Во понеделникот попладне, на 2 јуни 2025 година, во 13:20 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Гази Баба. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, до инцидентот дошло поради претходно меѓусебно нетрпение меѓу неколку лица.
Во физичката пресметка учествувале Л.Љ. (43) од населба Илинден и Ф.Р. (22) од село Радуша, од една страна, и Ѓ.С. (37) од село Стајковци, од друга страна.
Полицијата интервенирала на местото на настанот, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави против инволвираните. Истражните органи работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот.










