Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

OЈО поднесе обвинителен акт против организирана криминална група за убиства, изнуда и тешки дела против општата сигурност

by
2025/05/27 14:26:14
in Uncategorized
OЈО поднесе обвинителен акт против организирана криминална група за убиства, изнуда и тешки дела против општата сигурност

По спроведена континуирана и темелна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против девет лица – припадници на организирана криминална група „Беланоца- Барон“. Во координација со органите на прогонот, обезбедени се обемни и релевантни докази врз основа на кои на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година.

Во текот на 2020 година, тројца првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија.

Организаторите на групата донесувале одлуки и давале конкретни насоки за цели, локации и начин на ликвидација на лица претежно од спротивставената криминална група.

Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други членови – обвинети, починати или недостапни на органите на прогонот, а дел неидентификувани лица.

Според прибраните докази дел од обвинетите се поврзани со следните убиства извршени по налог и организација на групата:

– Убиство на Ибраим Ајдини во август 2020 година:

Првообвинетиот во име на радикалното движење понудил и платил 10.000 евра за убиството, мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала со институциите во предметот „Монструм“. Жртвата била застрелана во својот дом, со истрел во главата. Извршителите ги отстраниле доказите и побегнале.

– Убиството на Џелал Ибраими – јануари 2023:

Организирано од групата како одмазда за лична навреда кон првообвинетиот. Убиството е извршено во домот на жртвата, со повеќе истрели. Исплатени се 20.000 евра на учесник во нападот.

– Двојно убиство на Јетон Кривањева и Енес Исеинов – март 2023:

Извршено како одмазда за претходни убиства. Првообвинетиот обезбедил 250.000 евра и конкретни насоки. Нападот бил особено суров, извршен во деловен објект, со пукање од непосредна близина. Напаѓачите потоа го запалиле возилото и добиле логистичка поддршка за бегство.

– Убиството на Орхан Бајрами (Оки) – јули 2023:

Извршено во Грција, во луксузен ресорт. Жртвата била следена преку легални и илегални премини. Нападот бил извршен од двајца маскирани напаѓачи кои испукале 19 куршуми, нанесувајќи три смртоносни рани на жртвата и тешко ранувајќи друго лице.

Во 2021 година, шестообвинетиот со двајца осомничени формирале нова криминална група, фокусирана на убиства од одмазда и ликвидација на членови од други криминални структури и тоа:

– Убиство на Камер Идризи (Бундес) – мај 2021:

Извршено од шестообвинетиот и други лица, со 57 испукани куршуми. Жртвата била цел на одмазда за смртта на роднина на еден од организаторите.

– Убиство на Абдуљ Бастри Ибраимовски – јули 2024:

Извршено поради нарушени односи и претходни конфликти. Во нападот биле користени автоматски пушки. Жртвата починала, а другото лице било тешко рането, а подоцна починало.

– Убиство на Ибраим Исмаили Абиц:

Извршено во Сингелиќ од првообвинетиот, неговиот брат и осмообвинетиот. Биле испукани 65 куршуми.

Дополнително во обвинителниот акт се содржани дејствија во кои дел од обвинетите како нарачатели или извршители предизвикале пожари на возила на службени лица од КПУ Идризово и членови на нивни семејства, со цел спречување службени дејствија, а дел од обвинетите организирано вршеле изнуда на пари од фирми, со закани, физички напади и опожарување на објекти.

На 20.12.2024 година, при претреси на имот поврзан со првообвинетиот, биле пронајдени рачни гранати, ТНТ експлозив, полуавтоматска пушка и чаури од муниција.

Врз основа на опишаните дејствија седум лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, и повеќе убиства како соучесници, поттикнувачи или извршители, од нив четири лица сториле и кривични дела Изнуда, а петмина и кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Едно лице е обвинето за сторено кривично дело Убиство, а едно за кривично дело Изнуда. На првоосомничениот му се става на товар и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Имајќи ги предвид околностите предметниот јавен обвинител побара продолжување на претходно изречените мерки и одземање на одземените предмети што потекнуваат од кривично дело.. ​

Next Post
Поднесен обвинителен акт против 10 лица за продажба на кокаин и марихуана

Поднесен обвинителен акт против 10 лица за продажба на кокаин и марихуана

Во тек е големата воена вежба на Криволак – погледнете што се случува [ФОТО]

Во тек е големата воена вежба на Криволак - погледнете што се случува [ФОТО]

Препорачани Вести

Временска прогноза: Какво време не очекува и каде се очекуваат врнежи од снег?

Временска прогноза: Какво време не очекува и каде се очекуваат врнежи од снег?

9 months ago
Над 60 пожари на отворен простор во Македонија – девет сè уште активни

Над 60 пожари на отворен простор во Македонија – девет сè уште активни

6 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.