Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити: Животната средина мора да стане основа на националниот развој

by
2025/06/05 09:51:43
in Uncategorized

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ја отвори првата национална конференција „Заедно за одржлива животна средина“, испраќајќи силна порака за обединет пристап и итна акција во справувањето со еколошките предизвици.

– Живееме во време кога еколошките кризи повеќе не се апстрактни закани, туку секојдневна реалност со директно влијание врз јавното здравје, безбедноста на храната, економијата и социјалната благосостојба – истакна Меџити во воведното обраќање.

Тој нагласи дека зголеменото загадување во урбаните средини, загубата на биодиверзитетот, климатската несигурност и притисокот врз природните ресурси бараат долгорочна визија и решенија базирани на докази.

Како што посочи првиот вицепремиер, целта на конференцијата е да се поттикне дијалог и координација меѓу сите релевантни чинители – јавните институции, меѓународните партнери, академската заедница, индустријата, невладиниот сектор и самите граѓани.

– Целта е јасна – да изградиме интегриран и одржлив пристап кон животната средина, со кој таа ќе се третира како основа на националниот развој. Работиме на создавање на ефикасен механизам за еколошко управување кој ќе овозможи мерење на напредокот, идентификување на слабостите и реформулирање на политиките за управување со природните ресурси – изјави Меџити.

Во рамки на конференцијата се одржуваат две панел-дискусии: првата за заштита и управување со природни ресурси, а втората за одржливо управување со отпадот и премин кон циркуларна економија.

Меџити најави дека оваа конференција ќе прерасне во годишна традиција, која секоја година на 5 јуни – Светскиот ден на животната средина – ќе ги обединува сите засегнати страни околу заедничката визија за зелена иднина.

На крајот, првиот вицепремиер ја прогласи за официјално започната и националната кампања „Одржлива иднина“, со која ќе се промовираат активности за еколошка свест и одговорност низ целата земја.

Next Post

Општина Битола: Целосно затворање на ул. „Стрежевска“ од 9 до 19 јуни поради градежни зафати

Израел ги пронајде телата на двајца заложници во Појасот Газа

Израел ги пронајде телата на двајца заложници во Појасот Газа

Препорачани Вести

ШТО ДОБИВА, А ШТО ГУБИ КОРИСНИК НА КРЕДИТ СО ПОМАЛО УЧЕСТВО ЗА КУПУВАЊЕ ПРВ СТАН?

3 months ago
policija

Мобилни телефони и обемна документација одземени во вчерашната акција во Одделот за општи и заеднички работи во МВР

11 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.