Category Archives: Анализа

Банките не сотреа, сред криза заработиле 180 милиони евра!

Банките во Македонија не ја делат судбината на стопанството и граѓаните, туку заработуваат многу повеќе отколку што се стапките на економска состојба, раст и развој на стопанството.

Причината за тоа е секако регулативата на Народна Банка и постојниите закони и прописи кои на банките им овозможуваат заработка дури и од воздухот во нивните канцеларии и експозитури, без да имаат трошоци од наплатите – како што се наплаќањето за технички услуги од типот проверка на сметка, или увид во состојба преку банкомат или телефонска апликација, како и фантомските заработки од таканаречените “подготовки на документација при барање кредит“, од кој кредит и камати банката веќе заработува.

Банките не се обични комерцијални дејности, за својата работа добиваат лиценци и државна заштита. Освен ова, за разлика од компаниите, го делат ризикот на работата со државата која гарантира за штедните влогови со кои тие работат и заработуваат. Ако банката пропадне, како што е случајот со Еуростандард банка, голем дел од парите на штедачите се наплаќаат од буџетот, од јавните пари на граѓаните. Компаниите ја немаат оваа привилегија, и ако пропаднат штетата оди на сметка на основачите и нивните доверители.

Во година на пандемија, карантини и рестрикции, македонските банки заработиле како никој во државата. Или, првите четири банки имаат заработка повеќе од 10-те најдобри компании во Македонија- заедно. Нивната профитабилност во минатата година била поголема од кога било и достигнала 118 милиони евра.

Конкретно, лани домашните банки оствариле вкупен профит од 118 милиони евра, или прецизно 117,9 милиони евра. Ова го покажуваат податоците на Народна банка на Македонија.

Претходната, 2019 година вкупниот профит на банките бил близу 109 милиони евра, или точно 108,7 милиони евра, што е за повеќе од 9 милиони евра помалку од лани, во време на целосна економска криза со пандемијата.

Банките лани им ги замрзнаа во два наврати ратите на граѓаните и компаниите кои се соочија со тешкотии поради корона кризата, но не им ги опростија долговите за камати, со што тие се распоредуваат за наредните ануитети.

Во 2019 година функционирале вкупно 15 банки, додека во 2020 година нивниот број се намалил на 14 банкарски институции, откако НБМ и ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка.

Најголемите три банки во Македонија заработуваат 100.000 евра на ден! Секој ден, и во сабота и во недела кога не работат, тие заработуваат по 100.000 евра дневно.

Комерцијална банка ја зацврстила својата позиција на убедливо најголема банка во земјава. Нејзината актива заклучно со крајот на минатата година достигнала 2,157 милијарди евра, со што таа банка останува убедливо на врвот на листата како најмоќна банкарска институција во државава.

За само една година, односно во споредба со крајот на 2019 година, активата на банката пораснала за дури 156 милиони евра. Или, тогаш оваа банка имала актива од нешто малку повеќе од две милијарди евра.

Инаку, според најновите критериуми на НБМ, во групата големи банки влегуваат оние чија актива е поголема од 664 милиони евра, а такви во земјава се пет банки. Средни се шест банки, а нивната актива треба да е поголема од 166 милиони евра и помала од 664 милиони, додека, пак, сите оние банки чија актива е пониска од 166 милиони евра, влегуваат во рангот на мали банки, и такви во земјава се три банкарски институции.

Втората банка после Комерцијална е Стопанска банка Скопје, зборуват податоците на централната банка. Стопанска банка Скопје на крајот на ланската година имала актива од 1,724 милијарди евра, што е за 103 милиони евра повеќе од активта што ја имала на крајот на 2019 година, 1,621 милијарди евра.

Третата банка, НЛБ Банка, е егал со Стоапнска банка Скопје, прикажувајќи актива на крајот на 2020 година од 1,574 милиони евра. Ако се има предвид дека НЛБ Банка една година претходно имала актива од 1,437 милијарди евра, значи дека за една година капиталот на оваа банка е зголемен за 137 милиони евра.

Халк Банка, која во последно време се соочува со финансиски скандали како во случајот со кредитирањето на купопродажбата на Рамстор и контраверзниот бизнисмен Ајдован Адемовски е четврти значаен банкарски играч според големината на македонскиот банкарски пазар, влегува во рангот на банкарски „милијардер“, надминувајќи ја сумата на актива од една милијарда евра.

