СВР Штип поднесе кривична пријава против У.Б.А.(25) од Република Турција, со привремен престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против С.Н.С.(23), А.Е.(20) и Д.Б.(24) сите од Република Турција, со привремен престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 27.01.2025 и 18.02.2025, пријавениот У.Б.А. во два наврати, за паричен надомест на пријавените С.Н.С., А.С. и Д.Б., им извршил преправки на датите од штембилот за влез во државата, при што на 18.02.2025 и 20.02.2025 во СВР Штип, пријавените ги употребиле фалсификуваните документи за постапка за добивање на решение за краткотраен престој од 90 дена во државата.









