Одмоодделенецот Дамјан од Штип и неговиот наставник иако се прваци во Македонија на сите натпревари по математика не може да добијат парична награда оти прописите на Министерството за образование утврдиле дека детето е во осмолетка. Иако се натпреварува со средношколци и е најдобар министерството не правило отстапка да го награди и да му даде парична награда, што е навистина обесхрабрувачки и тажно.
ВАКВО НЕШТО ИМА САМО КАЈ НАС…Сеќавате ли се на штипскио Питагора, на детето чудо?Н
Нашта штипска, македонска гордост шо ни ги топлеше срцата со неговите подвизи.
Дамјан, уште од најниските одделенија се натпреваруваше со ученици неколку генерации поголеми од него и убедливо со максимален број на поени секогаш беше прв на натпреварите по Математика. Иако е осмо одделение, тој се натпреварува со средношколци и таму е убедливо прв со максимален број на поени.
НАЈБИТНОТО: Наместо ваквите чуда од деца, носители на медали од математички олимпијади да ги мотивираме, како би останале у државата, случува се невиден циркус. Имено во решението (видете сликата), Дамјан, не го следува парична награда од причина шо е основец, а е државен првак по Математика у конкуренција на средните школи. Да потсетам дека Дамјан сеа е осмо одделение.
ДАМЈАН ДАВКОВ, ТИ СИ НАША ГОРДОСТ!!! – извор Штипска идила.
Основец победува на натпревар за средношколци. Затоа што е многу напреден и не се вклопува во стандардите и законската рамка, Министерството за образование не одобрува стипендија. Паралелно, судирот на интереси кај високи функционери, не е пречка за добивање на тендери и грантови! – пишува штипјанка на Фејсбук.
Општина Штип ќе го награди основецот Дамјан Давков со 15.000 денари и признание за почесен граѓанин на општината, а Министерството за образование и наука (МОН) ќе го преиспита целиот случај околу постапката за доделување парична награда за ученикот и наставникот ментор, но и начинот на кој е организиран натпреварот од страна на здружението на наставници кое има акредитација за организирање на натпревари по математика.
Ова е одговорот на реакциите во јавноста по информацијата дека ученикот Дамјан Давков од Штип и неговиот наставник-ментор Кокан Радев се одбиени од МОН за доделување парична награда по основ на освоено прво место на државен ученички натпревар.
На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.
Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.
Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.
Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.
Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.
На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.
На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.