Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Русија испрати сериозни критики до САД: “Откажете се од таа идеја”

by
2025/05/27 14:55:48
in Uncategorized
Русија испрати сериозни критики до САД: “Откажете се од таа идеја”

Москва со остри критики до Вашингтон: „Откажете се од милитаризацијата на вселената“

Русија остро ја критикуваше најавата на САД за воспоставување на нов антиракетен систем „Златна купола“, оценувајќи дека проектот го нарушува стратешкиот баланс и стабилност на глобално ниво.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на денешната прес-конференција во Москва апелираше до Вашингтон да се откаже од плановите за распоредување оружје во вселената, пренесува државната агенција ТАСС. Според неа, американските намери се закана за меѓународната безбедност и директно нарушување на принципите на мирољубиво користење на вселената.

„Златната купола“, која беше претставена од американскиот претседател Доналд Трамп, се најавува како нова генерација на одбранбен систем со цел справување со напредните ракетни технологии што, според американските воени експерти, ги развиваат земји како Русија и Кина.

Северна Кореја: Потенцијална нуклеарна војна во орбитата

Покрај Русија, и Северна Кореја се приклучи кон меѓународната критика, оценувајќи дека новиот систем претставува „многу опасна закана“ што може да доведе до „нуклеарен судир во вселената“, јави државната новинска агенција КЦНА.

Во официјален меморандум, севернокорејското Министерство за надворешни работи ја осуди намерата на САД за, како што наведуваат, трансформација на вселената во „потенцијална нуклеарна воена зона“.

„Вашингтон покажува решеност за милитаризација на вселената, со што ја загрозува стратешката безбедност на нуклеарните сили ширум светот“, се наведува во документот.

Русија и Северна Кореја побараа меѓународна реакција и спречување на, како што велат, „едностраниот и опасен чекор на САД“ што може да предизвика нова глобална трка во вооружување – овојпат во вселената.

Next Post

Собрани докази за Штекли: Кокаин се закопувал на државно земјиште за да се скрие, багеристи добивале закани

Сиљановска-Давкова во работна посета на Република Казахстан

Сиљановска-Давкова во работна посета на Република Казахстан

Препорачани Вести

Газда на градежна фирма од Гостивар продал ист стан на двајца сограѓани

Физички напад и оштетување на возило во Тетовско – пријавен инцидент кај паркот покрај Вардар

5 months ago
Утре нестабилно време во попладневните часови: краткотраен дожд и грмежи

Утре нестабилно време во попладневните часови: краткотраен дожд и грмежи

5 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.