Category Archives: Балкан

Необична снимка од Сараево, улицата преполна со врани кои седат на асфалт

На социјалните мрежи се прошири видеоснимка од необична сцена во Сараево. Тиктокерката Адела сними многу врани кои ноќе се собираа во градот.

Не верувајте во убавите видеа, овие врани сепак ми ја одбележаа годината затоа што сè уште сонувам за нив, напиша таа во описот на објавата.


Но, Ајла Алишах од Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево тврди дека ваквите сцени воопшто не се невообичаени.

Постојат три можни причини, смета таа. Од една страна, во тоа време има помалку луѓе и автомобили, така што им е полесно да стигнат до изворите на храна. Друга можна причина е дружењето на врани, бидејќи сезоната на парење наскоро започнува, а овој метод е идеален за наоѓање партнер. Но, третата е таа што настана поради луѓето.

Тоа е промена во самата животна средина, односно количината на достапна светлина, која кај сите суштества, а особено кај некои видови птици како домашната живина, доведува до фотостимулација, односно лажно продолжување на периодот на денот.

Причина за тоа, како што се претпоставува, би можело да биде силното улично и околно осветлување, т.н светлосно загадување, што прави птиците да се чувствуваат некако безбедно. Нивната територија е осветлена, како и изворите и достапноста на храната и со тоа тие не се чувствуваат загрозени од потенцијалните предатори, изјави Ајла за Радио Сараево.

@adeladesign

Ne vjerujte lijepim videima, ipak su mi ove vrane obiljezile godinu jer jos uvijek ih sanjam. #sarajevo #birds #creepy #fy #fyp #foryou #foryoupage #tiktok #tiktokbalkan #fypシ #video #viral

♬ Creepy Violins – Apollo Nove

Нов напад врз младо момче во Косово, се враќало од божиќна литургија

Група Албанци синоќа околу 2 часот и 30 минути го претепале Стефан Томиќ (18) од Клокот додека тој и неговиот брат се враќале од полноќната божиќна литургија во црквата Свети Петар и Павле, пренесуваат медиумите во регионот.

По завршувањето на богослужбата во црквата, младиот човек бил на пат кон куќата на неговата тетка, кога бил нападнат од група Албанци, од кои некои ги препознал како обезбедување во локален ресторан. Стефан се здобил со повреди на окото, раката, стомакот и нозете, а лекарска помош побарал во здравствена установа во Витина.

Првиот човек на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, разговараше со семејството Томиќ, и им ја пренесе поддршката од државата Србија, која ќе биде тука да им помогне, стои во написите.

Семејството целиот случај го пријавило во полиција, која до раните утрински часови го испрашувала Стефан за нападот.

Идентификувано и второто од двете пронајдени тела на Пирин

Бугарската полиција го идентификуваше второто тело, кое беше пронајдено заедно со телото на бугарски турист по кој се трагаше една недела, објави локалното издание „24 Часа“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, второто тело е на српски, а не на македонски државјанин.

Српскиот турист ја прославил Новата година во семеен хотел во околината и на 1 јануари отишол на пешачење до врвот Вихрен на планинатата Пирин.

На снимка направена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела има и црвена јакна, но не е јасно дали има човек во неа или тоа е само надворешната облека.

Спасувачите коментираат дека јакната била на многу поголема надморска височина од местото каде што ги нашле двајцата починати планинари и оти нема пристап во овој момент до локацијата. Хеликоптер на бугарското воено воздухопловство нема да може помогне во подигањето на телата, поради силниот ветер во таа областа. На овој начин нема да може да се погледне околу ова место за да се види дали има друго лице, коментираат планинските спасувачи. Нова група спасувачи со втора количка е на пат кон местото под планината Вихрен, за со неа да биде пренесено и второто тело на српскиот државјанин. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови.

Огнометот што ги сруши мрежите на Балканот – Скопјенце ова е Белград…(Видео)

Видео од огнометот во Белград ги руши мрежите:

Драма на новогодишната ноќ во Белград, потона цел сплав (Фото)

За време на новогодишната ноќ на сплавот „Фристајлер“ во Белград дошло до несреќа кога сплавот наеднаш почнал да тоне.

Забавата се претвори во панично бегство од сплавот во моментот кога водата почна да навлегува во внатрешноста на објектот.

– Се беше убаво додека наеднаш не се искрививме. Не сфативме веднаш што се случува, но кога ни се намокриа стапалата, настана вистински хаос. Пиштење, врескање и панично трчање кон излезот – приказната за српските медиуми на девојката која ја дочека Новата година на овој сплав.

Спред информациите, кога сплавот почнал да тоне, гостите панично истрчале надвор,пренесуваат српските медиуми.

Албанка уапсена со 58 килограми дрога кои требало да завршат во Македонија

Албанската полиција од градот Поградец денеска уапсила три лица, откако во нивното возило биле пронајдени вкупно 58 килограми хашиш, кои требало да завршат на македонскиот наркопазар.

Уапсените се 17-годишник со иницијали М.К., како и Ликенд Баша(30), двајцата од Круја и Ериса Феро(28) жителка на Тирана, инаку, вработена во Националната агенција за информатичко општество.

-Дрогата е откриена во автомобил „фолгсваген“ сопственост на Ериса Феро додека другите две лица го набљудувале патот. Таа била „задолжена“ дрогата да ја транспортира од Тирана до граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, за потоа да ја предаде дрогата на Лика Баша кој требало да ја пренесе во Македонија. Полицијата ги пресретнала во близина на преминот, стои во полициското соопштение.

Во оваа наркомрежа осомничени сè уште две лица, како соработници, по кои се трага. Тие се осомничени дека биле нарачатели на дрогата.

Ова е тринаесетта успешна акција на албанската полиција од овој регион во сузбивањето на шверцот со дрога во правец на македонската територија, што е во рамки на акцијата „Рестарт“ почната во ноември 2021 година.

Како што информираа од Националната агенција за информатичко општество, против Ериса Феро, која имала раководна функција веднаш е започната постапка за нејзина суспензија.

Министерка од Албанија: Србија мора да сфати дека Косово и Метохија не постои повеќе

Министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка ги повика лидерите на Косово и Србија да разговараат, а Европската унија и Соединетите Американски Држави да инсистираат на тоа, нагласувајќи дека ништо друго освен дијалог нема да успее, пренесува Коха.
Таа рече дека ситуацијата на северот на Косово се развила како манифестација на внатрешна политика и дека не се земаат предвид интересите на граѓаните.

„Ниту српската војска нема да влезе во Косово, ниту војската на Косово ќе влезе во каков било вооружен конфликт. Се е направено во интерес на внатрешната политика и нема никаква врска со интересите на обичните луѓе. Ова е крајно опасно и мора да се запре за доброто на целиот наш регион“, рече таа.

Министерката посочи дека Србија треба да престане да ја „поддржува изградбата на барикади на север“.

„Србија мора да престане да го поддржува подигањето барикади на северот на Косово од неоправдани причини и конечно да сфати дека таканареченото Косово и Метохија го нема. Засекогаш! Барикадите не штитат ниту еден Србин на Косово, тие само ја поткопуваат нашата заедничка иднина. Албанците и Србите се двата најголеми народи во регионот и тие се „осудени“ да најдат стабилен пат кон заедничка иднина“, рече Џачка.

(Видео) Тензија во Косово: Се шират видеа од колони возила кои се движат кон касарна во Митровица!

Колона на КСВ возила се движи кон “Минатори”, касарна во Митровица, велат неофицијални извори на српските медиуми кои споделија и видео од колоната возила.

Тензиите на севетот на Косово не стивнуваат, Србите остануваат на барикадите кои ги поставија пред 18 дена. Косовскиот премиер Албин Курти ги повика КФОР и ЕУЛЕКС да ги отстранат барикадите, бидејќи доколку тие не успеат косовската полиција ќе ги отстрани.

Од друга страна од Србија постојано доаѓаат изјави дека доколку Србите во Косово бидат загрозени, српската војска ќе реагира за заштита на населението.

https://twitter.com/FkczBelgrade/status/1607828872418021376?t=-Unn5V8XHQoPZpygHB6gmw&s=19

Видео:

https://fb.watch/hH2NUxnWM1/

Муслиман обнови православна црква, а сега реши да реновира уште едно православно место

Добрата вест на далеку се слуша. Вака во медиумите ширум светот заврши приказната за Месуд Керановиќ од селото Осредак кај Чазин во Босна и Херцеговина.

Месуд, кој е од исламска вероисповед, неодамна ја обновил српската православна црква во своето село. И тој не сака да застане тука.

Керановиќ сега започна нов потфат – реши и да ги реновира православните гро бишта во Осредек, стари околу 300 години. Во селото Осредак пред вој ната живееле Бошњаци и Срби.

Со текот на времето, сите жители од српска националност беа раселени. Зад себе ги оставија црквата и гро биштата кои со години пропаѓаа и беа во се полоша состојба.

Во последните години црквата и гро биштата се реновирани и одржувани од муслиманското семејство Керановиќ. Месуд, неговата сопруга и синовите во изминатите години го користеа секој слободен момент за да ја обноват црквата.

Во моментот кога почна реконструкцијата, црквата беше на работ на ур ивање, се сеќава Месуд. Напукн атите ѕидови на старата црква набрзо целосно испу кале и речиси се распарчиле. Сега, сепак, ситуацијата е значително поинаква.

Месуд порано работел во градежништвото и оттаму му доаѓа искуството, но вели дека волјата да ја обнови оваа црква го поттикнала да научи некои работи кои претходно не ги знаел.

Разбирањето кај мештаните за жал недостасуваше, но за среќа на Месуд неговите синови студираат градежништво, па се полни со идеи кои ги користат за проектот.

Кога станува збор за неговите соседи од детството, Србите, ситуацијата е поинаква. Иако со години не живеат во селото, често го посетуваат.

Нивните посети се обележани со разговори во близина на оваа црква, до која се наоѓаат руи нирани гро бишта. Оваа тажна слика, меѓу другото, беше она што ја разбуди волјата за дејствување кај Месуд.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД ПИРОТ! Паника на автопат: Камион се враќал рикверц, облак од амонијак „ГОЛТА“ се пред себе

Отровен облак од амонијак синоќа со голема брзина се ширел на автопатот кај Пирот, кога воз што го превезувал овој отровен гас излетал од шините. Луѓето и возачите кои се нашле таму панично избегале.

Во возот имало 20 цистерни со амонијак, а најмалку една од нив паднала во коритото на реката Нишава при лизгањето, што предизвикало бурна реакција на амонијакот во контакт со водата. Граѓаните се предупредуваат да не излегуваат надвор доколку не мораат.

На социјалните мрежи се појави видео кое ја покажува брзината со која се шири амонијакот. Камиони кои случајно се нашле во близина се движеле рикверц, а луѓето панично бегале.

Димната завеса на автопатот настанала кога дошло до испарување на амонијакот, а поради неговата висока токсичност, амонијакот лесно може да предизвика труење што може да резултира со смрт кај луѓето.