Connect with us

Uncategorized

Ќе биде ли недела конечно неработен ден?

Published

on

Драфт-верзијата на измените на Законот за работни односи кои предвидуваат денот недела да биде неработен ден ќе се најде на денешната седница на Економско социјалниот совет (ЕСС). Одлуката недела да биде неработен ден Владата ја донесе на почетокот на ноември и требаше во рок од 14 дена Министерството за труд и социјална политика да подготви законско решение, но по три месеци од одлуката имаме само драфт-верзија.
Според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во дел од дејностите не може во целост да се воведе недела да биде неработен ден, односно работниот процес не може да запре и во недела. Во една од дискусиите на оваа тема таа изјави и дека кравите мора да се молзат во недела, за да има млеко во понеделник.


Предлогот недела да биде неработен ден наиде на поделени мислења кај работниците и работодавачите. Работодавачите сметаат дека земјава не е толку економски развиена и богата за да си дозволи недела да биде неработен ден за сите. Според нив, во недела се остварува значителен промет во стопанството што земјата не смее да го изгуби, особено приходите од викенд туристите од соседните земји.


Сојузот на синдикати смета дека со донесување на законско решение недела да биде неработен ден ќе се унапредат работничките права, работникот ќе биде попродуктивен, ќе има повеќе време за семејството, за одмор и професионално надградување и дообразување, а обврските можат да се завршат во текот на неделата, а истовремено да не трпи ниту бизнисот ниту работниците.
Од Организацијата на работодавачи сметаат дека треба да ја утврди листата на сезонски работи, каде нема да се инсистира во текот на сезоната неделата да биде неработен ден. Потоа, во индустријата каде има печки кои не смеат да се изгаснат да не мора недела да биде неработен ден, туку било кој друг ден во текот на неделата, и во сите други случаи недела да биде неработен ден, само по исклучок работниците да се викаат на работа во недела и за тој ден да добијат дневница повисока за 35 отсто.
И од Конфедерацијата на слободни синдикати предлагаат секоја работа во недела да се пресметува како прекувремена работа и да се исплаќа дневница која ќе биде за 35 отсто повисока од редовната.

Uncategorized

Божиновска: Со Чешка ги зајакнуваме економските врски и отвораме нови можности за инвестирање

Published

on

Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, престојуваше во работна посета на Прага, каде што се одржа продуктивна средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек. Целта на средбата беше зајакнување на економските врски помеѓу Северна Македонија и Чешка, како и отворање нови можности за инвестирање.

„Нашите дискусии ја истакнаа важноста на економската соработка меѓу двете земји и ги отворија вратите за нови инвестиции и идни можности,“ истакна Божиновска.

Таа нагласи дека со продлабочувањето на партнерството со Чешка, се создава стабилна основа за раст и развој на двете земји. Дополнително, Божиновска ги охрабри сите заинтересирани, особено во енергетскиот сектор, да ги препознаат можностите што ги нуди ова стратешко партнерство.

Continue Reading

Uncategorized

Без струја делови од Тетово и тетовско известуваат од ЕВН

Published

on

На 5.11.2024 (вторник), екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе започнат со активности за реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа во Тетово и тетовско. Ве известуваме дека, заради реализација на овие инвестициони зафати со цел подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места што припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) наведени во листата во прилог.

Дел од с.Брвеница, објекти кои се наоѓаат во близина на САНЛЕС прекин од 09:00 до 12:00 часот

Дел од град Тетово, објекти кои се наоѓаат во близина на Имиџ кафе и ресторан Сирена од 09:00 до 12:00 часот

Continue Reading

Uncategorized

Сашо Мијалков присуствуваше на осветувањето на црква

Published

on

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, присуствуваше на осветувањето на новата црква „Св. Димитриј“ во Штипско Ново Село, заедно со брат му Влатко Мијалков, поранешен директор на Царинската управа. Браќата Мијалкови се ктитори на црквата, која е богато украсена со фрески и икони. Ова е прво јавно појавување на Сашо Мијалков откако во мај беше предвреме ослободен од затворот во Струга, каде ја отслужуваше казната за случајот „Империја“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк