Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВЛЕН поднесува кривична пријава за сомнеж за фалсификување на пописот од 2021 година

by
2025/07/02 14:47:49
in Uncategorized

Во име на ВЛЕН, Фатмир Сабриу извести дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод за статистика, како и други одговорни лица од тогашната Влада на ДУИ и СДСМ. Повод за пријавата е сомнежот за политичко договарање и фалсификување на резултатите од пописот на населението во 2021 година, за што се сомневаат дека е сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според ВЛЕН, пописот драстично ги намалил прикажаните бројки на Албанците во многу населени места, што предизвикува губење на уставно загарантирани права како вработување, политичка застапеност и јазична еднаквост. Дополнително, институциите донесуваат одлуки за распределба на средства врз основа на неточни податоци, што ги оштетува граѓаните.

ВЛЕН бара Јавното обвинителство да ги испита овие наводи и да спроведе темелна истрага. Сабриу додаде дека признанијата од високи функционери на ДУИ дека „пописот бил во рамки на договореното“ дополнително ја засилуваат сомнителната политичка режија на целиот процес.

„Нема компромис кога се повредува достоинството и бројноста на нашата заедница. Борбата за вистината започнува сега и ќе ја истуркаме до крај, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“, изјави Сабриу.

Next Post

Тага во Холивуд, почина познат актер од култна серија

Азизи: Владата одобри 829 проекти за локална инфраструктура во вредност од 15 милијарди денари

Препорачани Вести

Градоначалникот на Општина Центар ја донираше платата за настраданите во Кочани

9 months ago

Страшна сообраќајка во Битола – Прегазени две 23-годишни девојки

1 month ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.