Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Брод со илјадници автомобили и огромна количина нафта потона во Тихиот океан

by
2025/06/26 17:40:47
in Uncategorized
Брод со илјадници автомобили и огромна количина нафта потона во Тихиот океан

Бродот Morning Midas, натоварен со илјадници возила, потона во Тихиот Океан три недели по избувнувањето на пожар на неговата палуба, соопштија американските власти.

Инцидентот се случил околу 667 километри оддалечено од брегот на Алјаска. Бродот, долг околу 180 метри, бил управуван од компанијата Zodiac Maritime и носел повеќе од 2.700 возила – меѓу нив 70 електрични, 681 хибрид и над 2.000 конвенционални модели. Компанијата потврди дека ниеден дел од товарот не бил спасен пред потонувањето.

На бродот имало и над 1.800 метрички тони гориво, што отвора потенцијален ризик од истекување на нафта. Сепак, американската крајбрежна стража информираше дека засега нема видливи знаци на загадување. На местото на потонувањето остануваат два спасувачки влекачи за да го надгледуваат подрачјето, а дополнителен брод е испратен со цел заштита на морската средина.

Сите 22 членови на екипажот биле успешно евакуирани преку спасувачки чамец и префрлени на комерцијален брод недолго по избувнувањето на пожарот на 3 јуни. Инцидентот се случил на околу 1.930 километри оддалеченост од градот Анкориџ.

Според изјавата на Zodiac Maritime, пожарот започнал на палубата каде биле сместени електричните возила, при што екипажот безуспешно се обидувал да го стави под контрола, по што испратил повик за помош. Противпожарни и спасувачки бродови пристигнале дури по една недела, но во меѓувреме огнот сам се изгаснал. Сепак, оштетувањата и неповолните временски услови довеле до потонување на бродот.

Бродот пловел под либериско знаме и бил на релација од Кина кон Мексико. Либерија ќе спроведе официјална истрага за причините за несреќата, а Zodiac Maritime ќе отвори посебна внатрешна истрага.

Иако вниманието е насочено кон електричните возила, кои користат литион-јонски батерии познати по ризикот од прегревање и пожари, и Zodiac Maritime и американската крајбрежна стража изјавија дека е прерано за заклучоци дали токму тие го предизвикале пожарот.

Next Post
Мбапе го тужи ПСЖ поради морално злоставување и долг од 55 милиони евра

Мбапе го тужи ПСЖ поради морално злоставување и долг од 55 милиони евра

Украина и Русија денеска реализираа нова размена на воени заробеници

Украина и Русија денеска реализираа нова размена на воени заробеници

Препорачани Вести

Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур

9 months ago
penzisko

Хаос во Фондот за ПИОМ, над 820.000 евра исплатени на лица кои не се појавувале на работа

11 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.