All posts by Evridika S

Имаме секс секој ден, затоа е толку добар на теренот – откри сопругата на Рамос

Атрактивната Пилар Рубио, која е сопруга на Серхио Рамос, откри детали од спалната соба и кажа дека тие имаат секс секој ден.

Пилар неодамна гостуваше во една емисија во која зборуваше за интимни прашања, па не ѝ беше срам да откри некои работи.

„Имаме секс секој ден, освен кога сум во Мадрид. Мотие деца легнуваат да спијат во 21.30“, вели Рубио.closevolume_offjavascript:false 

Оваа атрактивна манекенка живее во Париз, но често седи и во Мадрид каде што има работни обврски.

Пејачот Марко Булат пренесен во болница, го претепала сопругата

Пејачот Марко Булат (49) денеска околу 16 часот бил пренесен во Ургентниот центар во Белград, откако го претепала сопругата Марија, пишува „Блиц“. Тие пишуваат и дека фолк-пејачот е на операција, но не јавуваат повеќе детали.

Булат во болницата бил донесен со приватно возило, а неговите повреди биле видливи. Тој бил повреден при расправија со сопругата во семејната куќа во Нов Белград.

Пејачот се прослави уште во 1990-тите години и го доби прекарот „Кралот на сплавовите“. Тој учествуваше и во реалното шоу „Задруга“, но и во „Срвајвер“ заедно со Тони Зен и Гоца Тржан.

Марко и Марија се во брак седум години.

(Фото) Човекот со најголем пенис во светот се сликаше по гаќи

Човекот со најголемиот пенис во светот, Џон Фалкон се сликаше по гаќи, а фотографиите ги објави на социјалните мрежи. Фалкон е познат како човекот кој го држи рекордот со најголем пенис, со должина од 34,9 сантиметри во ерекција.

Фалкон ретко објавува фотографии на социјалните мрежи од својот полов орган. Но, овојпат објави една во новите гаќи. Фановите му напишаа дека е подготвен за на плажа.

„Се надевам дека времето ќе се погоди и нема да се возбудам многу на плажа или базен“, рече Фалкон кој од фановите доби само убави коментари. Некои и го викнаа да им дојде на гости.

Иако голем број од мажите му завидуваат, сепак Фалкон вели дека има големи проблеми со сексот. Прво жените не можат да се носат со големината на неговиот пенис и затоа не сакаат да спијат со него. Имало случаи и кога прекинувале среде акција, зашто им било болно.

„Најголемиот предизвик и проблем кој ми се појавува во последно време, е што повеќето од жените се откажуваат предвреме. Веројатно заради тоа што изминатиот период особено ми се има здебелено и зголемено“, вели Фалкон.

„Ги користам сите можни лубриканти, но бадијала. Обично ми велат дека очекувале да ми биде толку голем, но, не до толку“, вели Фалкон, кој обајсни дека за време на сексот мора да биде многу внимателен за да не се повреди.

„Секогаш внимавам да не се повредам. Се сеќавам дека еднаш за време на сексот, како возбудата растеше, почна да расте во погрешна насока и за малку можеше да се скрши. Никогаш не дозволувам девојката да седи на мене, затоа што така сигурно ќе се повредам“, призна Фалкон

Во Молдавија пијани возачи ќе мора да работат во мртовечница

Молдавија најде прилично радикален начин за борба против возачите во пијана состојба.

Оваа земја со години се соочува со огромни проблеми со пијаните возачи, па воведе прилично радикална мерка која се покажа како ефикасна и го намали бројот на луѓе што го повторуваат овој прекршок.

Имено, возачите на кои им е одземена возачката дозвола поради сообраќаен прекршок, може да ја добијат назад ако платат 200 евра и на тој начин си „купуваат“ билет за посебна поправна програма. Треба да се земе предвид еден важен факт, а тоа е дека просечната плата во Молдавија е околу 270 евра.

Поправната програма се состои од работа во болница. Возачите што се испратени таму треба да му помагаат на медицинскиот персонал при давање помош на жртвите од сообраќајни незгоди. Кога таму не е потребна помош, тие се испраќаат на друго одделение – во мртовечница. Мора да ја завршат целата работа што вообичаено се врши таму, како помагање при обдукција и миење на телата.

Програмата започна во главниот град во 2019 година со шест возачи кои биле казнети поради возење под дејство на алкохол. Еден се откажал од програмата по неколку минути откако почнал да работи во мртовечница, а друг рекол дека тоа му била најтешката лекција во животот.