Или конкретно, на крајот на минатата година Халк Банка веќе достигнала актива од 1,089 милијарди евра, откако една година претходно имала 933 милиони евра. Или, капиталот на таа банка за една година пораснал за дури 156 милиони евра.

Анализа на Vecer.mk.

Во Македонија има над 60.000 алкохоличари

Во Македонија има 60 до 80 илјади алкохоличари. Најголем дел од нив се мажи над 35 годишна возраст, велат лекарите. 

Алкохолизмот како болест е на трето место, веднаш после кардиоваскуларните и малигните заболувања. Загрижувачки е и што се повеќе алкохоличари помош бараат кога веќе и не може да им се помогне. Причината за ова стручњаците ја гледаат во алкохолот, кој без контрола се продава по пазарите. 

Зголемено е и алкохолизирањето кај жените домаќинки, кои затворени дома пијат скришно. Стручњаците предупредуваат дека не е мал бројот и на жени интелектуалки, кои се одаваат на овој порок. 

Патот до алкохолот го бараат и младите уште од седмо, осмо одделение. 

Во психијатриската болница во Бардовци се лекуваат само оние што имаат здравствено осигурување, а барем двајца во денот се враќаат, зашто немаат сини картони. 

Алкохолизмот е причина за многу сообраќајни незгоди и тепачки во државата.

Најцрна година во историјата на Македонија – починaти 5.000 луѓе повеќе од лани

2020 година е годината со најмногу умрени лица во македонската понова историја. Над 25.000 лица се водат како умрени во 2020 година според официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Само во последниот квартал од 2020 година починале рекордни 9465 лица што е најголема бројка по квартали откако се следи оваа статистика.

Вкупно во 2020 година починале 25049 лица што е за скоро 5.000 повеќе од минатата година кога за 12 месеци умреле вкупно 20.412 лица. Просекот за последните 10 години изнесува 19.951 смртен случај годишно што значи дека резултатот од оваа година е за над 5.000 над просекот.

Треба да се има предвид дека нешто над 3000 лица се водат како починати од ковид, но кога ќе се вкалкулираат и овие лица, и натаму има над 2000 починати повеќе од просекот.

Во споредба со минатата година бројот на умрени се зголемил за 22,7% а во споредба со 10 годишниот просек, лани умреле над 26% повеќе луѓе.

Македонците работат за 1.63 евро на час, во Луксембург најплатени со 2,202 евра минимална плата

Во Европа, само во Македонија, минималната плата е помала и изнесува 1,63 евра, додека највисоката во Франција е 10,15 евра на час, покажуваат податоците на Европскиот институт за синдикати, пренесува бугарскиот портал БТА, кој вели исто така дека Бугарија е членката на Европска унија која има најмала минимална плата.

Во Србија, минималната заработка изнесува нешто помалку од две евра по работен час.

Во Романија и Унгарија минималецот е под три евра по час, во Грција и Португалија близу четири евра. Истиот извештај покажува дека 60 отсто од вработените за минимална заработка во ЕУ го сочинуваат жени.

Од 1 јануари 2021 година, само Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска немаат минимална плата, се вели во новиот извештај на Евростат објавен во петокот.

Во јануари, 10 источноевропски земји имаат минимална плата помала од 700 евра месечно: Бугарија (332 евра), Унгарија (442 евра), Романија (458 евра), Летонија (500 евра), Хрватска (563 евра), Чешка (579 евра), Естонија (584 евра), Полска (614 евра), Словачка (623 евра) и Литванија (642 евра).

Во пет земји-членки, главно на југот, износот варира помеѓу 700 и нешто повеќе од 1.000 евра месечно: Грција (758 евра), Португалија (776 евра), Малта (785 евра), Словенија (1.024 евра) и Шпанија ( 1.108 €).

Во другите шест земји – на запад и северот, минималната плата е над 1.500 евра месечно: Франција (1.555 евра), Германија (1.614 евра), Белгија (1.626 евра), Холандија (1.685 евра), Ирска (1.724 евра) и Луксембург (2202 евра).

За споредба, државната минимална плата во Соединетите држави изнесува 1.024 евра во јануари 2021 година.

