Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Вршителите на енергетски дејности од 29 мај до 30 јуни да поднесат барање за промена на лиценцата

by
2025/05/23 13:31:27
in Uncategorized

 Во рок од еден месец, од 29 мај до 30 јуни, вршителите на енергетски дејности треба да поднесат барање за промена на лиценцата до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Согласно новиот Закон за енергетика, ваква обврска имаат и носителите на лиценци за пробна работа.

Како што соопшти денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, промената на лиценцата е бесплатна, на носителите не им се наплаќа никаков надоместок.

Во моментов за енергетски дејности се издадени 8 800 лиценци, а за пробна работа околу 150. Со промената, во лиценците ќе се вметнат промените содржани во новиот Закон за енергетика.

– Ако носителите не ги достават барањата, нивните лиценци ќе престанат. Ние и од нашиот мониторинг систем на сите меил адреси што ни ги доставија ќе ги известиме носителите на лиценци и очекувам сите да си ги завршат овие обврски, потенцира Бислимовски. 

Тој информира и дека носителите на лиценци за пробна работа ќе може да ги продолжат лиценците исклучиво заради тестирање на техничките перформанси на енергетскиот објект и влијанието врз енергетскиот систем на кој објектот е приклучен. Одредбите од новиот Закон не предвидуваат привремена лиценца.

-РКЕ врши редовни контроли на сите лиценцирани компании кои имаат добиено лиценца од наша страна. Во минатото РКЕ ги менуваше лиценците по носење нов закон за енергетика по службена долќност, а сега со оглед дека има поголем број лиценци, сами доставуваат барања. Нема никакво затворање на ниту еден пазар, има и лиценци издадени на компании кои вршат соодветна енергетска дејност, а не биле активни на некои од пазарите на струја, природен гас, нафтени деривати,… Едноставно, ќе се направи прочистување на издадените лиценци во РКЕ, тие што се сериозни носители ќе си ги поднесат барањата, имајќи предвид дека се издадени доста лиценци во последниот период, ќе се прочистат тие што ја вршат соодветната дејност и се активни на сите пазари, сигурен сум дека тие ќе поднесат барање. Има некои што не се активни и за време на трaењето на лиценцата не известуваат дека таа сака да престане, објасни претседателот на РКЕ. 

Next Post

Клиниката за онкологија со апел!

Коњановски: Регионалниот центар за управување со отпад е единственото одржливо решение

Препорачани Вести

Костадиноски ги повикува дечињата на новогодишна бајка во Јегуновце

3 days ago
Подгответе се за сериозни врнежи но и студено време: Еве какво време ја очекува Македонија денес

Доколку имате заштеда во евра или злато, ова се најдобрите вести за вас

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.