Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Киев тврди: Русија изгубила речиси еден милион војници од почетокот на инвазијата

by Уредник
2025/05/26 10:42:18
in Uncategorized
Киев тврди: Русија изгубила речиси еден милион војници од почетокот на инвазијата

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти во понеделникот дека руските сили од почетокот на целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година претрпеле загуби од речиси еден милион војници. Според нивните податоци, само во последните 24 часа регистрирани се околу 1.000 нови жртви во руските редови.

Иако не е прецизирано дали бројките се однесуваат исклучиво на загинати или вклучуваат и ранети, исчезнати и заробени, проценките сугерираат дека станува збор за вкупни човечки загуби. Украина континуирано води евиденција за руските загуби, додека и Киев и Москва ретко објавуваат официјални и проверливи податоци, пренесува „Euronews“.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од почетокот на конфликтот загинале над 46.000 украински војници, а околу 380.000 се ранети. Многумина се водат како исчезнати или се наоѓаат во руски заробеништва.

Кон крајот на минатата година, заменикот министер за одбрана на Русија призна дека министерството примило над 48.000 барања за ДНК-тестирање од роднини на исчезнати војници.

Како резултат на големите човечки загуби, Москва започна со регрутација на странски платеници. Според украинските разузнавачки податоци, до крајот на 2024 година, кон руските сили се приклучиле околу 12.000 севернокорејски војници, а Украина заробила и најмалку 160 кинески државјани кои се бореле на страната на Русија. Пекинг тврди дека станува збор за доброволци, а не за припадници на кинеските вооружени сили.

Во меѓувреме, Русија се подготвува за нова летна офанзива. Борбите се интензивираат по должината на повеќе од 1.000 километри од линијата на фронтот, со главен фокус врз Донецката област, особено околу градот Покровск, кој има клучно логистичко значење.

Иако руските сили планирале до 9 мај да навлезат во Дњипропетровската област, не успеале да ја преминат административната граница на Донецка, и покрај значителните напредувања.

Украина предупредува дека Русија подготвува нови напади врз Харкив, при што руските трупи се движат сѐ поблиску до границата на таа област, иако досега не покренале поголема офанзива.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, најави воспоставување на „безбедносна зона“ долж границата со Украина, особено во регионите Курск, Белгород и Брјанск, кои се граничат со украинските области Суми, Харкив и Чернихив.

Поранешниот претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Русија треба да воспостави контрола врз речиси цела Украина, освен за неколку мали региони на западот, блиску до Полска.

Сепак, анализата на Институтот за проучување на војната (ISW) укажува дека за реализирање на вакво сценарио би биле потребни децении војна, евентуално и до 100 години, со човечки загуби што би можеле да достигнат 50 милиони лица – сценарио кое е целосно спротивно на реалните капацитети на руската армија за извршување долготрајни офанзивни операции.

Next Post
По 73 години Саудиска Арабија го менува законот за алкохол

По 73 години Саудиска Арабија го менува законот за алкохол

Одлични вести: Поевтинуваат горивата, ова се новите цени во Македонија

Одлични вести: Поевтинуваат горивата, ова се новите цени во Македонија

Препорачани Вести

Нови напади кај нуклеарната електрана Запорожје

Нови напади кај нуклеарната електрана Запорожје

3 months ago

Ресенчанец фатен пијан со рекордни 2,78 промили додека возел низ град

2 months ago

Популарни Вести

  • Студен бран на крајот од декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студено утро и сончев ден со силен ветер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Косово повторно гласа: Предвремени избори во сенка на длабока политичка криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските ракометари на проверка против Хрватска пред ЕП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.