Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Сиљановска: Резолуцијата на Бугарија е навредлива – очекувам ЕП да го поддржи македонскиот идентитет

by
2025/06/03 14:17:56
in Uncategorized

Резолуцијата што ја усвои бугарскиот парламент за Македонија е навредлива и во самиот старт го оневозможува дијалогот, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа оцени дека ваквите документи го поткопуваат духот на Договорот за добрососедство и пријателство и не водат кон европски вредности.

„Ова е уште една во редицата слични резолуции и меморандуми. Со вакви постапки не се помага, туку се кочи процесот на зближување. Суштината на преамбулата во Договорот е да си помагаме со разбирање, не со уцени и негирања“, рече Сиљановска.

Таа очекува Европскиот парламент да ја поддржи Резолуцијата што го гарантира македонскиот јазик и идентитет. Во спротивно, според неа, тоа ќе биде силен удар за кредибилитетот и демократскиот капацитет на ЕУ.

„Шокантно е во 21 век да се поднесуваат амандмани кои негираат нечиј идентитет, особено од институција како Европскиот парламент. Ако не се почитуваат фундаменталните права и вредности, тогаш ЕУ нема иднина како заедница базирана на принципи, туку станува бирократска машинерија“, изјави таа.

Во однос на евентуална средба со бугарскиот претседател на претстојниот Самит на НАТО во Хаг, Сиљановска рече дека засега не може да потврди дали ќе се одржи.

Таа повторно апелираше клучните прашања да се решаваат со домашен консензус, а не преку избрзани потези на меѓународната сцена.

Next Post

Паника на Крим – затворен поморски сообраќај по експлозии во близина на Севастопол

ЕКСПЛОЗИИ И АПСЕЊА НА КРИМ – УКРАИНА ГО ГАЃА „ПУТИНОВИОТ МОСТ“, РУСИЈА ВО АЛАРМ

Препорачани Вести

152 години железница во Македонија: Честит Ден на железничарите!

9 months ago

Битола подготвена за големиот боксерски спектакл „Битолски Победник“

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.