Category Archives: Анализа

Кои производи најмногу ќе поскапат и ќе влијаат на инфлацијата?

Храната и натаму ќе поскапува. Лебот, брашното, маслото за јадење, кондиторските производи ќе бидат први на удар, објави Сител. Растот на цената на електричната енергија и на горивата, ќе ја подгреат инфлацијата. Државата мора да најде начин да интервенира и да го заштити и онака кревкиот стандард на граѓаните, бараат синдикатите.

Од Синдикатот велат – ако сега потрошувачката кошница за едно 4 члено семејство тешко дека се задоволува, со зголемување на цената на основните производи, стандардот уште повеќе ќе им се намали. Барат зголемување на платите на сите работници, иако сметаат дека покачување на цените, на производите, до сега не е оправдано.

Состојбата се следи, но за сега не смееме да интервенираме, затоа што сме во избори, велат од Владата. Додаваат дека за сега се е под контрола и нема потреба од загриженoст.

Анализа: Дали конфликтот во Косово може да се пренесе во Македонија и регионот?

Косовскиот премиер Албин Курти си игра со оган. Во анализа за Сител прфесорот Томе БАтковски од Факултетот за безбедност вели дека денешниот, но и неодамшнешниот инциден на Севереот на Косово се опасни за безбедносната состојба на целиот регион. Според него, во денешните случувања не се гледа дали КФОР интервенирал кога во состојба на мир се користи оружје, дали овие настани се со знаење на меѓународниот фактор и која е нивната цел.

Какво влијание може да имаат овие инциденти на Макеоднија: Батковски вели дека властите треба да бидат особено внимателни. Настаните на северот на Косово доаѓаат само една година откако во јавноста се појавија карти со прекроени граници. Тоа, според него не е случајно, туку претставува опопување на пулсот на јавноста.

Денешните инциденти на Косово започнаа со акцијата на косовските власти за спречување на шверц на стока во косовска Митровица. По ова следеа судири од локалното српско население. Има повредени и на две страни. Попладневно српскиот претседател Вучиќ се сретна со граѓаните на Северно Косово и вети дека Белград ќе биде постојано со нив.

Сител анализа

Храната сериозно ЌЕ ПОСКАПИ

Ново поскапување на лебот, маслото за јадење и кондиторските производи се очекува во периодов кој следи. Тоа се должи на поскапата струја што ја плаќаат индустриските капацитети, а за една година таа е зголемена за 100%. Цената на пченицата која ќе влијае на крајната цена на брашното и лебот порасна за 20%. Кај суровината за маслото, сончогледот зголемувањето е уште поголемо. Цените на транспортот заради пандемијата растат уште повеќе.

Спиралата на поскапување зема се поголем замав, а тоа ќе им се удри од глава на граѓаните кои и сега едвај преживуваат. Тие се пожалија дека сите трошоци растат забрзано, а никако реално да пораснат платите.

  • Ќе кажам дека граѓаниве се загревота. Посебно пензионериве со ниски примања буквално се загревота. Скоро се е поскапено за повеќе од 20%, па може и повеќе. Тоа сега е деновиве откако се отиде на горе, а платите и пензиите никако да мрднат, посебно во ова никакво време. Абе ова е катастрофа, ќе биде се полошо и полошо, не знам што ќе се прави, се пожалија граѓаните пред нашата камера.

Од Владата признаваат дека пандемијата се одрази на животниот стандард на граѓаните. Но мерките кои ги презеле влијаеле на ублажување на ударот, што граѓаните никако да го почувствуваат. Дека тоа е така зборува и последното поскапување од 214 денари во август, во споредба со јули, алармираше Сојузот на Синдикатите на Македонија.

  • Анализата на ССМ покажува, дека дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците и на цените, тогаш, ниту три минимални плати, не би биле доволни да го достигнат растот на минималната кошница, предупредуваат од ССМ.

И НБРМ евидентира раст на цените над очекувањата, а тој тренд се очекува да продолжи зарди неизвесноста на странските пазари. За владите ширум светот, поскапувањето на храната може да има висока политичка цена.

