Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Уапсен македонски камионџија по трагична несреќа во Грција: Загинаа татко и 13-годишен син

by
2025/06/29 08:10:33
in Uncategorized

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случила вчера околу 16 часот на стариот магистрален пат Солун – Верија, на делницата меѓу Халкидони и Лудија, при што животот го загубија 44-годишен маж и неговиот 13-годишен син. Во несреќата учествувал и 34-годишен возач на камион од Македонија, кој веднаш бил уапсен од грчката полиција.

Според информации објавени од грчкиот портал protothema.gr, под засега неразјаснети околности дошло до жесток фронтален судир меѓу камионот и патничко возило во кое патувало четиричлено семејство.

Таткото починал на самото место, додека синот им подлегнал на повредите кратко по несреќата. Мајката (43) и нивниот помал син (9) се здобиле со тешки повреди и биле итно префрлени во солунската болница „Гениматас“.

Според изјава на близок роднина, семејството се враќало од шопинг во Солун кон нивниот дом во село во регионот Пела. Семејството е во шок, а точните причини за несреќата сè уште се утврдуваат.

Фотографиите од местото на настанот прикажуваат целосно уништено патничко возило, што сведочи за силата на ударот. Грчката полиција продолжува со истрагата.

Next Post

Од воени возила до противпожарна служба: Стара техника добива нов живот во борба со шумските пожари

Погина украински пилот, соборен уште еден F-16 во масовен руски напад

Препорачани Вести

Гордеј се, Македонијо! Вероника Костовска меѓу најдобрите во светот!

10 months ago
Четвртфинале за Лина Ѓорческа во Куршумлијска бања

Четвртфинале за Лина Ѓорческа во Куршумлијска бања

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.