Category Archives: Истражување

1000 долари за визир: Луѓето ги изненади новиот производ на Луј Витон

Луксузната модна куќа направи визири со своето препознатливо лого и кожни и златни детали.

Дел од американските медиуми ја пренесоа информацијата дека овој брендиран визир ќе чини 970 долари, но од „Бизнис инсајдер“ пишуваат дека од Луј Витон велат дека точна цена се уште не е одредена.

Визирот во продажба би требало да се најде кон крајот на октомври, а веќе предизвика расправии на социјалните мрежи. „таков можете да најдете за три долари во продавница“, „Убијте ме веднаш“, „Ова е непримерно“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Жан Митрев има спасено илјадници животи, срам ми е што гледам овој сеир што му го удираат

Твит на денот:
Жан Митрев има спасено илјадници животи, оперирал мнгогу луѓе кои не можеле да си го дозволат тоа и никогаш не се пофалил. Има плаќано операции на дечиња во странство за детска кардихирургија додека немаше кај нас. Срам ми е што гледам овој сеир што му го удираат. СРАМОТА!

Жан Митрев: Не е мојот син, случајно има исто презиме како моето

По информациите дека 25-годишно лице со име Филан Митрев бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти во Германија, познатиот кардиохирургот Жан Митрев за А1.Он изјави:

„Тоа не е мојот син. Случајно има исто презиме како мене“.

Медиуми вчера објавија дека во ноември 2019 година, Филан М. биле уапсен од германската полиција заедно со уште двајца осомничени на 21 и 22 години од турско потекло, под сомнение за подготување на терористички напад.
Неговите потенцијални соучесници подоцна беа ослободени поради недостаток на докази, но Филан беше обвинет и се соочува со долгогодишна затворска казна. Обвинителството го товари дека планирал самоубиствен бомбашки напад врз еден ресторан во близина на Франкфурт. 

Исчистете го организмот со грозје: Едноставна еднодневна диета

Грозјето е идеално овошје за едноставна диета, бидејќи има голема нутритивна и диететска вредност, а делува и како природен тоник на организмот.

Содржи во просек 20 отсто шеќер, па така има голема енергетска вредност, а освен тоа има и доволно Ц витамин и доста калиум.

Најважна вредност на грозјето е во биофлавоноидите, соединенија кои се вредни антиоксиданси и ги штитат клетките од штетното влијание на слободните радикали. Грозјето така делува превентивно на голем број болести и го успорува стареењето на организмот. Најдобар извор на флавоноиди е сокот од црно грозје.

Семките пак, се вреден извор на активни состојки која делува на намалување на холестеролот.

Летото е иделен период за едноставно чистење на организмот со ова овошје. Иако содржи доста вода во која се наоѓаат витамини, минерали и целулоза, грозјето дава чувство на ситост без преголем внес на калории.

Еднодневна диета со грозје има диуретско дејство, го поттикнува нормалното варење на храната, ги чисти цревата, го тонизира организмот и овозможува губење килограми. Диетата не може да биде поедноставна од што е, доволно е да купите околу два килограми грозје и да јадете во текот на целиот ден.

Не умеат да бидат прибрани: Најголемите паничари во хороскопот

Времето во кое живееме за никого не е идеално, поради пандемијата со коронавирусот, но постојат и такви кои многу тешко ја задржуваат прибраноста и самоконтролата. Меѓу хороскопски знаци има такви кои едноставно не можат да си помогнат себеси и секогаш паничат. Овие три знаци се најголемите паничари во хороскопот.

Близнаци

Иако секогаш се весели и оптимистични, Близнаците во некои ситуации едноставно се губат. Личностите кои се обидуваат да им „солат памет“ или да ги прицврстат на едно место се луѓе кои прават Близнаците да се чувствуваат нервозни. Тие се најгласни, но обично и најнепрактични во вонредни ситуации. Тогаш прават повеќе штета отколку корист.

Рак

Кралеви и кралици на драмата. Раковите секогаш се загрижени за нешто: од промена на времето до лошите вести кои ги слушнале. Тие се плашат од сѐ, секогаш и во секое време размислуваат на сите можни варијанти. Поради својата пречувствителност и наклонетост секогаш да си ги замислуваат најлошите сценарија, често се и хипохондрици.

