Monday, December 29, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лавров: Не е праведно да се споредуваат конфликтите меѓу Израел и Иран со војната во Украина

by Уредник
2025/06/24 18:23:39
in Uncategorized

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е „неправедно и погрешно“ да се прават паралели помеѓу конфликтот меѓу Израел и Иран и руската инвазија врз Украина.

На меѓународниот форум „Примаков ридингс“ во Москва, Лавров нагласи дека „природата и контекстот“ на двете ситуации се суштински различни.

Според него, конфликтот на Блискиот Исток произлегол од, како што рече, „неосновани сомнежи на Израел“ за иранската работа на нуклеарна бомба, иако инспекциите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и американските разузнавачки служби досега не нашле докази за тоа.

„Иран постојано тврди дека го користи нуклеарниот програм во мирољубиви цели. Израел го нападна на 13 јуни без потврдени докази од МААЕ“, рече Лавров.

За разлика од тоа, тој тврди дека Украина „отворено ги прекршила своите обврски“ со приближувањето кон НАТО и со, како што рече, „создавање директна закана за руската безбедност“.

„Сакаа да изградат НАТО бази на Крим, а британците планираа база на Азовско Море. Тоа не можевме и нема да го дозволиме“, изјави Лавров, додавајќи дека заканата кон руската безбедност и, како што рече, „искоренувањето на сè што е руско“ се вистинските причини за инвазијата на Украина.

Според Лавров, додека во Украина се забранува рускиот јазик, „во Иран хебрејскиот не е забранет, постојат синагоги, а јудаизмот не е прогона религија.“

Министерот заклучи дека нема докази за непријателски акции од страна на Иран кон Израел, и оти споредбите со Украина се дел од „пропаганден наратив“ на Западот.

Next Post

Масовно апсење на полицијата во Скопје

Тивката база на иранската опозиција во срцето на Балканот: Кој се Муџахедин-е Калк и зошто се во Албанија?

Препорачани Вести

Огромен напад врз Украина: Русија лансираше голем број дронови

8 months ago

Пукање во близина на Белата куќа – Двајца припадници на Националната гарда застрелани

1 month ago

Популарни Вести

  • Горанецот Адем Хоџа избран за пратеник во Косовскиот парламент

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗАГРИЖУВАЧКО ИНФО: деца добивале мистериозни Viber пораки со лични информации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на стариот пат Прилеп–Битола, сообраќајот целосно во прекин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Црногорскиот сателит „LUCHA“ успешно лансиран во орбитата – нова ера за домашната космичка технологија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Убедлива победа за „Самоопределување“ на парламентарните избори во Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.