Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трагедија го потресе Балканот: Жена почина откако била нападната од глутница кучиња

by
2025/06/30 09:25:12
in Uncategorized
Трагедија го потресе Балканот: Жена почина откако била нападната од глутница кучиња

Почина Марија Буковиќ – 66-годишната жена нападната од кучиња во Даскатица

Хрватските медиуми денеска јавуваат дека почина Марија Буковиќ (66), жената која во март годинава беше тешко повредена при напад од чопор кучиња во селото Даскатица, кај Чазма. Веста за нејзината смрт ја потврди и директорката на Општата болница „Д-р Анѓелко Вишиќ“ во Бјеловар, Санела Грбаш Братковиќ, која, повикувајќи се на професионалната етика, не откри детали за случајот.

– Лекарите дадоа сè од себе за да ѝ помогнат на несреќната жена – изјави кратко Братковиќ.

Трагедијата се случи на 17 март годинава, кога Марија, за време на секојдневната прошетка низ селото, беше нападната од четири кучиња, во сопственост на нејзини соседи. Жестокиот напад резултираше со тешки телесни повреди – повреди по лицето, рацете, нозете и стомакот. Во бесознание, жената ја пронашол нејзиниот брат Никола, кој веднаш повикал Итна медицинска помош.

– Чув како вика: „Бранка, Бранка! Таа умира, нема да преживее!“ Се избезумив. Веднаш повикавме брза помош и полиција. Ни рекоа да не ја допираме. Маж ми ми кажа дека буквално ја изеле. Ѝ било одгризено увото, дел од лицето, главата ѝ била нагризана, немала коса, се гледале ребрата – изјави ден по нападот Бранка Буковиќ, роднина на Марија, видно потресена.

Од моментот на нападот па сè до вчера, Марија се наоѓала на лекување во болницата во Бјеловар. Лекарите се бореле за нејзиниот живот со сите расположливи методи – таа преживеала неколку оперативни зафати, вклучувајќи ампутација на рака и пресадување на кожа. Сепак, повредите биле преголеми, а организмот премногу ослабен за да издржи.

Местото Даскатица и целата заедница се уште се под впечаток од трагичниот настан, кој отвори сериозни прашања за одговорноста на сопствениците на опасни животни и безбедноста во руралните средини.

Next Post

МАН: Режимот на СДСМ сеуште повикува на инквизиција - Јавното обвинителство да превземе мерки кон функционерот Костадин Костадинов

19 годишна девојка возела камен пијана, предизвикала сообраќајна несреќа и побегнала – полицијата веднаш ја приведе

19 годишна девојка возела камен пијана, предизвикала сообраќајна несреќа и побегнала - полицијата веднаш ја приведе

Препорачани Вести

Уапсени старешина и полициски инспектор вечерва во Куманово

Земјотрес од 4,8 степени ја погоди Турција

4 months ago

Од денес почесни граѓани на Општина Бутел се: Елиф Елмас, Дејан Горгиевски, Масар Омерагиќ, Шабан Трстена и други

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.