Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тревникот од 1,5 хектари до Собранието се прогласува за безбедносна зона

by Уредник
2025/06/03 09:15:48
in Uncategorized
Тревникот од 1,5 хектари до Собранието се прогласува за безбедносна зона

Собранието добива безбедносна зона – се укинува градбата на катната гаража до Домот на АРМ

Собранието на Северна Македонија е во финална фаза на изгласување на Предлог-закон со кој просторот од 1,5 хектари до Домот на АРМ се прогласува за безбедносна зона. Со новиот закон се забрануваат градежни активности, јавни собири, протести и манифестации на оваа локација, а се забранува и прелет со дронови до висина од 100 метри.

Просторот, продаден на фирмата „Анго“ ДООЕЛ во 2013 година за изградба на катна гаража, ќе се врати во државна сопственост. Законот пропишува автоматско раскинување на договорот, укинување на одобрението за градба и враќање на уплатените средства, вклучувајќи вложени трошоци.

Катната гаража, за која инвеститорот започна активности во 2024 година по добиена судска разрешница, беше дозволена со измена на ДУП „Мал ринг“ во 2013 година. Градоначалникот на Центар ја поништи дозволата во 2018, но Управниот суд ја врати на сила.

Законот ќе ја обврзе Агенцијата за катастар да ја прибележи зоната во јавната книга, а урбанистичките планови во таа зона автоматски престануваат да важат.

Next Post
Орбан со загрижувачка порака: Влегуваме сè подлабоко во војната

Орбан со загрижувачка порака: Влегуваме сè подлабоко во војната

По 12.000 денари за обука на жени и на млади до 29 години – ова се деталите

По 12.000 денари за обука на жени и на млади до 29 години - ова се деталите

Препорачани Вести

СДС имаа 7 години власт да ги покачат платите, наместо тоа ја качија инфлацијата и испумпаа милиони од буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС имаа 7 години власт да ги покачат платите, наместо тоа ја качија инфлацијата и испумпаа милиони од буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

10 months ago
Инцидент на саем во Диселдорф откако огномет заврши во публиката – има повредени

Инцидент на саем во Диселдорф откако огномет заврши во публиката – има повредени

5 months ago

Популарни Вести

  • „Мега-проект без преседан: Кина ќе го сруши сопствениот рекорд и ќе изгради брана што ќе ја засени и нивната најголема „Three Horges Dam“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина легендата на француското кино – Брижит Бардо на 91 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возеле пијани, завршија во притвор – полициска акција во повеќе градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа кај Брвеница: 35-годишен пешак со тешки повреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: повредени повеќе лица, уапсен 60-годишен возач

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.