Connect with us

Балкан

Вучиќ победи со водство од 51 глас, студентите повторно на улица

Избори во Косјериќ и Зајечар: Победа на СНС, обвинувања за нерегуларности и протести

Завчера се одржаа локални избори во општина Косјериќ и градот Зајечар, на кои право на глас имаа околу 55.000 граѓани. Изборите се сметаа за прв сериозен политички тест по месеците антивладини протести и студентски блокади.

Гласањето претставуваше испит и за владејачката коалиција предводена од Српската напредна партија (СНС), но и за опозицијата и студентското движење, кое доби силна поддршка по политичката и општествена криза предизвикана од трагедијата на железничката станица во Нови Сад.

Претседателот Александар Вучиќ, поранешен лидер на СНС, веднаш прогласи победа. Во обраќање до јавноста ги обвини опозициските сили за „линч, прогон на граѓани“ и „невидено кршење на изборните норми“, нагласувајќи дека и покрај тоа СНС победила и во двете општини — убедливо во Зајечар, а тесно во Косјериќ.

Вучиќ изјави дека нивните партнери ја победиле „обоената револуција“ финансирана од странство, без да посочи конкретни имиња.

Во Косјериќ, каде што 8.897 гласачи избираа помеѓу три листи, конечните резултати покажуваат тесна победа на СНС:

„Не ја даваме Србија – Александар Вучиќ“: 3.686 гласови (49,23%) – 14 мандати

„Обединети за Косјериќ“: 3.635 гласови (48,54%) – 13 мандати

Опозициската листа не ги призна резултатите, обвинувајќи за големи нерегуларности и најавувајќи барање за повторување на изборите. Според нив, важечки ливчиња биле прогласени за неважечки, а првичните податоци укажувале на нивна предност.

Студентското движење повика на протест за „одбрана на изборната волја“, при што голем број граѓани и студенти се собраа пред општинската зграда во Косјериќ. Протестот помина со навредливи скандирања кон Вучиќ и силно полициско обезбедување.

Во Зајечар, каде што граѓаните избираа помеѓу осум листи, резултатите се следни:

„Не ја даваме Србија – Александар Вучиќ“: 14.199 гласови (47,13%) – 27 мандати

„Промена во која веруваме“: 10.312 гласови (34,23%) – 19 мандати

„Обединети за спас на Зајечар“: 2.284 гласови (7,84%) – 4 мандати

Пет листи, меѓу кои и Социјалистичката партија на Србија, не добија мандати. Излезноста во Зајечар била 63,64 проценти. Градската изборна комисија соопшти дека изборниот ден поминал мирно, но и тука опозицијата пријави изборни нерегуларности и обвини за изборна кражба.

Миладин Крстиќ од „Обединети за спас на Зајечар“ изјави дека имаат видео-докази за поткуп на гласачи и најави поднесување пријава до обвинителството. Тој рече дека опозицијата нема да бара повторување на изборите, но очекува признавање на, како што ја нарече, вистинската победа.

Advertisement

Балкан

Заглавен европскиот пат: БиХ останува без одлука за старт на преговори со ЕУ

Советот на министри на Босна и Херцеговина денес не успеа да донесе одлуки што би овозможиле отворање на преговорите за членство со Европската Унија пред седницата на Европскиот совет закажана за 18 и 19 декември. Причина за тоа беше повторното одбивање на министрите именувани од Милорад Додик да се дискутира за два клучни реформски закона.

На дневниот ред, објавен минатата недела од претседателката на Советот на министри Борјана Кришто, беа предлог-законите за Судот на БиХ и за Високиот судски и обвинителски совет, како и одлуката за формирање канцеларија на главниот преговарач со ЕУ. Сепак, по ултиматумот од министрите за надворешна трговија и за финансии, овие точки воопшто не беа разгледувани.

Тие се заканија дека ќе го блокираат дневниот ред доколку се отвори расправа за реформските закони, што практично би значело и неодржување на седницата. Поради тоа, Кришто ги повлече спорните точки, а Советот разгледуваше само помалку значајни информации и технички прашања.

Властите на Република Српска не ги прифаќаат нацрт-законите подготвени од Министерството за правда, иако тие се изработени согласно препораките на Европската комисија. Дополнително, инсистираат главниот преговарач со ЕУ да доаѓа од СНСД, барање што партиите од бошњачко-граѓанскиот блок категорично го одбиваат.

Засега нема најава кога клучните реформски закони ќе се најдат повторно на дневен ред на Советот на министри или во државниот парламент. Сè поизвесно е дека Босна и Херцеговина ќе ја дочека 2026 година без јасна перспектива за започнување преговори со Европската Унија.

Иако земјата доби условно зелено светло за отворање преговори уште во март 2024 година, оттогаш нема конкретен напредок. Заедно со Косово, БиХ во моментов се наоѓа на дното од процесот на европска интеграција меѓу земјите од Западен Балкан.

Continue Reading

Балкан

Грчките земјоделци повторно блокираа премин: Богородица ограничен за патнички возила

Граничниот премин Богородица од 18 часот попладнево е блокиран за сите видови сообраќај поради протест на грчките земјоделци, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Засега, на преминот можат да влегуваат само товарни возила од Грција кон Македонија, додека излез од Грција е дозволен само за товарни моторни возила. Патнички возила и автобуси засега не можат да ја користат граничната линија.

Автомото сојузот апелира на внимателност и следење на сообраќајните информации пред патувањето кон граничниот премин Богородица.

Continue Reading

Балкан

Турски Ф-16 собори дрон над Црното Море 

Турските воени сили соборија неидентификуван дрон кој се приближувал кон турскиот воздушен простор над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Објектот бил „надвор од контрола“, а соборувањето се извршило на безбедна локација, надвор од населени места, за да се избегне потенцијална штета.

Инцидентот се случува во услови на зголемени регионални тензии, по нападите на украинските поморски дронови врз руски танкери во близина на турскиот брег. Турските воздухопловни сили реагирале со подигање на ловци Ф-16 откако дронот бил детектиран.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно ги осуди украинските напади, оценувајќи ги како сериозна закана за безбедноста на пловидбата, човечките животи и животната средина. Министерството за одбрана не соопшти дополнителни детали за точната локација и времето на инцидентот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг