Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Целосен пресврт: Трамп со најновата изјава за војната во Русија и Украина непријатно го изненади светот

by Уредник
06.06.2025
in Uncategorized
Целосен пресврт: Трамп со најновата изјава за војната во Русија и Украина непријатно го изненади светот

Трамп: Можеби е подобро Русија и Украина да се „борат некое време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека можеби е подобро Русија и Украина да продолжат да се борат „некое време“ пред да се направат обиди за мировно посредување, алудирајќи на идејата дека соочувањето понекогаш е неопходно пред да дојде до прекин на огнот.

Изјавата ја даде на состанок во Овалната канцеларија со новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, кого го нарече „клучна личност во светот“ што би можела да изврши притисок врз Владимир Путин за да се стави крај на војната.

Според Трамп, конфликтот меѓу Русија и Украина личи на тепачка меѓу две деца што се мразат:

„Понекогаш е подобро да ги оставите да се истепаат малку, па дури потоа да ги разделите“, рече Трамп, додавајќи дека токму тоа му го кажал и на Путин во телефонски разговор оваа недела. „Можеби ќе мора да продолжите со борбата и многу ќе страдате, затоа што страдаат двете страни, пред да дојде моментот кога може да се направи прекин“, додаде тој.

Изјавата претставува значајно отстапување од претходните повици на Трамп за итен прекин на насилствата во Украина, забележува агенцијата Associated Press.

Противречни пораки и апели за прекин на огнот

Иако ја осуди војната и крвопролевањето, Трамп повторно го потенцираше својот неконвенционален пристап, нагласувајќи дека е можно да бидат воведени санкции и за Русија, и за Украина.

„Кога ќе дојде моментот кога јасно ќе се види дека нема да се запре… ќе бидеме многу, многу остри. И тоа може да биде кон двете земји. За танго се потребни двајца“, рече Трамп.

Германскиот канцелар Мерц, пак, ги избегна директните коментари на Трамп, но истакна дека Германија и САД имаат заеднички став околу сериозноста на ситуацијата и потврди дека Берлин целосно стои на страната на Украина.

„Разговаравме за можностите што ги имаме за што поскоро запирање на војната. Му реков на претседателот дека токму тој е клучна личност во светот која може да изврши суштински притисок врз Русија“, изјави Мерц.

Трамп откри и дека во разговор со Путин побарал од него да не одговара со дополнителни напади по масовната украинска дронска офанзива врз руски аеродроми.
„Му реков: ‘Не треба да го правите тоа. Треба да запрете’. Но, повторно, има многу омраза“, рече Трамп.

Мерц, од своја страна, му се заблагодари на Трамп за поддршката за безусловен прекин на огнот, но истакна дека Германија не прифаќа „диктиран мир“ или каква било форма на потчинување на Украина. Тој се заложи за зајакнување на санкциите против Русија.

Лични односи и историска поврзаност

На првиот директен состанок меѓу новиот германски канцелар и американскиот претседател, Мерц му подари на Трамп копија од изводот на раѓање на неговиот дедо, Фридрих Трамп, кој емигрирал во САД од Калштат, Германија.

Трамп го нарече Мерц „многу добар човек за соработка“ и додаде:

„Тежок е, би рекол. Но тоа е добро. Не би сакал да кажам дека е лесен, зарем не?“

Американскиот претседател го поздрави и зголемувањето на германските трошоци за одбрана, велејќи дека тоа е позитивен развој.

„Знам дека сега трошите многу повеќе за одбраната – и тоа е добро“, истакна Трамп.

Мерц по состанокот изјави дека го поканил Трамп да ја посети Германија – „својата татковина“ – и нагласи дека двајцата лидери развиваат добри лични односи. Тој избегна конфронтации какви што ги имаше неговата претходничка Ангела Меркел со Трамп во неговиот прв мандат.

Next Post
Според научниците, ова е најздравото овошје на светот!

Според научниците, ова е најздравото овошје на светот!

Миленици на судбината: Ова се двата најсреќни хороскопски знаци, за нив се вели дека ги чува „виша сила“

Миленици на судбината: Ова се двата најсреќни хороскопски знаци, за нив се вели дека ги чува „виша сила“

Препорачани Вести

Бојкоски: Битола заслужува работа, а не театар

1 month ago

Ѓорѓиевски вечерва од Злокуќани: Скопје и Карпош заслужуваат подобра иднина

5 months ago

Популарни Вести

  • ukraina

    ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.