Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кривична против директор и четворица вработени во ЈКП во Кичево за несовесно работење и загрозување на животната средина

by
2025/06/17 09:08:51
in Uncategorized
Кривична против директор и четворица вработени во ЈКП во Кичево за несовесно работење и загрозување на животната средина

Кривична пријава против директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за „несовесно работење во службата“ и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ј.(49) од с.Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела во стек „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“, по член 230 став 1 и ст.5 и против Б.Б.(49) од с.Грешница, кичевско, С.А.(49) од Кичево, Д.Ј.(56) од Кичево и Ф.Т.(62) од Кичево поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ по член 230 став 4. З.Ј. – директор на Јавно комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, во периодот од 2020 година до денеска постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата, формирал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи. З.Ј. постапил спротивно и на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина затоа што депонија ја формирал на државно земјиште во населениот дел на Кичево без одлука на Советот на општина Кичево, без градежна дозвола и без да поседува Интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина.

Ваквата состојба била констатирана со Записник за извршен инспекциски надзор на Државен инспекторат за животна средина. На 04.06.2025 во дивата депонија, полициски службеници ги затекнале Б.Б., С.А., Д.Ј. и Ф.Т., сите вработени како возачи ЈКП „Комуналец“, како истураат комунален отпад од специјални возила за собирање отпад.

Next Post
Такер Карлсон: “Војна со Иран би можело да значи крај за Америка и Трамп”

Такер Карлсон: "Војна со Иран би можело да значи крај за Америка и Трамп"

ЕК ја казни Грција со речиси 400 милиони евра поради злоупотреба на земјоделски субвенции

ЕК ја казни Грција со речиси 400 милиони евра поради злоупотреба на земјоделски субвенции

Препорачани Вести

Зеленски: Нема јасни информации за руските намери на претстојните преговори во Истанбул

Зеленски: Нема јасни информации за руските намери на претстојните преговори во Истанбул

7 months ago

„Блумберг“: Москва е подготвена за долготрајна војна во Украина

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.