Водолија

Како ги гледаат работите, така и ги презентираат. Многу често луѓето не ги разбираат, па така тие имаат обичај да внесуваат паника во секоја тема. Нивните визии не им се јасни на луѓето, а најголемиот страв е стравот од неизвесноста. Често боледуваат од психосоматски болести. Тие паничат за сѐ!

Ќе ги задржи ли државата младите?

Македонија во изминатите години се соочува со масовно иселување, особено на младите. Според последниот извештај на Светската банка за „Миграција и одлив на мозоци во Европа и Централна Азија“ објавен лани, во изминатите години, околу една четвртина од населението или приближно 500 000 луѓе ја напуштиле земјата. Британскиот угледен економски магазин „Економист“ ја стави Македонија на осмото место по одливот на мозоци, односно иселувањето на високо-образовани и талентирани луѓе во светот.

Истражувањата во изминатите неколку години покажуваат релативно слични податоци дека една половина од младите сакаат да се иселат, а една третина од нив преземаат чекори за да го направат тоа, вели Блажен Малевски, истражувач во здружението на граѓани Реактор.

„Она што треба да го имаме на ум е дека економската состојба е една перспектива на работите. Но, од друга страна, исто така перспективата на младиот човек што може да постигне во нашата држава. Тука влегуваат во игра други фактори, односно политичките фактори, нестабилноста и непредвидливоста на политиката и оттаму мислам дека економската состојба и перспектива е еден дел од сегментот. Ако навистина сакаме младите тука да си ја видат треба да разгледуваме малку поопширно, а не само на сегменти на проблемите“, вели Малевски.

Последното истражување на германската фондација „Фридрих Еберт“ покажува дека повеќе од две третини од младите имаат желба да ја напуштат државата. Половина од нив преземаат конкретни мерки, а другата половина засега само сака да се пресели во западните земји. За околу 48 отсто од младите, според истражувањето, главна причина за иселување е подобрување на животниот стандард.

Попов вели дека државата се уште не нуди перспектива за младите, односно не гледа разлика од ситуацијата во минатото и сега.

„Мислам дека нема никакво подобрување. Можеби има само мало подобрување за младите во технолошкиот свет во Македонија. Инаку генералната слика е иста како и пред 12 години“, додава тој.

Жан Митрев за написите за Филан: Тоа не е мојот син!

„Тој не е мојот син“, вели кардиохирургот Жан Митрев за А1 он, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба.

Од ваквата изјава на сопственикот на клиниката „Жан Митрев“ останува нејасно дали тој се откажал од неговиот син или пак во целост демантира било каква поврзаност за лицето кое се сомничи дека е дел од терористичка организација.

Сега веќе 25-годишен, Филан се појавил во судот на 2 септември годинава и текот на судењето е опишан детално на германскиот локален медиум Франкфуртер Рундшау.

Во регионалниот суд во Франкфурт започна судскиот процес во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Филан М. кој е по потекло од Македонија. Како што потврдија германските медиуми, станува збор за синот на д-р Жан Митрев кој е сопственик на приватна кардиохируршка клиника во Скопје.

Според германските медиуми момчето Филан Митрев (24) заедно со уште двајца турски државјани е уапсено во ноември минатата година. Тројката, според канцеларијата на јавниот обвинител е идентификувана како „поддржувачи на терористичката милиција на ИСИС“.

Тие се обвинети за подготовки за извршување на религиозно мотивирано кривично дело го Германија користејќи експлозив или огнено оружје за да убијат што е можно повеќе луѓе, таканаречени „неверници“.



Под улица „Македонија“ во Скопје постојат стари тунели – Што се чувало во нив?

Како дванаесетгодишно момче Људмил, нашинец од Австралија, открил урбана мистерија врзана за старо Скопје.

Тој ја раскажал неверојатна приказна за тајни ходници што како дете ги открил под сегашната улица „Македонија” во 1963 година. Претпоставува дека по ходниците се движела турската војска.