Прашањето е дали можат да сторат доволно за да спречат нејзино плаќање, пишува „Блумберг“. Светските цени на храните се околу 33% повисоки во август, во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на Организацијата на ООН за исхрана и земјоделство.

Инаку, кај нас, последно во низата поскапување се цените на мало на сите производи кои пораснале за дури 5% во однос на истиот период лани, измери државната статистика. Овој раст е само теоретски, а во пракса поскапувањето е далеку повеќе, што не се исклучува цените да одат уште нагоре.

Алфа телевизија

Од почетокот на Ковид-кризата без работа 50.000 лица, 5.000 фирми пропаднале за 6 месеци❗

50.000 лица од почеток на ковид-кризата останале без работа.

Според податоците на Агенцијата за вработување бројот на невработени лица во Македонија е околу 150.000.

Бројот на згаснати фирми во првите шест месеци од годинава и лани е во рамки на просекот. Лани вкупно биле избришани 6.214 компании, а регистрирани биле 7.077 фирми.

Во 2017 од списокот на Централниот регистар биле избришани 10.628, во 2018 година 6.864, а во 2019 – 7.234 фирми.

Груевски: Да не ни се случи грешка, да не биде не сум ви кажал

Фб статус кој треба да се проследи сите актуелни случувања во моментов Никола Груевски ги предвиде слушнете :

Секој што го напаѓа Никола Груевски, по било која основа, нека го погледне видеово од предизборната кампања лани, за изборите.

Посебно нека го погледнат поддржувачите на #СДСМ и тие кои гласаа за нив!!!

Се беше кажано, се беше објаснето, и денес кога иде #ЖивотВоМакедонија и Мафта со Албанско Знаме од првиот ден, размислете кој тоа ја кажал вистината, и најважно од се, кога тоа го кажал?????!!!!!!- ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ ДЕКА НЕ СМЕ КАЖАЛЕ -!!!!, се зборовите на Никола Груевски.Нека ви ЅВОНИ ова!!!!!!!
Ќе Живее Република Македонија!!!!!!!!!!

Се вакциниравте со Синофарм? Еве која е најновата студија на за оваа вакцина

Двете вакцини од кинеската компанија Синофарм се безбедни и ефикасни против Ковид-19, според студијата објавена во Медицинскиот журнал на Американската медицинска асоцијација.

Научниците чекаа повеќе детали за овие две вакцини, иако тие веќе се користат во многу земји, а една неодамна доби поддршка од Светската здравствена организација за итна употреба, објави АП.

Извештајот објавен на Интернет во журналот на Американската медицинска асоцијација заклучува дека вакцините се ефикасни околу 73 проценти, или 78 проценти, како што претходно тврдеше Синофарм.

Истражувачите од Синофарм и нејзините локални партнери на Блискиот исток наведуваат дека околу 40.380 учесници учествувале во истражувањето.

Две вакцини

Користени се две вакцини Синофарм, едната е изработена од Институтот за биолошки производи во Вухан, другата развиена од Институтот за биолошки производи во Пекинг и плацебо.

Анкетата е спроведена во четири земји – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Јордан, сепак, студијата покажа само податоци за Бахреин и ОАЕ.

– Нема ништо многу изненадувачки. Тоа е во согласност со она што тие претходно го тврдеа, но не ги отстранува целосно сомнежите за Синофарм – рече Џин Донг-јан, професор по медицина на Универзитетот во Хонг Конг, кој не беше вклучен во студијата.

Ја примија милиони низ целиот свет

Вакцините, обете направени од инактивирани вируси, веќе се дадени на милиони луѓе ширум светот.

Светската здравствена организација ја одобри вакцината „Ковид-19“ за итна употреба на институтот за биолошки производи во Пекинг, на почетокот на мај, така што таа е прва кинеска вакцина што го добила сертификатот.

Цените на храната и енергенсите ќе растат, животот на граѓаните ќе биде поскап

Цените на храната и енергенсите ќе растат, животот на граѓаните ќе биде поскап. Ова ќе ја подгрее инфлацијата, која се очекува да достигне 2,2%. Сепак, Народната банка уверува дека има механизами да ја држи под контрола. Во најновите проекции за македонската економија, предвидува постепено закрепнување и раст од 3,9% годинава, а враќање како во предкризниот период дури наредната 2022 година.

