Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пет милиони евра штета во ЕСМ – кривични пријави против поранешни владини функционери

by
2025/06/02 19:13:43
in Uncategorized

Компанијата Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) поднесе кривични пријави до Финансиската полиција и Министерството за внатрешни работи против поранешни членови на управни и надзорни одбори, како и против високи функционери од претходната Влада. Пријавите се однесуваат на одлуки поврзани со закуп на капацитет за гас во ЛНГ-терминалот во Александрополис, Грција – капацитет што, според ЕСМ, не можел да се користи и предизвикал штета од над 5 милиони евра.

„Согласно член 353 од Кривичниот законик, тие несовесно постапувале и не ги штителе интересите на компанијата и на државата“, изјави генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев, на денешниот брифинг со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО и МЕМО.

Штетата, според ЕСМ, произлегува од закуп на прекуграничен капацитет и ангажман во гасниот терминал, за што компанијата месечно плаќала над 250 илјади евра. Узунчев истакна дека договорот бил потпишан од страна на претходната влада, а меѓу пријавените, според информации на Телма, е и поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој за медиумот изјави дека не е запознаен со пријавата, но дека целата документација е транспарентна и достапна во Владата и во ЕСМ.

Од претходната влада тврдат дека проектот имал регионално значење и дека бил планиран како дел од стратешко снабдување со гас од повеќе извори, во кој биле вклучени и Србија и Бугарија.

Во услови на тешка финансиска состојба, ЕСМ најави ново задолжување од 30 милиони евра од домашна банка, со камата до 3,5 проценти, за покривање на доспеани обврски. Договорот се очекува да биде потпишан следниот понеделник. Лани компанијата веќе се задолжи за 82 милиони евра на домашниот пазар, средства што се речиси целосно искористени.

И покрај финансиските проблеми и намаленото производство на електрична енергија во првиот квартал, од ЕСМ очекуваат годинава да завршат со позитивна финансиска нула.

„И еден цент добивка ако оствариме, тоа ќе биде добро“, рече Узунчев.

Цената на струјата за домаќинствата засега останува непроменета – 62 евра за мегават-час, а одлуката за евентуални корекции треба да се донесе неделава. Според последниот извештај, загубите на ЕСМ надминуваат 120 милиони евра, а компанијата продолжува да се бори со ликвидноста.

Next Post

Нова рунда преговори Белград–Приштина во Брисел под покровителство на ЕУ

Планирани прекини во електроснабдувањето утре во неколку скопски населби

Препорачани Вести

54% од македонските граѓани имаат доверба во Европската Унија

54% од македонските граѓани имаат доверба во Европската Унија

7 months ago
Неколку причини зошто никако не треба да го прескокнувате појадокот

Јадењето со прибор и индивидуално сервирана храна помага да се џвака повеќе и спречува дебелеење

5 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.