Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Македонија и Малта заедно за реализација на огромните ЕУ фондови за инвестиции во образование, наука, млади и спорт

by
2025/05/29 09:16:30
in Uncategorized

На 28 мај 2025 година, во Валета – главниот град на Малта, во рамките на 4-тата Европска конвенција за младинска работа под покровителство на Советот на Европа и Европската комисија, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Националната агенција на Република Македонија и Националната агенција на Република Малта.
Со овој документ, Македонија обезбедува партнерство кон директно користење на најголемите грантови од европските фондови преку програмата КА3 – која обезбедува поддршка за проекти од стратешко значење, голем обем и долгорочно влијание, особено капитални инвестиции во сферата на образованието, науката, младите и спортот.

Директорот на Националната агенција, д-р Петар Богојески, ја предводеше македонската делегација и лично го договори и потпиша ова стратешко партнерство со неговиот колега од Малта, г-дин Рафаел Скери и отвори нови перспективи за нашите образовни институции, организации и компании, кои досега не пристапуваа до ваков вид грантови и инвестиции.
„Со овој чекор, Македонија влегува во повисока лига на европско партнерство. Овозможуваме пристап до средства што значат вистински развој, конкретни резултати и нови можности за младите, наставниците, истражувачите и иноваторите.“ – изјави д-р Богојески.


Партнерството со Малта, како пријателска и успешна земја-членка на Европската Унија, претставува пример за паметна дипломатија и ефикасно искористување на европската солидарност и средства. Во таа насока силно дејствуваа и м-р Срѓан Каранфиловски, координатор за меѓународна соработка во НАЕОПМ и претставниците на граѓанскиот сектор, дел од македонската делегација.
Македонија денес прави значаен чекор напред – кон европско знаење, кон конкурентно образование и кон европска иднина.


Македонија и Малта – заедно кон европски успех!

Next Post

Потребни се јаболки и пченка – намалени се природните извори на храна на мечките на Шар Планина

Со помошта која ја дава Владата на општините успеавме да ја развиеме Битола онака како што граѓаните го бараат

Препорачани Вести

gordana kocoska

Владата го задржува повластениот ДДВ за нови станови и во 2026 година

1 month ago
Кривична пријава против градоначалникот на Кичево, го оштетил општинскиот буџет за скоро 4 милиони денари

Кривична пријава против градоначалникот на Кичево, го оштетил општинскиот буџет за скоро 4 милиони денари

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.