Како група на Редит ги сруши „тешкашите“ од Волстрит и направи милиони

Група на инвеститори во 2012 година си направила група на Редит под името Волстрит Типови или Walstreet Bets која нуди некое знаење каде да ги инвестирате вашите заштеди или примања.
Ова е паметна работа која ги движи многумина инвестирање во акции е буквално еден начин на паметна коцка каде што може да станете милионери а може и да изгубите се.

Па така со инвестирање може да се стане милионер но најнапред треба да легнете како милионер. Дечките од Волстрит Бетс направија ремек дело, човекот во позадината кој го исценира сево ова се вика Кеит Гил кој сега го нарекуваат херој во групата.

Што е позадината и како го извеле ова па вака пластично во кратки црти. „Тешкашите“ од Волстрит во суштина се хеџфондови и корпорации кој инвестираат на секаков начин, за нив омилен е „шортинг“ односно кратење во наш буквален превод тоа означува секогаш кога цената ќе падне на акцијата они заработуваат тоа е обично во проценти изразено во моментов. Кога хеџфондовите ќе вбризгаат во шортинг интерес цената на акцијата може да паднe.

Исто како да играте црно црвено на рулет и победува страната која ја инвестирате или ќе падне или ќе се крене вака попластично.

Е сега другата страна на која во моментов се дечките е следна, пред некоја година излзе Робинхуд платформата која им овозможува на сите луѓе да тргуваат со вакви акции директно без хеџфондови, без брокери односно вие одлучувате сами што ќе купите. Кеит Гил е дечко кој ја дозна оваа фирма под име Game Stop, каде што инвестирал сериозни пари во компанија за која ја донесоа во топ 500 фирми по индекс за инвестирање.


Кој е планот?


Планот е многу едноставен, дечките наоѓаат вакви фирми кои имаат иднина дали се во ИТ светот или се од други сектори гледаат да ја променат висината на акцијата со тоа што ќе испумпаат пари во истата, и така ќе ја кренат до некое ниво класична Pump n Dump шема но модерна зошто се работи за група на Редит кој би рекол дека можат да се мерат со Волстрит.

Интересното следува сега, овие момци не ги продаваат акциите напротив тие уште толку купуваат за да не можат големците со хеџфондовите да влезат и да ја бутнат цената, еден хеџфонд е основан од инвеститори на кои им должат пари замислете секој пат кога ќе отиде нагоре цената они губат за да ги покријат загубите ставаат дупло пари кои пак ги губат поради тоа што овие момци инвестираат односно ја пумпаат акцијата со тешки пари.

Дечкото погоре кој инвестирал и купил 812 акции со 10 000 долари кога била 10$ по акција сега има некаде околу 264 000 долари, исто и другиот пример инвестирал 242 000 и добил 1.1 милион долари, овие пари ги дуплираат со тоа што повторно купуваат и така ја пумпаат цената нагоре. Нивната прогноза е дека ќе биде околу 1000-2000$ од акција.

Темната страна на „Тешкашите“

Се е вака убаво како една сказна но секогаш има лош крај крајот е следен, оваа акција е забранета во моментов на неколку платформи зошто „големите пријатели“ не сакаат да ги оставаат своите како губат па така решија да ја одстранат од повеќето апликации низ Америка, на некој начин да ги заштитат од загубата и да престане пумпањето на пари со што и свесно ќе ја бутнат акцијата, тоа во Америка е криминал и казниво дело .

Pump n Dump шемата е нешто идентично но не исто зошто треба да се докаже дека се работи за оркестриран напад и тоа во теорија е премногу тешко зошто се работи за слободно тргување, ФБИ и ФЦЦ ќе ја истажуваат оваа акција но победата ја однесоа момците од Редит.

ДК

Секој ден 250 луѓе во Македонија го губат работното место

Епидемијата на корона вирусот тешко се одрази на економијата и со нестабилноста на работните места. Но, за разлика од европските држави кои даваат неповратни финансиски субвенции на оштетените компании и вработени, во Македонија надомест за штетите нема и цената ја плаќаат сами фирмите и оние кои загубиле работа.

Од почетокот на коронакризата во Македонија секој ден над 250 граѓани го губат работното место.

Според истражувачкиот проект Рефлектор а врз основа на податоци од Заводот за вработување за пет месеци од април до 24 август бројот на луѓе што активно бараат работа е 36.362.

Предходно Рефлектор во Јуни објави дека во првите два месеци од почетокот на Ковид19 кризата (април и мај) без работа останале над 12 илјади луѓе што значи дека во јуни, јули и август во просек без работа остануваат околу 8000 луѓе.

Вкупната бројка на луѓе кои според Заводот за вработување активно бараат работа во земјава односно се сметаат за невработени е 144,094.

Со оглед на трендовите во туризмот, индустријата и услугите оваа бројка се очекува да се зголеми драматично во текот на есента и зимата.

Просечната плата 27.588 денари, за просечна сиромаштија ?

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесувала 27 588 денари.
Додека пак просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесувала 41 141 денар.

Според ДЗС индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.2 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и Образование (9.5 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (3.4 %), стои во соопштението од ДЗС денеска.

Иако просечната плата според ДЗС стигна во нето износ 27.588 денари, а во бруто износ од 41.141 денар по вработен, сеуште нема податок колку изнесувала стапката на сиромаштија во земјава за 2020 година, која во 2019 година беше 21,6%. Односно 455.600 лица во Македонија според последните податоци живеат на прагот на сиромаштијата.

Целта на проблемот е Бугарија да го постигне истото што и Грција

ФБ статус на Илија Димовски :

Бугарија е иста со Грција (во контекст Македонија)!
Бугарија се восхитува на Грција (во контекст Македонија)!
Бугарија зема пример од Грција (во контекст Македонија)!
Бугарија и помогна и ќе и помага на Грција (во контекст Македонија)!
Бугарија ја сака Преспа како пример за себе (во контекст Македонија)!
Бугарија е поголем пријател со Грција (во контекст Македонија)!

Да не се лажеме, да не се чудиме и да не паѓаме во безсознание. Пред нас имаме голем проблем, најмалку еднаков со проблемот што го имавме со Грција. Разликата е во тоа што проблемот со Грција на виделина беше за симболи и симболика, а внатрешно за суштината на (не)постоењето на македонската нација, а проблемот со Бугарија е од старт за суштината и (не)постоењето на македонската нација, а симболите и симболиката би биле и се само природна последица.

Целта на проблемот е Бугарија да го постигне истото што и Грција го постигна со член 7 (идентитетскиот член) и да дефинириа неколку за неа битни точки по примерот на Преспанскиот договор (другите барања се фолклор, димна завеса и преговарачка позиција), а тоа се:

  1. Македонци од оваа страна на границата и Македонци од другата страна на границата е различно. На оваа страна сме Македонци според нашето поимање и себечуство, а на таа се Македонци со вистински бугарски етно-национален корен (тоа го има во договорот од Преспа со дефинирање по други линии на антички хеленски Македонци од таа страна на границата и словенски понови Македонци од оваа страна на границата);
  2. Да се дефинира дека под терминот “Македонија”, “македонско”, “македонски” и слично ние разбираме едно, но прифаќаме дека Бугарија прифаќа и разбира друго, што би било веројатно единствено регионален географски и дијалектички контекст на тие термини во една општа целост Бугарија (регионот Македонија го има истиот статус во целокупноста на Грција, но и во етно-историските и културолошките признанија кои ние ги направивме со прифаќање на Преспанскиот договор);
  3. Постои историска временска отсечка каде што Бугарија би прифатила постоење на Македонци, но и тоа по нивната идеја за нас само како сегашна реалност, а не и историска вистина, а таа отсечка ќе е 1944 година па наваму (Грција таа отсечка ја нацрта по линија на теоријата за доаѓање на Словените на Балканот, но ја задржа формулацијата на своето разбирање, а ние ја прифативме, дека терминот Македонец за нас е дозволен само како синоним на Словен);
  4. Македонија ќе треба да изјави или прифати на било кој начин што подразбира под терминот “македонски јазик” (по примерот на Преспанскиот договор), а дека тоа е само сегашна реалност која нема свој историски и јазичен корен различен и одвоен од бугарскиот јазик (во случајот со Грција својата цел ја оствари со епитетот словенски, кој па да бидеме искрени во грчкото поимање на историјата на Балканот е синоним со вулгарски).
  5. Илинден е македонски (бугарски), АСНОМ е македонски (сегашна нужна реалност). Потсетете се кои беа тезите на грчката општествена и научна елита за неприфаќање на името “Илинденска Македонија” и кои одеа во насока на неговиот корен и географија.

