Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Директорот Димовски на Балканскиот Алумни Самит: напорно работиме за подобрување на деловната клима каде сите ќе имаат еднакви можности за раст и развој

by
2025/05/28 13:00:40
in Uncategorized

Денес на вториот ден од програмата на Балканскиот Алумни Самит, директорот Гоце Димовски како главен говорник се обрати на тема „Градење на финансиски екосистем за младинско претприемништво и иновации: Овозможување на раст на регионалните пазари“. Димовски ги нагласи заложбите на Дирекцијата за ТИРЗ која во соработка со Владата и сите засегнати страни напорно работи за подобрување на националната економија каде сите ќе имаат еднакви можности за раст и развој, а младите ќе ја гледаат својата иднина тука, во својата татковина, на Балканот.

„Во преговори сме со повеќе мултинационални компании, а веќе поставивме камен темелник на 3 нови фабрики кои ќе отворат над 2000 работни места во наредните неколку години. Овие инвестиции ќе донесат нови можности за развој на младите, што ќе им овозможи да бидат дел од глобални корпорации, а сепак да бидат тука, дома. Овие инвестиции ќе донесат нови технологии и иновации, отворајќи свои центри за истражување и развој каде младите ќе имаат шанса да се стекнат со стратешки искуства тука, во Македонија.“

Директорот Димовски потенцираше дека Македонија и Балканот не смее да бидат место на одлив на мозоци, туку место каде младината ќе има можности за развој, за што е потребна безусловна и транспарентна регионална соработка која ќе се фокусира на долгорочниот развој на целиот Балкан.

„Наша задача, како институција, заедно со владата е да креираме средина каде приватниот сектор ќе го препознае и вреднува потенцијалот на младите, а младите ќе гледаат сигурна иднина во овој регион.“

Самитот во организација на Macedonian American Alumni Association – MAAA со поддршка од Амбасадата на САД ги собра на едно место поранешните студенти на програмите за размена финансирани од владата на САД од седум земји: Македонија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија.

Next Post

ШТАМА ОД БУГАРИЈА Виси во воздух средбата помеѓу Радев и Сиљановска во Хаг

Macy’s – американска малопродажна икона во фаза на трансформација

Препорачани Вести

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Возачот кој ја усмрти 22 – годишната Фросина требало да биде во притвор!

11 months ago

Жито Лукс +2,83 % најголем добитник; ТТК Банка -1,66 %

5 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.