Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Колумбискиот претседателски кандидат застрелан во глава за време на митинг

by
2025/06/08 08:16:20
in Uncategorized
Колумбискиот претседателски кандидат застрелан во глава за време на митинг

Петнаесетгодишник уапсен по вооружен напад врз колумбиски претседателски кандидат

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе Турбеј (39) беше тешко ранет во вооружен напад за време на предизборен митинг во Богота. Според извештаите на локалните медиуми, Урибе бил погоден со три проектили, од кои два во главата, и се наоѓа во критична состојба.

Нападот се случил во саботата, додека Урибе се обраќал пред група граѓани во еден градски парк. Сведоци изјавиле дека по истрелите настанала паника, а кандидатот бил итно пренесен со хеликоптер во клиниката „Санте Фе“, каде што се собрале негови поддржувачи.

Полицијата уапси 15-годишен осомничен на самото место. Мотивите засега не се познати, но истрагата е во тек.

Партијата на Урибе, Демократски центар, остро го осуди нападот, оценувајќи го како директна закана за животот на нивниот кандидат, но и за демократијата и слободата во Колумбија.

Во официјално соопштение, болницата потврди дека Урибе бил застрелан во коленото и двапати во пределот на главата. Медицинските тимови се борат за неговиот живот.

Колумбиската влада нападот го оцени како „тежок чин на политичко насилство“, а претседателот Густаво Петро го поврза обидот за атентат со делување на криминална група предводена од Албанецот Дритан Ѓика. Тој повика на итна акција за спречување на ескалација на политичкото насилство во земјата.

Next Post
Исчезна 16-годишно момче од Скопје – полицијата трага по него

Исчезна 16-годишно момче од Скопје – полицијата трага по него

Инсајдерски информации ги откриваат тајните планови на Путин: Што планира рускиот претседател во Украина?

Инсајдерски информации ги откриваат тајните планови на Путин: Што планира рускиот претседател во Украина?

Препорачани Вести

Хутите погодиле аеродром во јужен Израел – Има повредени

4 months ago

Русија со силна реакција по најавите на Трамп

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.