Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ЗА ПРВ ПАТ ПОТВРДЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Како се пренесуваат, како да ги препознаете, како се лекуваат

by
2025/05/22 20:57:24
in Uncategorized

Институт за јавно здравје информира дека денеска за прв пат во нашата држава лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници.

Од ЈЗУ Институт за јавно здравје, информираат дека од клиниката за кожни болести им биле упатени два пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и воедно беше упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес.

-Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox – Мајмунскисипаници. Бидејки за прв пат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox – Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се превземаа соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др, се вели во соопштението.

Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информира пациентите за добиените резултати. Потоа следи епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје.

-Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, како би се добиле податоци кои би биле исклучително важни за понатамошно постапување. Анкетата е се уште во тек. Ќе биде препорачано на позитивните пациенти да се јават на Инфективна клиника, информираат од ИЈЗ.

Институтот за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата и информира дека во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално се превземаат сите потребни мерки.

-Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на последиците од ваквата појава и се превземаат сите превентивни мерки. Во текот на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста, посочувата од ИЈЗ.

Мајмунските сипаници – слични на вариола вера: Како се пренесуваат, како да ги препознаете, како се лекуваат

Сличен е со вариола вера, најчесто се пренесува преку близок физички контакт со заболено лице, а смртноста е мала. Тоа се карактеристиките што домашни лекари ги велат за вирусот на мајмунски сипаници што се појави во повеќе од десет европски држави во 2022 година.

„Најчесто прво се шири од животни кон човек. Така почнува. Со загризување, гребаница, исеченица, секрети од животни. Отприлика така се шири и од човек, на човек. Преку многу близок контакт на кожа со кожа, секрети во допир со повредена кожа. Може и по респираторен пат, но само во контакт со големи капки. Не преку аеросоли. Не можете да се заразите од мајмунски сипаници ако влезете во ресторан“, изјави во 2022 година микро биологот Никола Пановски за Воис оф Америка.

Дваесетина дена инфективна состојба

Вирусот првично бил откриен во педесеттите години од минатиот век во централна и во западна Африка. Но, неговото појавување на европско тло во 2022 година, го крена алармот.

„Се работи за болест којашто има една типична кожна промена, којашто првично е во форма на испакнатини. Но потоа се формираат мали меурчиња, кои потоа преминуваат во гнојаници, и на крај рани. Со заздравувањето на раните, практично поминува инфективниот период на оваа сипаница. Инкубациониот период е дваесетина дена“, објасни во 2022 година д-р Злате Мехмедовиќ.

Висока телесна температура, гнојни меурчиња

Во петнаесетина европски земји се регистрирани стотина случаи. Високата температура е еден од симптомите.

„Најчестите симптоми се главоболка, акутна појава на температура којашто е повисока од 38.5. Потоа, болки во мускулите, болки во грбот, отекување на лимфните јазли, како и споменатите промени на кожата“, додава Мехмедовиќ.

Вирусот се пренесува меѓу луѓето, но и од животните кон луѓето. Дали се пренесува и преку храната од животинско потекло.

„Не. Од храна може само теоретски. Ако се консумира месо од болно животно, без термички да се обработи. Тоа не се животни со кои се храниме. Но, теоретски, да“, укажува докторот Пановски.

Пренесување преку сексуален однос маж со маж

Како што истакнуваат лекарите, вирусот се јавува и при хомосексуален однос маж со маж.

„Најчесто, но не како исклучителен случај, детектирано е дека тоа се јавува меѓу мажите коишто имаат секс со други мажи. Би требало исто така да се внимава, кога ќе се комуницира со јавноста, да не се прави стигматизирање на овие, би рекол ранливи групи, коишто се изложени на вирусот“, порачува докторот Мехмедовиќ.

Вакцината против вариола вера како превенција

Според макро биологот Пановски, за заштита може да се користи и некогашната вакцина против вариола вера, од која, како што вели, вирусот на мајмунски сипаници е послаб.

„Вакцината заштитува. Но, нормално, нема логика населението да се вакцинира на толку ретка и несмртоносна болест. Туку, може, ако има случај на сигурен контакт, тогаш да се даде вакцина против вариола вера и човекот да не го добие или на добие полесна клиничка слика на вирусот“, укажува докторот Пановски.

За сите тие што би развиле симптоми на мајмунски сипаници или се сомневаат дека биле во контакт со заразено лице, советот е да се јават во здравствените оддели за инфективни заболувања.

Next Post
Дали Русија ќе го издржи најсилниот удар досега или ќе доживее целосен колапс? “Веќе постои паника во Москва”

Дали Русија ќе го издржи најсилниот удар досега или ќе доживее целосен колапс? "Веќе постои паника во Москва"

Дневен хороскоп за петок – 23 мај: Среќен петок за неколку хороскопски знаци, финансиска добивка за еден од нив

Дневен хороскоп за петок - 23 мај: Среќен петок за неколку хороскопски знаци, финансиска добивка за еден од нив

Препорачани Вести

Работник во Охрид загина по пад при изведување градежни работи

Работник во Охрид загина по пад при изведување градежни работи

8 months ago
Зеленски ги откри најголемите приоритети на Украина: Посебен фокус на една работа

Зеленски ги откри најголемите приоритети на Украина: Посебен фокус на една работа

5 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.