Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нов напад во Русија: Теретен воз дигнат во воздух на пат кон Крим

by
2025/06/01 11:13:38
in Uncategorized
Нов напад во Русија: Теретен воз дигнат во воздух на пат кон Крим

Руски теретен воз, кој се движел кон Крим, бил дигнат во воздух, соопштија украинските власти. Инцидентот се случил по серијата експлозии во пограничните области на Русија, при што имало загинати и повредени.

Според информациите на „Руските железници“, железничката линија на делницата Унеча–Жеча во Брјанската област е оштетена, но среќа во несреќа – нема повредени лица.

„На 10:52 часот, за време на инспекција на инфраструктурата со специјализирана опрема, железничките работници забележале оштетување на пругата. Сообраќајот на патничките и приградските возови на оваа делница е запрен“, објавија „Московските железници“ – подружница на „Руските железници“ – преку својата официјална страница на Телеграм, пренесе Ројтерс.

Истиот ден, украинската воена разузнавачка служба (ГУР) објави дека друг руски теретен воз, кој превезувал гориво, бил цел на експлозија во текот на ноќта во близина на селото Акимовка, во Мелитополскиот округ на Запорошката област. Според ГУР, станува збор за подрачје под руска окупација.

„Возот, кој пренесуваше цистерни со гориво и товарни вагони, излета од шините како резултат на експлозија поставена на пругата. Со тоа е прекината клучната логистичка артерија за руските сили во окупираното Запорожје и на Крим“, се наведува во соопштението на украинската разузнавачка служба.

Засега, руските власти не се имаат официјално изјаснето за нападот во Запорошката област.

Next Post
Љубчо Георгиевски со поддршка за отец Партениј

Љубчо Георгиевски со поддршка за отец Партениј

Полицијата во Македонија денес и вчера уапси осум возачи – сите ја направиле истата грешка!

Полицијата во Македонија денес и вчера уапси осум возачи - сите ја направиле истата грешка!

Препорачани Вести

Хајрулахи ќе поднесе жалба по предлогот за разрешување: „Целата хајка е поради бонусите од СЈО“

6 months ago

Европската рударска треска за критични минерали – можност за Македонија да влезе во новата индустриска карта на Европа

3 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.