Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

AEK oдбиja да играат во Скопје, а тие слично направија со Динамо пред 2 години

by
2025/05/27 15:16:52
in Uncategorized
AEK oдбиja да играат во Скопје, а тие слично направија со Динамо пред 2 години

Ракометниот клуб АЕК од Атина одби да игра против Алкалоид во Скопје, обвинувајќи ги македонските власти дека им ја ускратиле поддршката од навивачите – но пред две години, истиот клуб ја обвини грчката полиција што дозволила навивачи на Динамо Загреб да влезат во Грција, пишува Expres.mk

Дали АЕК применува двојни стандарди кога станува збор за навивачите? Пред две години остро ја обвинија грчката полиција што дозволила организирани хулигани од Хрватска да ја преминат границата и да предизвикаат немири во Атина, додека сега (2025), РК АЕК одби да настапи против македонскиот Алкалоид затоа што македонските власти дозволиле во сала само 200 од вкупно 650 билети за гостинските навивачи.

Според дописничката на МИА од Атина, тогашниот извршен директор на ФК АЕК, Јоргос Космас, во август 2023 година изјави дека „Динамо Загреб и грчката полиција се целосно одговорни за она што се случи“, кога беше убиен 29-годишен навивач на АЕК пред натпревар од квалификациите за Лигата на шампиони.

Во споредба, минатиот викенд, РК АЕК го одложи натпреварот со Алкалоид во СЦ „Борис Трајковски“ поради ограничувањето на билетите за нивните навивачи, кои не беа пуштени преку граница, според информациите на клубот.

– Нашиот клуб и МВР донесоа одлука бројот на влезници за гостинските навивачи да биде 200. Тука се кршеа копјата. Дел од навивачите беа во Скопје, а дел не. Тие што беа овде дадоа ултиматум дека ако тимот истрча на терен без поддршка, ќе има последици по враќањето во Атина – изјави претставникот на Алкалоид, Зоран Цветановски.

Неколку часа пред натпреварот, АЕК преку официјално соопштение информираше дека македонските власти не дозволиле повеќе од 200 билети и повика навивачите без билети да не се приближуваат до салата, со образложение дека постои безбедносен ризик.

На крај, АЕК не се појави на теренот. Клубот ја обвини „локалната власт на Скопје“ за неправда и непочитување на нивните навивачи, оценувајќи ја одлуката како „неопходна, но тешка“.

Интересно е што на првиот натпревар во Атина, одигран на 18 мај, навивачи на АЕК фрлаа предмети и чаши вода кон клупата на Алкалоид, при што дојде до тензија на трибините. Тренерот Кире Лазаров, заедно со дел од играчите на АЕК, се обиде да ги смири ситуацијата.

Во олимписката сала во Атина, натпреварот го следеа околу 7.800 гледачи, а помала група од поддржувачи на Алкалоид беше мета на навреди од страна на домашната публика.

Извор: Expres.mk

Next Post
Путин испрати јасна порака: “Ова го кажувам без никаков срам”

Путин испрати јасна порака: "Ова го кажувам без никаков срам"

Холандија ги испорача последните 24 авиони „Ф-16“ на Украина

Холандија ги испорача последните 24 авиони „Ф-16“ на Украина

Препорачани Вести

Лишено од слобода лице барано со потерница за издржување казна затвор

Лишено од слобода лице барано со потерница за издржување казна затвор

1 month ago
Посни крофни – едноставен рецепт кој успева секој пат

Посни крофни – едноставен рецепт кој успева секој пат

10 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.