Потребна е јасна државна позиција.

Пред 5 години Грција тврдеше дека Македонија е одговорна за стопирање на евро-атланските процеси заради нејзиниот однос кон историјата, спомениците, културното наследство на античка Македонија,…
Тогаш СДСМ го поддржа тој став на соседна Грција и настапуваше јавно со истите тези, дека антиквизацијата, спомениците, историографијата, енциклопедијата, песните се главен проблем и дека вината е во Владата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ ја наруши македонската позиција и државата заврши со договор кој, иако отвори пат кон членство во НАТО, во својата содржина нанесе длабоки рани на етно-историската и демографска патека на развој на македонската нација на Балканот.

Денес, Бугарија го има истото тврдење што Грција го имаше пред 5 години. Тврди дека Македонија крши меѓународен договор и стандарди, тврди дека историјата, спомениците, учебниците, културно-историското наследство од пред и пост-илинденскиот период, фолклорот, јазикот и многу други точки се причина за стопирање на македонската европска патека.

СДСМ сега е во позиција, иако има јасно изразена воља за почеток на преговорите со ЕУ, да е соочена како власт на одговорност да ја прифати логиката на Бугарија (која е многу слична по филозофска смисла и зададена цел со логиката на Грција до пред неколку години) или да постапи спротивно на своите тврдење од времето на бидување опозиција кога велеше дека единствена причина за застојот на македонските евро-атлански патеки е самата Македонија.

Овој проблем со соседна Бугарија не е една епизода, ниту почна сега, ниту ќе заврши сега. Каква и да е одлуката на ЕУ, макар и најдобрата за нас, овој проблем ќе го имаме најмалку уште на секое отварање и на секое затварање на било кое преговарачко поглавје за наше членство во ЕУ. Од тука, пристапот на државата Македонија не смее да биде епизоден и краткорочен.

За разлика од СДСМ тогаш, треба сега да разбереме дека проблемот на Македонија со Бугарија не е проблем на оваа Влада со Бугарија, ниту на оваа Влада со тамошната сегашна Влада, ниту на Македонија со сегашната Влада таму. Проблемот е суштински и темелен.

Затоа македонското Собрание треба да изгради заеднички став (национален, а не идеолошки) за ова прашање и да дефинира што се државните позиции на Република Македонија.

Кој го труе Скопје навечер?

Статијата на офнет дека навечер има труење првилече доста внимание. Сликите д Водно се гледа дека некоја „чудна магла“ го простира Аеродром, Автокоманда тој дел на Скопје а остатокот е чист дали е ова теорија дека некој го загадува Скопје ќе покажат мерачите на чист воздух но заборавивме дека не функционираат се прашувате зошто ? Не се прашувајте како многу работи во оваа држава така и оваа работа се прави “под радарот„ за никој да не знае за што се работи.





Ова не е првпат, страшно е што на крајот може да искочи дека оние фирми кои загадувале всушност го прочистувале воздухот а се возможно во овие 25 000км2.

Целосната статија прочитајте на оф нет

Би Би Си: Македонија со убедливо најголема смpтноcт од Корона на Балканот

Македонија има убедливо најлоша корона слика на Балканот и е меѓу земјите кои имаат најголема смртност во Европа, покажува најновата анализа на националниот британски медиумски бренд BBC (Би Би Си)

Па така, во BBC пресметале дека со 34,6 починати на 100 илјади жители Македонија има најголема смртност во регионот. Најблиску до нас е Косово каде на 100 илјади жители починале 26,4. Следи Црна Гора и Босна и Херцеговина. Од соседите, освен Косово, сите останати имаат три пати помала смртност отколку во Македонија а во Грција смртноста е за дури 10 пати помала. 

Во Албанија починале 12,9 пациенти на 100 илјади жители, 11,2 во Бугарија, 10, 7 во Србија и само 3,5 во Грција. 

Во европски рамки Македонија е на деветтото место. Најлоша е сликата во Белгија по што следат Шпанија и Велика Британија.

Од Министерството за здравство веќе објаснија дека високата смртност во Македонија се должи на различната методологија која земјава ја користела за евиденција на смртните случаи.