Загрижувачки е јавниот долг, кој веќе ја надмина психолошката граница од 60% од БДП, а според прогнозите би се зголемил за 2,5 проценти поени. Затоа централната банка со порака до државата – внимателно да го троши секој денар.

Ќе расте и извозот и увозот, Раст се очекува и кај инвестициите, како странските, така и домашните и државните. Дефицитот на тековната сметка ќе достигне нешто над 3% од БДП, а ќе се финансира преку приливи и задолжувања.

Банкарскиот сектор е солиден, кредитниот раст се очекува да достигне 5.8, кој ќе биде поддржан од депозитниот раст, како и поволните кредити од развојанат банка. Ризици за влошување на прогнозата, според НБРМ зависат од пандемијата, побавното спроведување на имунизиацијата и евентуалното повторно разгорување, со појавата на нови видови на болеста.

Јадеме храна по ЕВРОПСКИ цени со МАКЕДОНСКИ ПЛАТИ!

Со просечна македонска плата се купуваат 300 литри масло за јадење. Со просечна германска плата се купуваат 2820 литри од истиот производ. Споредбата на цените во земјава со земјите од регионот и Европа покажува дека овде плаќаме помалку за струја и гориво, но земјоделската Македонија може да се рамни со европските земји по цените на храната.

На пример, литар млеко во земјава чини од 50 денари нагоре. Во Хрватска 40 денари, во Србија 47, во Словенија 66 денари.

Јајцата во земјава се поевтини. Чинат околу 65 денари, најскапи од регионот се во Словенија 02 денари.

Слатките задоволства во земјава се двојно посапки отколку во Германија. 100 грма познат бренд чоколадо кај нас чини околу евро, во Германија околу 60 евроценти.

Поевтина струја од македонските домаќинства плаќаат само Србите, а најскапа струја во Европа плаќаат Германците. Горивата се дефинитивно најевтини во земјава. Но и платите се најниски исто така. Просечната плата во февруари во Македонија изнесуваше 27.948 денари, а просечниот трошок на едно домаќинство, според пресметките на ССМ изнесува 34.000 денари.

Анализа на Сител ТВ:

По пандемијата, пристигнува нова закана за 150 милиони луѓе

Најроби – Светска банка предвидува дека оваа година бројот на екстремно сиромашни во светот може да се зголеми за зачудувачки 150 милиони луѓе.

Кенискиот лекар Феликс Ндонгаи зборуваше за тоа колку мајки очајуваат, затоа што немаат што да ги хранат своите деца поради губење на работното место.

Во Кенија, повеќе од две третини од населението се вработени во т.н. неформален сектор. Ова значи дека тие немаат постојана работа, но работат од време на време. Но, повеќето работни места исчезнаа поради мерките за затворање. Скоро нема финансиски резерви, а Кенија е една од економски постабилните земји на африканскиот континент. Во другите земји ситуацијата е уште полоша, пишува Дојче веле.

Светска банка предвидува дека оваа година бројот на екстремно сиромашни во светот може да се зголеми за 150 милиони, од кои над половина се деца.

Само во една клиника на периферијата на Најроби, еден лекар дијагностицира неухранетост кај дваесетина мали деца месечно, под нормални услови. Сега тој број е многу поголем, пренесува Јутарњи лист.

Проф. Трајковски: Ситуацијата ќе се вложува, веќе почина цел еден град како Берово или Кратово

Професорот Дејан Трајковски од Универзитетот „Св Климент Охридски“ од Битола со своја анализа за состојбата на новозаразени и бројот на починати напиша на Фејсбук:

19.03.2021. Да тропнеш и да останеш жив дека денеска имало помалку новодијагностицирани и дека бројот на нови случаи ќе се намалувал, може да значи или дека не знаеш што зборуваш или дека си непоправливо расипан и ич не ти е гајле што народот се повеќе ќе се разболува и ќе умира поради твоја негрижа. Да, се повеќе ќе умира, затоа што од денешниве 999 нови случаи ќе умрат помеѓу 28 и 35 лица по 10-14 дена. Жален факт, но тоа е статистичка неминовност поради долгорочната и прилично стабилна стапка на леталитет од 3,15% +/-0,8%.

