Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека – собрани над 923 илјади денари од донации

by
2025/06/11 08:19:46
in Uncategorized
„Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека – собрани над 923 илјади денари од донации

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата набавка на компресивна облека наменета за повредените во трагичниот настан во Кочани, во вкупна вредност од 923.458 денари.

Средствата за набавката се целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјава и странство, соопштија од иницијативата.

Компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Дополнително, обезбедени се и средства за втора тура, при што на 16 и 17 јуни ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе започнат со земање индивидуални мерки за новата нарачка.

Особена благодарност од „Сапорт Кочани“ беше упатена до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобрија попуст во износ од 19.600 лева, со што значително беше олеснето обезбедувањето на неопходната медицинска опрема за повредените.

„Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја, има и начин. Ви благодариме на сите – граѓани, пријатели и непознати хумани срца – што покажавте што значи вистинска солидарност“, стои во соопштението од иницијативата.

Next Post

Ресен ја чека регионалната депонија: Селекција на отпадот и нова инфраструктура во борба за почиста Преспа

Албанските иселеници испратиле 251 милион евра во својата татковина во првиот квартал од 2025 година

Албанските иселеници испратиле 251 милион евра во својата татковина во првиот квартал од 2025 година

Препорачани Вести

Кина разви „дрон-комарец“ за тајни мисии и шпионажа

Кина разви „дрон-комарец“ за тајни мисии и шпионажа

6 months ago

Ѓорѓиевски најавува нови сообраќајни решенија за Скопје

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.