Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Овие банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите

by
2025/05/29 17:51:50
in Uncategorized

Пет банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите. Нивните фејсбук статуси ви ги пренесуваме во целост.

ФБ статус на НЛБ банка:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПЛАТЕНА ПЕНЗИЈА ЗА МЕСЕЦ МАЈ

Почитувани пензионери,

Ве известуваме дека вашите пензии се исплатени и вашите средства можете да ги користите уште веднаш.

Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Пензијата можете да ја подигнете и во експозитурите на нашата Банка.

Со почит,

Ваша НЛБ Банка


Фејсбук статус на ХАЛК БАНК:

Драги пензионери,

Пензиите за мај се веќе достапни – ДУРИ НЕКОЛКУ ДЕНА пред први! 

Од денес (29.05.2025), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut.

Утрешниот ден пред викенд, ви е на раполагање за да си ги завршите сите ваши финансиски обврски. 😊

Важни се луѓето!

Халкбанк АД Скопје

ФБ статус на Комерцијална банка:

Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за мај од петок, 30.05.2025 година. 📣

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од 30.05.2025 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. ✅

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.05.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот. 🕛

ФБ статус на Силк Роуд Банка:

Драги наши пензионери,

Вашите пензии за месец мај ќе бидат исплатени утре (30.05.2025) и достапни за подигнување во сите наши експозитури, на банкомати, преку електронско и мобилно банкарство, или пак да ги користите за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Силк Роуд Банка, со тебе, во секое време.

ФБ статус на ТТК Банка АД Скопје:

Со задоволство ве известуваме дека исплатата на пензиите за месец мај ќе се изврши предвреме, на 30 мај (петок) 2025 година.

Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка ќе можат да располагаат со пензијата од 30.5.2025 година и ќе можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.

Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата од 30.5.2025 година ќе можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку интернет банкарство TTK E-bank или мобилната апликација TTK M-bank или со користење на платежните картички за плаќање во трговската мрежа.

Со почит,

ТТК Банка АД Скопје

Next Post
Маж од Демир Хисар возел со дури 3,43 промили алкохол во крвта

Маж од Демир Хисар возел со дури 3,43 промили алкохол во крвта

Полицијата апсеше во трговскиот центар во Тетово

Препорачани Вести

Паника во Бугарија: Безбедносен аларм по стопирањето на американската воена помош за Украина!

10 months ago
Фрапантни податоци за Европа: Водата е токсично загадена?

Фрапантни податоци за Европа: Водата е токсично загадена?

4 weeks ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.