Connect with us

Анализа

Најцрна година во историјата на Македонија – починaти 5.000 луѓе повеќе од лани

Published

on

2020 година е годината со најмногу умрени лица во македонската понова историја. Над 25.000 лица се водат како умрени во 2020 година според официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Само во последниот квартал од 2020 година починале рекордни 9465 лица што е најголема бројка по квартали откако се следи оваа статистика.

Вкупно во 2020 година починале 25049 лица што е за скоро 5.000 повеќе од минатата година кога за 12 месеци умреле вкупно 20.412 лица. Просекот за последните 10 години изнесува 19.951 смртен случај годишно што значи дека резултатот од оваа година е за над 5.000 над просекот.

Треба да се има предвид дека нешто над 3000 лица се водат како починати од ковид, но кога ќе се вкалкулираат и овие лица, и натаму има над 2000 починати повеќе од просекот.

Во споредба со минатата година бројот на умрени се зголемил за 22,7% а во споредба со 10 годишниот просек, лани умреле над 26% повеќе луѓе.

Анализа

Кои производи најмногу ќе поскапат и ќе влијаат на инфлацијата?

Published

on

Храната и натаму ќе поскапува. Лебот, брашното, маслото за јадење, кондиторските производи ќе бидат први на удар, објави Сител. Растот на цената на електричната енергија и на горивата, ќе ја подгреат инфлацијата. Државата мора да најде начин да интервенира и да го заштити и онака кревкиот стандард на граѓаните, бараат синдикатите.

Од Синдикатот велат – ако сега потрошувачката кошница за едно 4 члено семејство тешко дека се задоволува, со зголемување на цената на основните производи, стандардот уште повеќе ќе им се намали. Барат зголемување на платите на сите работници, иако сметаат дека покачување на цените, на производите, до сега не е оправдано.

Состојбата се следи, но за сега не смееме да интервенираме, затоа што сме во избори, велат од Владата. Додаваат дека за сега се е под контрола и нема потреба од загриженoст.

Continue Reading

Анализа

Анализа: Дали конфликтот во Косово може да се пренесе во Македонија и регионот?

Published

on

Косовскиот премиер Албин Курти си игра со оган. Во анализа за Сител прфесорот Томе БАтковски од Факултетот за безбедност вели дека денешниот, но и неодамшнешниот инциден на Севереот на Косово се опасни за безбедносната состојба на целиот регион. Според него, во денешните случувања не се гледа дали КФОР интервенирал кога во состојба на мир се користи оружје, дали овие настани се со знаење на меѓународниот фактор и која е нивната цел.

Какво влијание може да имаат овие инциденти на Макеоднија: Батковски вели дека властите треба да бидат особено внимателни. Настаните на северот на Косово доаѓаат само една година откако во јавноста се појавија карти со прекроени граници. Тоа, според него не е случајно, туку претставува опопување на пулсот на јавноста.

Денешните инциденти на Косово започнаа со акцијата на косовските власти за спречување на шверц на стока во косовска Митровица. По ова следеа судири од локалното српско население. Има повредени и на две страни. Попладневно српскиот претседател Вучиќ се сретна со граѓаните на Северно Косово и вети дека Белград ќе биде постојано со нив.

Сител анализа

Continue Reading

Анализа

Храната сериозно ЌЕ ПОСКАПИ

Published

on

Ново поскапување на лебот, маслото за јадење и кондиторските производи се очекува во периодов кој следи. Тоа се должи на поскапата струја што ја плаќаат индустриските капацитети, а за една година таа е зголемена за 100%. Цената на пченицата која ќе влијае на крајната цена на брашното и лебот порасна за 20%. Кај суровината за маслото, сончогледот зголемувањето е уште поголемо. Цените на транспортот заради пандемијата растат уште повеќе.

Спиралата на поскапување зема се поголем замав, а тоа ќе им се удри од глава на граѓаните кои и сега едвај преживуваат. Тие се пожалија дека сите трошоци растат забрзано, а никако реално да пораснат платите.

  • Ќе кажам дека граѓаниве се загревота. Посебно пензионериве со ниски примања буквално се загревота. Скоро се е поскапено за повеќе од 20%, па може и повеќе. Тоа сега е деновиве откако се отиде на горе, а платите и пензиите никако да мрднат, посебно во ова никакво време. Абе ова е катастрофа, ќе биде се полошо и полошо, не знам што ќе се прави, се пожалија граѓаните пред нашата камера.

Од Владата признаваат дека пандемијата се одрази на животниот стандард на граѓаните. Но мерките кои ги презеле влијаеле на ублажување на ударот, што граѓаните никако да го почувствуваат. Дека тоа е така зборува и последното поскапување од 214 денари во август, во споредба со јули, алармираше Сојузот на Синдикатите на Македонија.

  • Анализата на ССМ покажува, дека дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците и на цените, тогаш, ниту три минимални плати, не би биле доволни да го достигнат растот на минималната кошница, предупредуваат од ССМ.

И НБРМ евидентира раст на цените над очекувањата, а тој тренд се очекува да продолжи зарди неизвесноста на странските пазари. За владите ширум светот, поскапувањето на храната може да има висока политичка цена.

Прашањето е дали можат да сторат доволно за да спречат нејзино плаќање, пишува „Блумберг“. Светските цени на храните се околу 33% повисоки во август, во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на Организацијата на ООН за исхрана и земјоделство.

Инаку, кај нас, последно во низата поскапување се цените на мало на сите производи кои пораснале за дури 5% во однос на истиот период лани, измери државната статистика. Овој раст е само теоретски, а во пракса поскапувањето е далеку повеќе, што не се исклучува цените да одат уште нагоре.

Алфа телевизија

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк