Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Над 140 жени нападнати со шприцеви за време на музички фестивал во Франција

by
2025/06/23 10:35:12
in Uncategorized
Над 140 жени нападнати со шприцеви за време на музички фестивал во Франција

Француските власти се соочуваат со загрижувачки бран напади врз жени за време на годинешниот фестивал „Fête de la Musique“, кој традиционално се одржува низ бројни француски градови. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, досега 145 жени, од кои многумина се тинејџерки, поднеле пријави дека биле нападнати со шприцови со непозната супстанција.

Париз најтешко погоден

Најголем број случаи се пријавени во главниот град, каде што најмалку 21 девојка изјавила дека била нападната. Фестивалот „Fête de la Musique“ за првпат се одржал токму во Париз во 1982 година, а денес се прославува низ цела Европа. Сепак, годинeшното издание на настанот беше засенето од сериозни инциденти.

Напади се регистрирани и во други градови, како што се Ањер-сур-Сен, каде што осум млади жени биле боцкани со шприцеви на градскиот плоштад – шест од нив поднеле официјални пријави и се здобиле со медицинска помош. Слични инциденти се пријавени и во Мец и Гренобл.

Содржината на шприцевите сѐ уште непозната

Некои од нападнатите жени покажале симптоми на мачнина и веднаш биле префрлени во болница, каде што се спроведуваат токсиколошки анализи. Засега останува непознато што точно се наоѓало во шприцевите. Истрагата разгледува и можност за координирани напади, имајќи предвид информации дека преку социјалните мрежи кружеле повици за такви акции.

Француската полиција досега приведе 12 осомничени, а во градот Ангулем се уапсени четири лица за кои се верува дека стојат зад нападите на околу 50 луѓе.

Надлежните апелираат до граѓаните за зголемена внимателност, особено при присуство на масовни собири, додека истрагата продолжува со цел да се расветлат овие сериозни инциденти.

Next Post
Русија испрати сериозно предупредување до Трамп: САД ја отворија Пандорината кутија со нападот врз Иран – никој не знае какви последици ќе следат

Русија испрати сериозно предупредување до Трамп: САД ја отворија Пандорината кутија со нападот врз Иран - никој не знае какви последици ќе следат

Сè почеста појава во европските ресторани: Ново правило што нема да ви се допадне – огромен трошок за туристите

Сè почеста појава во европските ресторани: Ново правило што нема да ви се допадне - огромен трошок за туристите

Препорачани Вести

Косово ја коригира патната сигнализација – земјата сега правилно означена со МК

2 weeks ago

Трамп удри со краен рок: Путин има само уште 10 дена

5 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.