Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Го доби ли МПЦ-ОА најсериозниот кандидат за владика на Дебарско – Кичевската Епархија?

by Уредник
2025/05/29 08:07:43
in Uncategorized

Го доби ли МПЦ-ОА најсериозниот кандидат за владика на Дебарско – Кичевската Епархија која е испразнета по смртта на епископот Тимотеј кој од своето седиште во Охрид со децении ја водеше оваа епархија.

Прашањето дали го добиваме најсериозниот кандидат за наследник на владиката Тимотеј се поставува откако поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски се замонаши.

Ѓорѓевски беше замонашен завчера во чин кој според Скопската епархија на МПЦ-ОА, бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол крај Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

,,На 27 мај 2025 година, во Навечерието спроти празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ – Криви Дол, Скопје”, се наведува во веста објавена на епархискиот сајт.

Архиепископот Стефан на новиот монах кој е замонашен во чин мала схима, му го дал го монашкото име Георгиј.

Ѓорѓевски сега монахот Георгиј е на возраст од 57 години. Познат е како еден од најдобрите македонски амбасадори во Ватикан каде служеше од 2010 до 2014 година. 

Од 2004 година тој е професор на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ по предметот Православна теологија. Од 2000 до 2009 година беше и шеф на Кабинет на архиепископот г.г. Стефан.

Автор е на бројни дела, а во изминативе пет години е на чело на Македонско библиско здружение.

Монахот Георгиј важи за еден од најголемите македонски интелектуалци воопшто а во црковните и интелектуални кругови се смета за одлично решение за епископ бжна Дебарско – Кичевската Епархија чиј трон е празен по смртта Владиката Тимотеј.

Next Post

Премиум брендот Black + Decker отсега достапен со купон плус акцијата во ВЕРО маркети

ПУТИН ВО ШОК: Германија ќе ѝ помогне на Украина да произведува оружје што може да ја погоди Москва

Препорачани Вести

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Искршено полициско возило по сообраќајна контрола

Подметнувач на пожар заврши во Психијатриска болница во Штип

4 months ago
Планот на Трамп сепак успева? Откриено што ќе се случува во следниот период

Планот на Трамп сепак успева? Откриено што ќе се случува во следниот период

9 months ago

Популарни Вести

  • ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: жена избодена со нож пред очите на внукот во станбена зграда во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Загрижувачки податоци: Македонија високо на листата во Европа по случаи на фемицид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мега-проект без преседан: Кина ќе го сруши сопствениот рекорд и ќе изгради брана што ќе ја засени и нивната најголема „Three Gorges Dam“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина легендата на француското кино – Брижит Бардо на 91 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возеле пијани, завршија во притвор – полициска акција во повеќе градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.