– Ова ми е најтешката лекција во животот. Завршив со алкохолот, повеќе нема да пијам, ниту капка. Не сакам да се вратам тука – изјавил еден од возачите.

Кога осудените возачи ќе ја завршат оваа специјална програма, тие мора повторно да полагаат возачки испит.

Во моментов програмата дава одлични резултати. Над 600 возачи ја поминале, а досега е евидентиран само еден случај на повторување на истиот прекршок.

Дејвид има пенис голем како ауспух – открива Викторија Бекам

Познатат пејачка и модна дизјанерка Викторија Бекам во интервју откри детали за интимата на нејзиниот сопруг. „Многу сум горда што и денес имаме добар секс. Мојот сопруг е во многу добра форма. Обично сум гола во кревет, но тој почна да ми купува и долна облека. Што се однесува до неговиот пенис, тој е огромен. …

ЉУБОВТА НА ПРВ ПОГЛЕД НЕ ПОСТОИ. ТОА ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ ВО САЛАТА ЗА ИГРАЧИ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, АКО СТЕ МАЛКУ ПИЈАНИ, ТОГАШ ДЕТАЛИТЕ СЕ КАКО ВО МАГЛА. ДОДЕКА ОСТАНАТИТЕ ФУДБАЛЕРИ СТОЈАТ ПОКРАЈ ШАНКОТ И ПИЈАТ СО СВОИТЕ ДРУГАРИ,ГО ЗДОГЛЕДУВАТЕ ДЕЈВИД КАКО СТОИ НА СТРАНА СО СВОЕТО СЕМЕЈСТВО. И ИМА ТОЛКУ СЛАТКА НАСМЕВКА. И ВИЕ СТЕ БЛИСКИ СО СЕМЕЈСТВОТО И ПОМИСЛУВАТЕ КОЛКУ СТЕ МОЖЕБИ СЛИЧНИ. ГО БАРАТЕ НЕГОВИОТ БРОЈ. УШТЕ ЈА ЧУВАТЕ АВИОНСКАТА КАРТА ОД ЛОНДОН ДО МАНЧЕСТЕР НА КОЈА СТЕ ГО ЗАПИШАЛЕ“, РЕЧЕ ВИКТОРИЈА

Неодамна и Бекам проговори за детали од приватниот живот. Некогаш еден од најпознатите фудбалери на планетата, Дејвид Бекам, истакна дека се грижи за здравјето на својата сопруга Викторија поради нејзината строга исхрана.

Тие се во брак веќе речиси 25 години, а многу пати се имаат појавено и во јавноста. Бекам поради неа имаше проблеми и со некогашниот тренер, Сер Алекс Фергусон, а сега откри дека Викторнија веќе 25 години јаде едно исто јадење, риба приготвена на скара  и зеленчук зготвен на пареа.

Бајден фатил девојка за рамо и ѝ рекол: „Немој пред да наполниш 30 години…“

Американскиот претседател Џо Бајден повторно се најде во центарот на вниманието откако фатил млада девојка за рамо и ѝ рекол „нема сериозни врски со момчиња додека не наполниш 30 години“.

Настанот се случил за време на неговата посета на колеџот Ирвин Вали во Калифорнија. Кога претседателот го завршил своето обраќање во колеџот, застанал да позира со некои од оние кои се собрале да го слушаат.

Тестирањето на невиноста сега е кривично дело во Косово

Тестот за невиност сега е кривично дело според измените на Кривичниот законик на Косово одобрени од владата на стотата седница на 12 октомври, објавија агенциите Косово Инфо. На седницата беше одобрен предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик со кој се заоструваат казните за лицата прогласени за виновни за силување, полов напад и семејно насилство.

На прес-конференција по средбата, косовската министерка за правда Албулена Хаџиу рече дека на официјалната веб-страница на Судскиот совет на Косово ќе биде објавен список на осудени за силување и семејно насилство, кој ќе биде достапен за јавноста. Новите мерки предвидуваат забрана за вработување во јавниот сектор на осудените за овие кривични дела во период од три до десет години на сите нивоа, како и забрана за добивање возачки дозволи, информира косовскиот онлајн весник insajderi.org.

Активистите за човекови права ја поздравија ваквата одлука на Владата, бидејќи сметаат дека овие измени во Кривичниот законик ќе помогнат да се спречи насилството врз жените.

Активистката за права на жените, Резе Абдулаху, нагласува дека промените во граѓанскиот законик ќе го минимизираат семејното и сексуалното насилство и ќе доведат до поголемо пријавување на вакви случаи за да се ублажи теоријата за „обвинување на жртвата“, пишуваат тие и од insiders.org.

„Измените во Кривичниот законик во однос на семејното и сексуалното насилство, освен што спречуваат, намалуваат и заслужено казнуваат, придонесуваат и за промена на размислувањето и патријархалниот пристап кон феноменот. Полека ќе се промени и размислувањето дека семејното и сексуалното насилство се семејни и лични проблеми (…) Државата оживеа за да ги заштити девојките и жените“, рече Абдулаху во одговор на весникот „Назионе“, цитиран од insajderi.org.

Во објава на Фејсбук, цитирана од Косова инфо, советникот на министерот за правда Фламур Пирева објави дека за новото кривично дело се воведени санкции бидејќи тестот за невиност се смета за непотребен лекарски преглед со кој се нарушуваат основните човекови права.

Вчера министерката за правда Албулена Хаџиу изјави дека одлуката тестот за невиност да се прогласи за кривично дело е донесена по повеќегодишни форензички извештаи дека многу луѓе прават тестови за невиност, пренесува Косова инфо.

Како одговор на активистот Алтин Хазизај, кој го поврза овој тест со големото влијание на религијата во Косово, Хаџиу рече дека тестот за невиност се прави и во Албанија и нема никаква врска со религијата.

Хаџиу додаде дека порастот на случаите на семејно и сексуално насилство во Косово е алармантен, поради што, според нејзините зборови, многу добро се прифатени измените на Кривичниот законик.

Министерката Хаџиу зборуваше и за случајот со силувањето на 11-годишното девојче, велејќи дека, според неа, случајот со насилството врз 11-годишното дете покажува „неуспех на /судскиот/ систем. што не успеа да го заштити“.

На почетокот на септември оваа година, во Косово избувна масовен бес, кој прерасна во протести со барање правда, заштита и безбедност за жените по силувањето на 11-годишно девојче од страна на пет мажи.

За време на протестите во септември, активистката од Колективот за феминистичка мисла и акција Трина Бинаку, цитирана од КосоваПрес, објави дека во последните шест месеци биле регистрирани 36 случаи на силување на жени, додавајќи дека „насилството не е само тажно и грдо инцидент, како што некои го опишуваат, тоа е површината на системското насилство на кое секојдневно се подложени косовските девојки и жени“. Според Бинаку, силувањето на 11-годишното девојче е аларм за сите, особено за државата, која, според неа, продолжува да застанува на страната на силувачите.

(Видео) Авион удри во станбена зграда во Русија

Полн авион удри во станбена зграда во рускиот град Ејск во Краснодарската област. При зголемување на висината за тренинг лет од воен аеродром, авион СУ-34 доживеа несреќа, пренесе РИА Новости.

Според извештајот на руските власти, пилотите успеале да се катапултираат. Причина за несреќата е палење на еден од моторите при полетување.

Џамбаски до Ковачевски: Ние одлучуваме што сте, твоето име е бугарска али-експрес верзија

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски реагираше на изјавата на премиерот Ковачевски дека не го познава кој е дека македонизам секогаш ќе има.

Преку видеото објавено на Фејсбук, Џамбаски му порача на македонскиот премиер дека не е важно дали го познава или не, бидејќи тој и неговите сопартијци знаат кој е тој и од какво семејство потекнува.

„Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите меѓу Заев и Борисов. Носеше папки, вршеше бирократски работи, како машка секретарка. Тоа е задачата на исполнувачите на туѓа волја. Тој е фасада, ја исполнува агендата на Белград и Кремљ“, вели Џамбаски во видеото.

Џамбаски додаде дека Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, но тој е антибугарска, фашистичка идеологија која има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија.

„Ковачевски тврди дека македонскиот јазик е единствен. Но тој е дијалект на бугарскиот јазик и тоа го докажува секој лингвист. Македонизмот и македонскиот идентитет е ГМО, како и неговото име. Тој не Димитр, туку Димитар. Неговото име е бугарска али-експрес верзија“.

Џамбаски додаде дека Македонија нема никаква историја пред 1944-та година. На Ковачевски му порачува дека тој и неговите предци имаат титовско минато.

Бугарскиот европратеник порача и дека Ковачевски не решава ништо во врска со ЕУ, туку Бугарите.

„Ние Бугарите сме дел од ЕУ, а вие србоманите не сте. Ние Бугарите сме од тие што решаваат каде сте вие. Кои сте вие решаваме ние, не вие Димитар или Белград. Вие не решавате ништо. Вакви какви што сте, можете да направите сојуз со Северна Кореја“.