Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

НАЈМАСОВНАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА – „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ГОДИНАВА СО РЕКОРДНИ 55.627 ВОЛОНТЕРИ И НАД 645.000 КГ СОБРАН ОТПАД

by
2025/06/17 07:38:30
in Uncategorized

Рекордно учество од 55.627 волонтери и повеќе од 645 илјади килограми собран отпад на територија на сите општини во земјава – ова се резултатите од годинешнава, петта јубилејна еколошка акција „Генералка Викенд“ која се одржа од 9 до 11 мај. Во тридневната акција беа вклучениповеќе од 600 владини и невладини организации и институции, со логистичка и партнерска поддршка од голем број компании, обединети во заедничка цел за почиста и поздрава Македонија.

 

Главен стратешки партнер на „Генералка Викенд“, четвртагодина по ред е Пивара Скопје, а поддршка има и од официјалните партнери: Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасебанка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер и Костал. Акцијата, која е во организација на Мен енд маунтен беше поддржана и од ЗЕЛС и Црвениот крст на Р.С. Македонија.

 

Според резултатите ова е најмасовната и најуспешната еко-акција во земјава.

 

„Ја поздравувам иницијативата „Генералка викенд“ како најмасовна волонтерска акција. Ние како Влада и како Министерство за животна средина и просторно планирање ги поддржуваме сите акции во кои се покажува силна иницијатива, јака волја, инклузивност и желба да бидеме дел од промените со кои ќе се овозможи подобра иднина за нас и за следните генерации. На нашиот пат кон Европа, треба да се однесуваме европски. Министерството за животна средина и просторно планирање активно работи на воспоставување на системот на интегрирано и одржливо управување со отпадот“, изјави Министерот за животна средина Изет Меџити.

 

Во рамки на акцијата беше организирана и едукативната иницијатива „Генералка Викенд -ЕКО ЧАС“, реализирана во партнерство со Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ. Во неа беа вклучени повеќе од 36.000 ученици и 1.900 наставници, кои низ различни активности во своето опкружување придонесоа за почиста животна средина, а резултатите од нивниот труд беа презентирани во училиштата.

 

Почнувајќи од 2021 година, па досега, во еко акцијата„Генералка Викенд“ учествувале над 100.000 волонтери, а собран е повеќе од 1,5 милиони килограми отпад“.

 

“Континуитетот и растот на „Генералка Викенд“ низ годиниве се доказ дека ваквите еко-иницијативи може да имаат сериозно позитивно влијание во општеството. Резултатите постигнати во изминативе пет години покажуваат дека кога ќе се здружат граѓаните, институциите и бизнис секторот промената е неизбежна. Вредноста на оваа акција не е само во бројките туку во градењето свест – бидејќи ова не е прашање само на чиста околина туку и на создавање култура на одговорност и грижа. Оваа акција во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој“, вели Снежана Савиќ – Димовска, Директорка на секторот за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.

 

Врз основа на меморандумот во траење од 10 години, кој Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми го потпишаа со „Мен енд Маунтен“ во 2022 година, договорено е секоја година по завршувањето на„Генералка Викенд“ во ноември да се реализира вториот дел од волонтерската акција наречена „Сончева Гора“ што е акција за пошумување. Според договорот, на секои 10 килограми собран отпад државата посветува по едно дрво од годишните планови за пошумување. Како резултат на „Генералка Викенд“ 2025 година, согласно договорот со Министерството за земјоделство и Национални шуми на есен ќе биде засадена следната СОНЧЕВА ГОРА посветенана сите учесници во оваа храбра и инспиративна иницијатива.

„Нашето земјоделство е директно зависно од квалитетот на природните ресурси, а секоја активност што го заштитува животниот простор влијае и на подобрувањето на квалитетот на производите што ги добиваме од природата. Ние сме посветени на продолжување на поддршката за вакви иницијативи кои имаат долгорочен ефект на општеството и животната средина“ – изјави Борче Серафимовски, Државен Секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во рамките на овие акции за пошумување, само во изминативе четири години беа засадени над 125.000 садници на различни голи локации: околу езерото Младост во Велес, селото Ќојлија во општина Петровец, во близина на мегалитската опсерваторија Кокино и во општина Старо Нагоричане.

 

По повод петгодишниот јубилеј на „Генералка Викенд“ од 17 јуни започнува патувачка изложба – „5 години Генералка Викенд“, која ќе биде поставена во сите ЕУ Хаус центри во земјата. Патувачката изложба ќе започне во Тетово, а потоа ќе патува во Струга, Битола, Струмица, Велес, Крива Паланка, и ќе заврши во Скопје, во ноември годинава.

 

„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е доказ дека со посветеност и преданост можеме заедно да создадеме чуда. И покрај сите проблеми во нашата земја, луѓето покажуваат дека имаат моќ за обнова. Благодарност до волонтерите и луѓето во општините“, се заблагодарија Гордана Софија и Ханес Јеклод Мен енд Маунтен.

 

„Генералка Викенд“ е најголемата и најмоќна граѓанска еко акција во земјава, која ги поврзува институциите, граѓаните, младите, компаниите и медиумите во заедничка мисија – живот во чиста, здрава и зелена Македонија.

Next Post
Трамп повика на евакуација на Техеран додека конфликтот меѓу Иран и Израел влегува во петтиот ден

Трамп повика на евакуација на Техеран додека конфликтот меѓу Иран и Израел влегува во петтиот ден

Најмалку 14 загинати и стотици повредени во еден од најтешките руски напади врз Киев од почетокот на војната

Најмалку 14 загинати и стотици повредени во еден од најтешките руски напади врз Киев од почетокот на војната

Препорачани Вести

Кошмарот на Зеленски започнува? Најблиските соработници му ја соопштија суровата вистина

Кошмарот на Зеленски започнува? Најблиските соработници му ја соопштија суровата вистина

1 month ago

Наскоро почнува со работа „Македонска држава“ – првата дигитална библиотека за македонското историско наследство

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.