Некому можеби епидемијата му изгледа како зафрканција и се однесува неодговорно, ама луѓето тоа до сега го платија со 7.000 животи, сметајќи со дополнителната необјаснета смртност од извештаите на ДЗС. Од лицето на земјата е збришан цел еден град со големина на Берово или Кратово, ако некому не му е јасна бројката. Но, ајде да не зборуваме на охајбе (како нив) и да фрлиме малку потрезвен и постручен поглед на целата ситуација и да видиме зошто бројките нема да се намалуваат, барем не во наредните 7-10 дена. Нормално, неделните и понеделничките бројки не ги сметаме за намалување поради намалениот број на тестирања преку викендот.1. Ефективниот репродукционен број Rt, главната мерка на забрзувањето на растот на дневните бројки, не само што е над единица, туку се наоѓа во нагорен коридор, прикажан со парот жолти линии на првиот дијаграм.

Дури да се случи веднаш од утре трендот на Rt да ја смени насоката и да биде пробиена долната жолта линија на нагорниот тренд, со нормално темпо на намалување (под услов да нема неколкудневен локдаун 24/7), Rt најрано може да се спушти до единица околу 30 март, односно дури тогаш би запрел растот на дневните бројки. Да нема забуна, до тогаш бројките во просек ќе растат.2. Споредувајќи го денешниот петок со минатиот, денешните 999 нови случаи претставуваат јасно зголемување за околу 15% во однос на 868 случаи од пред 7 дена. За какво намалување тогаш зборуваме?3. Денешниве 999 случаи се над седумдневниот просек од 908,6 случаи, што значи дека не само што денешната вредност не е под просекот, туку е над него за десетина проценти.4. Најпростиот, најстариот и најупотребуваниот индикатор на трендот, брзата и бавната подвижна средина (на втората слика) јасно покажуваат нагорен тренд на бројките, односно јасно забрзување. 7-дневната (брзата) подвижна средина на дневните бројки (црвената линија) е упорно над 14-дневната (бавната) подвижна средина (сината линија), без наговестување за скоро пресекување. Дури и кога ќе се пресечат, поради инерција бројките не можат веднаш да тргнат надолу, како што веднаш не тргнаа ни нагоре на почетокот од февруари.5.

Бројот на активни случаи не само што нема тенденција за израмнување (премин во хоризонтала), туку дополнително забрзува нагоре. На третиот дијаграм ја гледаме линијата на квадратична (параболична) регресија, каде убаво се гледаат скоковите во саботите и забрзувањето.

Да се потсетиме, се додека бројот на активни случаи расте, тоа значи дека моментално имаме повеќе нови случаи на ден отколку пред 18 дена – уште еден индикатор на забрзувањето. Таа линија најпрво треба да стане права, па да се свитка надолу за да потврдиме намалување на бројките. 6.

Пред нас е сабота, ден со големи дневни бројки, односно ден со голем сезонски индекс според моделот на трендовско-сезонска декомпозиција. Очекуваниот интервал за утре е 1.210 +/-130. Ќе биде тоа добра лекција за оние кои мислат дека бројките се намалуваат.За 3 дена ќе заврши мајтап-полицискиот час и ќе можеме да ги сумираме резултатите од него. Но, уште отсега се гледа – од 871 стигнавме до 1.293 случаи, а допрва ќе гледаме уште поголеми бројки.

При вакво влошување на ситуацијата (за што се одговорни) и после сите очајнички барања на населението на најзагрозените општини за заострување на мерките, уште имаат лице да излезат пред јавноста и мирно да соопштат дека немало потреба од порестриктивни мерки, затоа што овие биле доволни и ќе ги собореле бројките. Како што состојбата ќе се влошува и ќе расте бројот на хоспитализирани и починати, ќе слушаме се покреативни и се поглупави изјави и оправдувања. Веќе видена работа од есенскиот бран.