Connect with us

Црна Хроника

Наставничка физички нападна ученик во тетовско основно училиште – случајот во полиција!

МВР извести дека вчера П.И.(35) од Тетово пријавила дека нејзиниот малолетен син кој е седмо одделение, за време на час во тетовско основно училиште бил физички нападнат од наставничка.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Advertisement

Црна Хроника

Уапсени навивачи нападнале полицајци

По завршувањето на дербито од ракометната Суперлига меѓу Пелистер и Вардар во Битола, кое домаќините го добија, се случија серија инциденти во кои беа нападнати полициски службеници, информира МВР.

Инцидентите се случиле околу 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде полицијата ги привела П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје. Според МВР, при влегувањето на навивачката група од Скопје во салата дошло до нарушување на редот, при што неколку полицајци биле нападнати.

Дополнително, во 19:20 часот на истиот влез бил уапсен и Н.Ѓ.(34) од Битола, кој, како што стои во полицискиот извештај, агресивно се однесувал и повикувал на насилство, со што го нарушил јавниот ред и мир.

По документирањето на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсен главен уредник на турска телевизија

Главниот уредник на едниот од највлијателните турски телевизиски канали, „Хабертурк ТВ“, Мехмет Акиф Ерсој, е приведен во Истанбул како дел од проширена истрага за дрога што ги таргетира медиумските и забавните кругови, пренесуваат турските медиуми.

Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул соопшти дека биле издадени налози за апсење на осум лица под сомнение за купување, поседување или употреба на дроги и стимуланси за лична употреба, како и за обезбедување простор за нивна употреба.

Меѓу приведените, покрај Ерсој, е и уредничката за меѓународни вести на „Хабертурк“, Елиф Каланч.

Телевизијата во кратко соопштение потврди дека Ерсој е приведен во рамки на истрагата на истанбулското обвинителство и дека е суспендиран „за да се обезбеди целосна објективност“. Одлуката за неговата суспензија ја донесе државниот Фонд за гаранција на депозити (ТМСФ), кој од септември ја управува матичната компанија на „Хабертурк“ како судски назначен стечаен управник во друга истрага за перење пари.

Овој најнов случај е дел од поширока акција во Истанбул, во која претходно беа приведени и неколку ТВ-водители под сомнение за употреба на дрога, но тие подоцна беа ослободени.

Истрагата привлекува дополнително внимание поради тоа што, за разлика од минатите случаи насочени кон критичарите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, сега под удар се медиумски фигури и деловни структури што се сметаат за блиски до власта, меѓу кои и „Хабертурк“.

Continue Reading

Црна Хроника

Пијан мопедист заврши во болница по излетување од пат кај Дојран

Ноќта на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на потегот „Калдрма“, 22-годишниот Д.Б. од Нов Дојран изгубил контрола врз мопед „Хамачи“ и излетал од коловозот. Во незгодата се здобил со телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Гевгелија.

Полициската контрола покажала дека возачот бил под дејство на алкохол – измерени 1,60 промили. За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а по целосно документирање ќе следи пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг