СВР Скопје, Д.Б.(45) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје поради претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

Црна Хроника

Пожар во строгиот центар на Неготино – куќа во пламен

Благодарение на навремената интервенција на Територијалната противпожарна единица, претпладнево е спречена катастрофа од поголеми размери во строгиот центар на Неготино. Иако една куќа е целосно уништена, пожарникарите успеале да го локализираат огнот и да го спречат неговото ширење низ густо населениот кварт.

Во гаснењето на стихијата учествувале 10 пожарникари со три противпожарни возила. Нивната примарна цел била да се заштитат соседните објекти кои биле во непосредна опасност. Како резултат на високата температура и пламените јазици, неколку околни куќи претрпеле делумни оштетувања, но нивното целосно опожарување било спречено.

Најважно е тоа што нема повредени или настрадани лица. Повозрасниот маж кој престојувал во куќата каде што избил пожарот, навреме бил извлечен на безбедно.

„Навремената интервенција спречи поголема трагедија“, изјави за МИА Столе Атанасов, командир на Територијалната противпожарна единица – Неготино.

Пожарот е целосно локализиран, а во тек е увид за утврдување на причините за неговото настанување, како и проценка на материјалната штета.

Continue Reading

Црна Хроника

Полицијата реагирала брзо: фатен дрвокрадец со возило без регистрација во Тетовско

На 15.12.2025 година во 14:30 часот полициски службеници од ПО Жеровјане во с.Челопек, кај место викано „Бриони” го лишиле од слобода Б.С.(31) од с.Челопек. Тој бил забележан како сече дрва, без да поседува соодветна дозвола. При тоа биле пронајдени и одземени дабови дрва и патничко моторно возило ,,мицубиши пајеро” без регистерски таблици. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Исчезна 30-годишен скопјанец

На 15.12.2025 во 01:50 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Т.(51) од с.Инџиково, скопско, пријави дека од домот се оддалечил неговиот син А.Т.(30).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг