All posts by Evridika S

Апасиев: Струја за Арачиново ќе има а за градинките, школите и факултетите ќе нема

Македонците бараат спас во коцката: За 1 година, обложувалниците им земале на граѓаните 488,3 милиони евра

Во 18 компании од секторот „обложувалници и огранизатори на игри на среќа“, минатата година граѓаните „оставиле“ 488,3 милиони евра.

Тоа е значително повеќе од 2020 година кога во секторот влегле 366 милиони евра.  Ова е и разбирливо, ако се земе предвид дека во 2020 година, поради пандемијата имаше карантини и забрани за одење во обложувалници и во затворен простор, се вели во анализата на порталот „Пари“.

Ако се земе износот на ставени на коцка околу милијарда евра (ова не е конечен список на сите фирми од оваа дејност, но тука се речиси сите и најголемите), не може да се избегне впечатокот дека нашиот народ сака да си игра со среќата. Многу економисти и социолози истакнуваа дека „колку народот е посиромашен, толку е повеќе склон да игра игри на среќа“.

Од вложените безмалку половина милијарди евра, некој и ќарил. Но обложувањата и коцката се такви што многумина ќе изгубат пари. Некои загуби се незначителни, всушност тоа се пари планирани за малку евтина социјална дружба, со тикет во рака во спортска обложувалница, како во некое кафуле на пијачка. Но, некои чинат многу – дотолку што уништиле цели семејства.

Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека добивките на обложувалниците и организаторите на игри на среќа се движат од 78.000 евра до 15,7 милиони евра.

Играчниците со апаратите за игра на среќа „Про Бетинг“ лани имала промет од 83,7 милиони евра, но добивка од само 78.000 евра. Тоа е вушност и најмалата добивка од страна на компаниите од оваа дејност, направена лани.

Најголемата добивка е направена од страна на Државна видеолотарија на РСМ -КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје. Таму добивката е дури 15,7 милиони евра. Но, она што е особено интересно е дека оваа добивка е на промет од 67,4 милиони евра, што укажува на тоа дека секој четврти денар од прометот е за профитот на фирмата.

Најмалата по приход во ова друштво е „Спорт лајф гејминг“, дел од „Спорт лајф групацијата“ која има фирма за автомат-клубови за игри на среќа и за обложувалници – „Спорт лајф трејдинг“. Од автоматите за игри на среќа во „Спорт лајф гејминг“ лани се слеале 3,7 милиони евра, а тоа донело солидна добивка од 948.000 евра.

Грозоморно: Пет мажи седум часа силувале 11- годишно девојче во Приштина

Основниот суд во Приштина донесе одлука да му определи мерка притвор во траење од еден месец, на малолетникот кој е осомничен дека во саботата заедно со уште четири лица силувал девојче.

Ова го соопшти портпаролката, Мирлинда Гаши.

„Повикувајќи се на Вашето барање за информација, ве известуваме дека во врска со овој случај, Основниот суд во Приштина – Одделот за малолетници изрече мерка притвор во траење од еден месец против малолетно лице, кое се сомничи дека е вмешано во овој случај“, рече Гаши.

Таа додаде дека во однос на другото лице приведено за овој случај, се очекува одлуката да биде донесена дополнително.

„Ве информираме дека во врска со овој случај, Основниот суд во Приштина, Одделот за тешки кривични дела денеска од Основното обвинителство во Приштина доби барање за определување мерка притвор за обвинет, кој се сомничи дека е вмешан во овој предмет “, рече Гаши.

Пет лица се осомничени дека во саботата од 17:30 до 00:30 часот силувале малолетничка. Случајот е пријавен во косовската полиција, која преку 24-часовниот извештај соопшти дека во врска со овој инцидент се уапсени двајца осомничени.

Во меѓувреме, портпаролката на Основното обвинителство во Приштина, Лаурета Улај објави дека државниот обвинител поднел барање за определување мерка притвор за двајцата уапсени.

Улај рече и дека за предметниот случај се преземаат сите потребни истражни дејствија во координација со сите надлежни институции. Не е познато каде се другите тројца, кои го силувале девојчето во саботата вечерта во Приштина, објавија косовските медиуми.

Си го променил името: Еди Рама е всушност Едвин Кристаќ

Петрит Васили, еден од  најблиските соработници на Илир Мета, порача дека загриженоста за промена на името или презимето треба да се упати до премиерот Еди Рама.

– Во 2002 година, Еди Рама официјално го промени своето име од Едвин Кристаќ Рама во Еди Рама. Единствениот човек што го имаме на највисоките нивоа на политиката и со многу голем формално-правен проблем, бидејќи исто така е предмет на законската регулатива да се проневери државна функција преку измама со генералите е најтипичен случај што го имаме е Еди Рама, напиша Васили

Шолц: Унијата нема да се проширува за скоро време

Германскиот канцелар Олаф Шолц на синоќешниот говор во Прага истакна дека унијата нема да се проширува во скоро време.

-ЕУ мора да се реформира пред да стане Унија со 30 или со 36 земји членки, вклучително земјите од западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија. – рече Шолц во своето обраќање.

Оваа изјава на германскиот канцелар директно опонира на политиките на Македонската влада која на граѓаните им нуди визија дека доколку собранието ги прифати бугарските ултиматуми земјата за брзо време може да стане членка на ЕУ.

Во својот говор во Прага, Шолц говореше и за други прашања како што се владеењето на правото, надворешната политика на ЕУ како и даночните политики за кои земјите во унијата не можат да најдат заеднички јазик затоа што Грција, Кипар па дури и Франција опонираат.

Нови факти за автобуската несреќа кога автобусот на „Беса транс“ целосно изгоре

Во интервју за БНТ, Милева вели дека досегашната истрага утврдила нови факти поврзани со она што се случило во трагичната ноќ на 23 ноември лани, кога автобусот на „Беса транс“ целосно изгоре

Предистражната постапка за сообраќајката со македонскиот автобус во која изгореа 46 лица е прекината, соопшти портпаролката на главниот обвинител, Сијка Милева. Причината за ова е што бугарските обвинители бараат повеќе сослушувања од нивните колеги во Северна Македонија.

Во интервју за БНТ, Милева вели дека досегашната истрага утврдила нови факти поврзани со она што се случило во трагичната ноќ на 23 ноември лани, кога автобусот на „Беса транс“ целосно изгоре.

Заштитната ограда ја заглавила вратата, пред која патниците се наоѓале во очајнички обид да излезат.

„Ова е огромна трагедија која ќе остане во мојот ум. Случај без преседан. Неспоредлив во историјата. Така беше дефиниран овој случај. Увидот траеше повеќе од 24 часа. Почна во темнина и заврши во темнина. Јавниот обвинител ја довери истрагата на тим од истражители од НСЛС, кои неуморно работеа под надзор на Окружното обвинителство – Перник“,изјави за БНТ портпаролката Милева, додавајќи дека на случајот работеа шест истражители и тројца обвинители, а собирањето докази заврши за само 10 дена.

„Сите пронајдени предмети одеднаш се вратени, а секој предмет е запечатен посебно. Извршени се 45 обдукции. Од секоја е земен биолошки материјал од кој е изваден ДНК примеро. Со барање за правна помош до правосудните органи во РСМ се бараа и се идентификувани роднините на жртвите, од кои е земен и ДНК примерок“,

Милева објаснува и дека седум дена траела компаративната анализа помеѓу ДНК примероците на починатите и оние на нивните роднини и на тој начин се идентификувани жртвите. Направен е и комплексен противпожарно-технички преглед, како и судско-медицинско вештачење за утврдување на причината за смртта на патниците.

„Утврдено е дека голем број од нив починале од задушување од пожарот и од термички удар. Овде имаме два настани – сообраќајна несреќа и пожар. Како последица на несреќата избувнал пожар. Од заклучокот на вештачењето, констатирано е дека возачот возел со неразумна и голема брзина, поради што изгубил контрола над возилото што го управувал. Колегите работеа и на верзијата за терористички чин. Направен е хемиски преглед, но дефинитивно не беше утврдено присуство на експлозивни материи. Македонските власти обезбедија целосна соработка во истрагата за овој трагичен случај. Со нив одржуваме многу добри пријателски и колегијални односи. Овде сакам да им се заблагодарам и на властите на Министерството за внатрешни работи и пожарникарите кои обезбедија целосна соработка во истрагата. За неодамнешното затворање на случајот, јавниот обвинител ги награди истражителите и лекарите кои работеа на случајот“,

Во моментов, предистражната постапка е прекината, бидејќи е подготвено второ барање за правна помош до македонските истражители. Тие мора како сведоци да ги испрашаат преживеаните во несреќата, како и роднините на жртвите.

„Тие треба да бидат информирани и за нивните права и обврски од бугарскиот кривичен процес и дали сакаат да им бидат презентирани материјалите од истрагата, како и да бидат информирани за текот на кривичната постапка“,

Во оваа кривична постапка во Бугарија беа сослушани 30-тина сведоци, меѓу кои возачот на автобусот, преживеаните патници и очевидци.

Николај Димитров, адвокатот на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од трагедијата на автобусот на „Беса транс“ на автопатот „Струма“ во Бугарија, за МИА во Софија изјави дека започнат е увид на теренот, чија цел е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата.

Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од местото каде што автобусот удри во банкината и се запали.

Зеленски: Aко сакаат да останат живи, руската војска мора да бега од Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика руската армија да се повлече пред големата офанзива што Киев ја започна во близина на градот Керсон.

Тој исто така рече дека Украина ќе си ја врати територијата, додека Русија тврди дека овој контранапад не успеал.

Украинската јужна команда соопшти дека нејзините трупи започнале офанзивни акции во неколку правци, вклучително и во регионот Керсон северно од полуостровот Крим, кој Русија го зазеде од Украина во 2014 година, пренесува Ројтерс.

Во ноќното обраќање, Зеленски ветил дека украинските војници ќе ја гонат руската армија „до границата“, според британската агенција. „Ако сакаат да преживеат, време е руската војска да побегне. Одете дома, Украина си го враќа своето“, нагласи Зеленски.

Алексеј Арестович, советник на украинскиот претседател, објави дека руската одбрана била „пробиена за неколку часа“.

Тој изјави дека украинските сили ги гранатирале руските линии за снабдување на западниот брег на реките Днепар во регионот Керсон.

Руското Министерство за одбрана објави дека украинските војници се обиделе да извршат офанзива во областите Миколаев и Херсон, но претрпеле значителни загуби, пренесе РИА.

„Обидот за непријателска офанзива не успеа“, се вели во соопштението на руското министерство.

Проруските власти во Нова Каховка соопштија дека градот останал без вода и струја по украинското гранатирање, јавува агенцијата РИА Новости.

Гранатирањето на градот Миколаив, кој е под украинска контрола и покрај постојаните руски бомбардирања, уби најмалку две лица, околу 24 беа ранети и уништени куќи, изјавија во понеделникот градските власти и очевидци.

Дописникот на Ројтерс јави дека нападот погодил семејна куќа, веднаш до училиштето, и загинала една жена.

Денеска се празнува споменот на Светиот маченик Мирон

Свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи. Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете. Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со нив го удри судијата-мачител в лице. Тогаш судијата Антипатар како да полуде, вон себеси, зеде меч и се уби самиот. Најпосле Мирон го одведоа во градот Кизик и таму го погубија со меч, во 250 година.

(Галерија) Преспа е на прав пат да стане бара

Жителите на Преспа и туристите, кои го посетуваат овој замрен туристички регион во државата, велат дека секој ден гледаат како пред очи им се губи Преспанското Езеро. Велат дека се немоќни како поединци да преземат ништо. Бараат државата и институциите да преземат итни мерки за спас на второто по големина езеро во земјава, додека не биде доцна.

(Фото) Погледнете ги новите вегетаријански женски обувки за секоја пригода

Новите модели на обувки се од неколку комбинации на зеленчук, а впечатливиот дизајн е одличен за разни дневни комбинации. Не се сомневаме дека за кратко време, овие модели на обувки ќе бидат едни од најзастапените низ улиците на модните метрополи.