Најновиот севернокорејски разорувач, тежок 5.000 тони, прикажан на претставувањето на 21 мај, доживеа сериозен дефект. Според снимките, бродот е делумно потопен, а околу него се поставени бели објекти, веројатно за стабилизација или заштита од извидувачки дронови.
Крмата на бродот предвреме вплови во морето, што предизвика оштетување на трупот. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го оцени инцидентот како криминален чин и повреда на достоинството на земјата. Тој нареди бродот да биде поправен до крајот на јуни.
Во врска со настанот се приведени четири лица, вклучувајќи го и главниот инженер на бродоградилиштето.








![[ФОТО] Достоинствено одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/495476636_992990139678180_4951982530995816321_n.jpg)