– Кога Турците бегале за Истанбул силно потиснати од нашите, меѓу останатите работи што ги носеле со себе биле и три коњски коли полни со злато. Само што немало никаква шанса да ги потераат коњите во тунелите кои влечеле претоварени коли.

Така што, трите коли сосе 6 луѓе на нив и по 4 коња на кола биле затрупани некаде под земја. Подобро им било да го затрупаат златото отколку да бидат фатени со него, а поради него да го изгубат животот. Така тројца турски големци успеале да избегнат сигурна с*рт. Оваа информација ја имам многу одамна од еден стар скопјанец кој веќе одамна го напушти овој свет.

Оваа урбана легенда е таа што дополнително го разгори мојот љубопитен и авантуристички дух – раскажува Људмил. Во истата таа 1963 година, кога ги открил капакот и мистериозниот ходник под него, и кога му се родила идејата да го истражи со надеж дека ќе ја разоткрие оваа урбана легенда која ја чул од старецот, Скопје го стресе катастрофалниот земјотрес.

Руините што тој ги остави зад себе ја направија оваа негова авантура речиси невозможна. – Ние, губејќи го нашиот дом, куќата на Петар Драшин, која го издржа земјотресот со мали оштетувања, но сепак беше срушена, се преселивме во населбата Влае.Иако не запрев со истражувањето на сите тунели и отвори што ги наоѓав, многу од местата каде што проценував дека водат, беа урнати и како да ја голтнаа тајната во себе. Легендата за тунелите под Скопје и златото на турските големци за мене остана урбана мистерија, која и понатаму ме скокотка, завршува Људмил.

ХРАБРАТА ПРОДАВАЧКА! Скопјанец се обидел да ограби маркет – „Дај ги парите !!“

Против 31-годишен скопјанец поднесена е кривична пријава за обид за разбојништво во супермакркет на ул. 11 Октомври.

Тој со огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите: „Дај ги парите, ќе те убијам“.

Пиштолот го вперил во неа, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и започнале физичка пресметка. Вработената му ја тргнала медицинската маска која осомничениот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност од бегство на осомничениот и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор

Од Германија пристигна поволна вест за Македонците што сакаат да работат таму – новата одлука започнува од Нова година

Увозот на работна сила од Западен Балкан имал позитивно влијание врз германскиот пазар на трудот, според истражувањето спроведено од Институтот за истражување на пазарот на труд во Нирнберг.

– Околу 54 проценти од вработените во рамките на правилата за вработување на лица од Западен Балкан се квалификувани работници, четири проценти се високо квалификувани, а 42 проценти се помошни работници – произлегува од извештајот.

Новата регулатива за вработување на работници од Западен Балкан се воведе на почетокот на 2016 година, бидејќи земјите од овој регион беа вклучени во списокот на т.н. безбедни земји, што практично ја отфрли можноста за стекнување на азил за граѓаните на овие земји во Германија.

Критичарите тврдат дека ова доведе до тоа да во Германија пристигнуваат исклучиво неквалификувани работници во секторот со пониски плати, како и постари работници, а се вели дека заради нивниот краток работен век до пензија и ниските придобивки од социјалното осигурување по пензионирање, тие ќе паднат на товар на германскиот систем.

Владата на Германија донесе одлука за продолжување на доселувањето на неквалификувана работна сила од Западен Балкан до 2023 година, но воведе квота од 25.000 годишно.

Одлуката им овозможува на државјаните на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, независно од формалните квалификации за вработување, да допатуваат во Германија, објави Министерството за труд и социјална политика.

„Продолжувањето на правилото за Западен Балкан за три години е добро за германското стопанство. Одредени бранши, како што е градежништвото, и понатаму бележат експанзија и им требаат работници. Недостигот од стручен кадар не смее во овие бранши да го сопре растот“, изјави министерот Хубертус Хајл.

Тој додаде дека доаѓањето на квалификувана работна сила се овозможува ако нема доволно такви работници во Германија или во Европската унија.

Анализата на Институтот за истражување на пазарот покажува дека 58 проценти од работниците од Западен Балкан се на ниво на стручна квалификувана работна сила или повисоко.

Одлуката ќе стапи во сила од 1 јануари 2021 година.