Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Андоновски: Државата има капацитет за дигитален попис во 2026 година

by
2025/06/28 09:19:36
in Uncategorized
Андоновски: Државата има капацитет за дигитален попис во 2026 година

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија е технички подготвена за спроведување на дигитален попис во 2026 година. Во интервју за Сител, тој нагласи дека овој процес е веќе вклучен во програмата на Владата и оти подготвителните активности се веќе во тек.

„Целта е да ја вратиме довербата на граѓаните во системот. Ако ги подготвиме сите услови, дигиталниот попис може да се одржи во 2026 година, наместо во редовниот термин во 2031“, изјави Андоновски, посочувајќи ја Словенија како пример за успешно дигитализирано попишување.

Андоновски истакна дека Владата веќе во април формирала работна група задолжена да ги дефинира предусловите за дигитален попис. Приоритет, како што рече, ќе биде прочистувањето на базите на податоци од различни институции за да се обезбеди точност и ефикасност на пописниот процес.

Дигиталната лична карта и возачка дозвола – достапни од октомври

Најавен е и значаен дигитален напредок: на Самитот за дигитализација на Западен Балкан, кој ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, ќе биде презентирана македонската апликација за дигитална лична карта и возачка дозвола. Од тој ден, граѓаните ќе можат да ја преземат апликацијата во тест-верзија.

„Ова е само почетокот на новата ера во дигиталните услуги“, изјави Андоновски, додавајќи дека платформата uslugi.gov.mk постојано се унапредува, а бројот на корисници веќе достигнал над 6.300. Посебно задоволство, рече министерот, претставува тоа што и институциите, вклучувајќи ги и судовите, веќе активно ги користат електронските потврди, како на пример потврдата за неосудуваност.

Во таа насока, најавено е укинување на дотурата за вадење изводи преку е-услугата на Управата за водење матични книги – во иднина, изводите ќе бидат достапни исклучиво преку порталот uslugi.gov.mk. За поголема транспарентност и интеракција со граѓаните, ќе биде воведена и услугата „Електронско сандаче“, каде корисниците ќе добиваат известувања и информации директно на својата дигитална адреса.

Собранието ги изгласа клучните закони за дигитална трансформација

На 58. седница, Собранието ги усвои четирите столба на дигиталната реформа:

Законот за електронски комуникации

Законот за безбедност на мрежни и информациски системи

Измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги

Законот за архивски материјал и архивска дејност

„Станува збор за комплетен и усогласен сет на законски решенија со европската дигитална легислатива. Ова е клучен чекор кон модерна, дигитална администрација“, истакна Андоновски.

Next Post
Мајкл Џордан во прошетка низ Дубровник – легендата ужива на јадранското крајбрежје

Мајкл Џордан во прошетка низ Дубровник – легендата ужива на јадранското крајбрежје

Потресно сведоштво на поранешен возач: „Ги молев да го разбудам Шумахер, но не ми дозволија“

Потресно сведоштво на поранешен возач: „Ги молев да го разбудам Шумахер, но не ми дозволија“

Препорачани Вести

Ова е Пагсли, мачката со најдолга опашка: Таа е светски рекордер, а луѓето на интернет ја обожаваат (ВИДЕО)

Ова е Пагсли, мачката со најдолга опашка: Таа е светски рекордер, а луѓето на интернет ја обожаваат (ВИДЕО)

9 months ago

Чаби Алонсо официјално го презеде Реал Мадрид

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.