Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Граѓаните на еврозоната повторно сигнализираат за зголемување на инфлацијата

by Уредник
2025/05/29 20:47:07
in Uncategorized

Инфлацијата во еврозоната се зајакнува, а јазот меѓу растот на платите и цените малку се прошири, според проценките на граѓаните во анкетата на Европската централна банка (ECB), потврдувајќи го трендот од почетокот на пролетта.

Цените во еврозоната се зголемија за 3,1 отсто во април во споредба со истиот период минатата година, според медијаната на проценките на граѓаните.

Пресметките на Европскиот завод за статистика покажаа дека инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) изнесувала 2,2 отсто во април.

Цените, исто така, ќе се зголемат за 3,1 отсто во следните 12 месеци, што значи дека инфлацијата се забрзува според перцепцијата на граѓаните, бидејќи тие предвидоа зголемување на цените од 2,9 отсто во претходната анкета. На почетокот на пролетта, нивната прогноза покажа зголемување на цените од 2,6 отсто.

За три години, инфлацијата, според средната проценка на граѓаните, треба да ослабне на 2,5 отсто, според анкетата на ECB објавена во средата.

Номиналните плати ќе се зголемат за 0,9 отсто во следните 12 месеци, проценуваат граѓаните, нешто помалку отколку што очекуваа пред еден месец.

Номиналната потрошувачка беше за 4,9 отсто повисока во април отколку минатата година, а до април следната година нејзиниот раст треба да забави на 3,4 отсто, според анкетата на ЕСВ.

Економијата на еврозоната ќе се намали за 1,9 отсто до април следната година, проценуваат граѓаните, значително посилно отколку што очекуваа пред еден месец кога предвидоа пад на активноста во следните 12 месеци од 1,2 отсто.

Стапката на невработеност во еврозоната моментално е 7,1 отсто, според проценките на граѓаните, и треба да се зголеми на 7,8 отсто до април следната година.

Граѓаните проценуваат, според средната вредност, дека цените на становите ќе пораснат за 2,0 отсто до април следната година, а каматните стапки на хипотекарните кредити ќе изнесуваат 3,7 отсто.

Next Post

Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот

Турција ќе ги казнува патниците кои ќе станат пред авионот да застане

Препорачани Вести

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз целата територија на Појасот Газа

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз целата територија на Појасот Газа

7 months ago

Инспекторатот: Чаир е 19-та на републичко ниво и 6-та во Скопје по бројот на бесправни градби

7 months ago

Популарни Вести

  • Студен бран на крајот од декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студено утро и сончев ден со силен ветер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Косово повторно гласа: Предвремени избори во сенка на длабока политичка криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските ракометари на проверка против Хрватска пред ЕП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.